Јас имам добиено такво нешто од анестезија од забар. Не знам дали беше анафилактичен, ама важно беше шок за мене. Повеќе од 4 години не одев на заболекар, зошто ми беше страв да седнам на таков стол и да не се повтори пак истата случка. Го сменив заболекарот и отидов кај друг кој многу внимава како ја става и наводно става прочистена. Муабетот ми беше дека многу размислував на тема анестезија, епидурална, период пред да се породам. Кога дојде време за породување на докторката и реков да ме известува до кога имам можност за царски, до кога епидурална. За царски кога прашував (зошто сеуште неодлучена страв ми беше) дојде анестезиологот и кога го прашав за проблемот со анестезија од заб и дали ќе се јави општо некоја непожелна реакција ми рече дека тоа нема врска со анестезијата за царски. Мене не ми се допадна ниту одговорот, ниту анестезиологот. Сонлив беше, па и лигавење до бесвест - не ми се допадна како лекар никако. Сама бев во собата и си размислувам: На овој не му го доверувам мојот живот. Ако моето тело појавило реакција на таа локална анестезија, што ќе се случи на уште појака, а сега одговарам и за друг живот. Решив да родам природно. За среќа немав никакви страшни болки и многу лесно родив.
Сите ординации задолжително мора да имаат антишок терапија и кислород со маска. Јас работам во помала ординација што има антишок терапија, ама немам кислород со маска. Газдиве не се замараат, ама јас си знам со кој страв боцкам. Особено зашто сум сама, а потребна е брза реакција. Само ќе речам не дај Боже. Реално, најчесто во стоматологија, како што сум информирана од продажните агенти се користи анестетик кој што има ептен минимален ризик од алергија, артикаин. Ама пак нема гаранција, за жал.
Ќе ви кажам една случка. За зафат кој се вика трахеотомија Колешка на работа која пред се е алергична на многу работи меѓу другото и на мед. Части колешка некои колачи за слава ги правела со мед рецептот,и ние си се послужуваме на пауза уз кафе при тоа да не напомене дека има и мед во рецептов. Колешкава си јаде, икога отече луѓе за неполни 30 минути абе и се изобличи фацата.Иние со слушбена кола правац државна,женава се гуши помодре ние незнаеме каде јас викам на ОРЛ Како и да е протокот на воздух иде низ душникот. И се погоди еден доктор врв Борислав Гогушевски му го памтам и името и у сала ја внесоа и ја засекуваат под вратот и така се спаси жената.
Јас сум исто така алергична на мед. Никој не барам да памти за мене иако работам долго време на исто место секогаш прашувам за домашни колачи. Не е тоа темата ама реално таа што донела воопшто не е виновна што колешката не си прашала пред да проба. Засекувањето и јас го знам како постапка. Барав да го научам за не дај боже иако не е моја гранка. Такво време е дојдено што мора општи работи да се познаваат (не зборам за засекување туку за прва помош било каква ). Извинете за оф топик.
Во право си и јас секогаш прашувам без разлика дали ќе донесе некоја колешка,на гости или слава имам и јас алергија на многу билки па не пијам секаков чај,колешката моја во никој случај не е виновна од кај да знае дека оваа е алергична.
Офф топик е можда , ја се извинувам. Чисто да знаете заалергија на било што, 100 пати може да примиш анестезија и да не ти е ништо, 101ви пат да си алергичен. Така да нема правила, нема потреба од паника и тензија. Знам, после сите вакви случки сите сме ете исплашени, бидејќи може и нам да ни се случи, нормално е. Сакав вчера да го пишам истото што и @Bridget, во последно време стана тренд со целосна анестезија на закажано. Јас ја избегнувам и на забар. Но кога се мора-се мора. Не кога СЕ САКА! Најлесно е, те успиваат, не осеќаш болки и сл... Немам родено немам право да зборам, но јас така размислувам. Чим порано раѓале по 7 деца со бабици, нема потреба од страв и пред време барање целосни анестезии, царски а можело и природен пат да биде. Пак ќе речам, не ми судете, само така размислувам.
Отсекогаш имав ист став а сега само ми се потврди. ПЕрење пари. И по вести секогаш ги оцрнуваат државните клиники као најголема смртност имало на бебиња и родилки...ДА има...ама знаете зошто, зашто сите приватњаци таму ги праќаат тешките случаи, за да не им се оцрни реномето. Све за пуста пара бреее...Тешко на семејството, тешко на бебето, а најжално е што по борба со стерилитет конечно се случило да остане трудна и никогаш не го фати во свои раце своето чедо.
Јас прв пат слушнав дека може да си одберат родилките со каква анестезија.Мислев приватните одамна пораѓаат со спинална во сите случаи освен при проблем со рбетот, барем во Плодност така беше. Мене никој не ме праша како сакам. Гледам има вест дека починатата потпишала сама, ама не знам како дозволиле ако немало проблем за примање спинална. Не знам дали има официјално известување од Санте, сигурно нема цела вистина за тоа што се случувало да излезе во јавност некогаш, а факт е дека жената за природен пораѓај се спремаше. @Annath порано немав страв да поправам заби без анестезија, некако после пораѓај помал праг на толеранција на болка имам и баш последниот пат стоматологот ми искоментира зошто почнав да барам анестезија. Нареден пат ќе ми е страв да побарам после се што прочитав деновиве во врска со анестезиите.
Не споредувај со порано зошто далеку сме од тогаш. Стерилитетот земи го за пример колку е зголемен процентуално. Женава ако добро памтам ивф била со претходни неколку спонтани (ако грешам нека ме поправи некој). Во такви случаеви бременоста од старт се смета за високо ризична и редовно на крај се препорачува цезареа.
Прочитав дека бебето е во стабилна состојба што е одлична вест. На државно е бебето или во Санте? Мене ме занима дали Санте се изјаснија за ситуацијава? Со тие фотки од сестрите со бебињата што ги објавуват на фб оставаат впечаток на многу несериозна болница. Жално за фамилијата и за бебето.
Точно, за ИВФ се препорачува цезареа поради доста ризик фактори, пред сè и самата терапија што постојано се прима до крајот на бременоста и после породувањето ако е потребно. @forumce мислам дека бебето е на ГАК, ако не сум грешка. Кај и да е, само да е добро.
Јас колку што знам не може бременоста да се смета за критична само затоа што е ивф и да е стандард процедура -царски во овие примери. Многу жени се породуваат природно без разлика што зачнале со ин витро, затоа што немаат никакви компликации пред породување. Зошто се препорачува царски на секое, не ми е јасно.
Зависи колку спонтани имала. На колега жена му сакаше природно и не беше третирана како ризична бременост зошто немала спонтан само неуспешни ивф имаше.
Па и во тоа не гледам врска, колку и спонатни да си имала, ако на крај до 9ти месец носиш бебе без никакви компликации, зошто спонтаните од претходно би имале некаква улога? Може има, нека објасни кој знае. Инаку да, разбирам дека после долга борба за бебе и конечно една успешна, секој сака на сигурно да оди верувајќи дека со природно може да се искомплицира, а вака веројатно им изгледа посигурно, ама за тоа треба да едуцираат докторите малку повеќе. Дали има вистина потреба од страв од природно после ивф, колку царскиот е посигурна опција и дали секој пример треба посебно да се разгледува или да се стави за сите исто.
После 3-4 спонтани мислам дека автоматски ти даваат прогестерон за подршка. Јас иако со еден спонтан бев пак ме боцкаа зошто имав сокрвица иако се испостави дека не е од матка. Царски НЕ Е посигурна опција но ако природно има повеќе ризик за бебето царски има повеќе ризик за мајката. Веројатно ради тоа повеќе бираат цезареа. Да не зборам од туѓо име, јас немав избор баш иако до 33 недела сакав природно испадна дека немам избор.
Ги потпрашав докторите тука што мислат за случајот, никој не може да каже 100% што и како би било кога би било, ама според нив од анафилакса е скоро невозможно да се врати човек. Посебно без доволен број на луѓе кои би работеле врз него. Анестезиологот бил сам, немал ни сестра анестетичар. Според нив, во таква ситуација шансите на човекот да преживее се поголеми ако има повеќе доктори (анестезиолози), кои би имале прилика повеќе работи да пробаат. Сам доктор не би можел ништо да направи. И сите лекови за спречување на смрт во ваков случај биле скоро бескорисни, затоа што телото на човекот повеќе не реагирало на ништо. Кај нас имало случаеви такви, мислам дека и раскажував за еден, кога хирургот не успеа ни да го допре човекот, веќе беше во кома. Нема шанса да предвидиш анафилактички шок, реално, можеш 100 пати да примиш пеницилин, 101 пат да реагираш. Знам за доктор кај мене кој на сред пеницилинска терапија изреагира (значи 5 дена веќе примал инјекции, 6тиот ден се јавил проблемот). Не знам што да кажам за моментот со трансфер на КАРИЛ, зошто таа болница воопшто работи операции ако нема интензивна нега, зошто нема доктори... никаде не е анестезијата 100% сигурна, можеби женава никаде немало да преживее, ама целиот момент на еден сам доктор (кој не е ни вработен во Санте, туку на КАРИЛ), ми е матно. Како е возможно тоа, еве не знам. Инаку, кога новороденчиња се префрлаат на Клиника за да лежат во инкубатор, тоа е затоа што е прескапо лежењето во Систина на пример, и родителите сами така одлучуваат. 150 евра и нагоре е ден во инкубатор.
Многу убаво кажано некогаш сами си пресудуваме, не ми е јасно како пациенткава паднала под влијание на санте плус да иде на царски.... таа сакаше на придодно дефинитивно, како е убедиле не знам .... па мајката нејзина која е докторка во кичевската болница има четири деца (четири сестри се) од кои покојната беше стоматолог, другата сестра фармацевт работи во австрија, другата мислам на онкологија во државна работи, најмалата уште студира медицина, таткото санитарен инспектор (епидемиолог) фамилијата има приватна лабараторија во кичево.... сите до еден цела фамилија се врвни лекари. Значи сите се упатени и запознаени од секоја бранша на медицината, и од медицина да си умреш е стварно голем парадокс.