Не знам јас зошто постојат пешачки, семафори, ограничена брзина во град. Нека газат слободно луѓе, нема потреба и полиција да се вика, ни ништо. Па каков притвор, затвор, никако. Можи награда да добијат за изгазен човек.
Па еве да речеме не е со мајка му во моментот де. Не за џабе стои знак пред секое школо да се внимава уште повеќе. За деца се работи.
Да, има пешаци што се криви. Не зборам за случајов тука зашто не знам што точно се случило и не сакам да клеветам мртов човек. Ама јас кога и да излезам со мое друштво, возрасни жени веќе толкави, трчаат преку зеленилото на булевари додека имаат пешчки на еден метар.Зошто, зашто ги мрзело да отидат подоле. Те молам, деца мали се па да не не сфаќаат? Имам и една друга другарка, не гледа лево десно пред да премине улица, туку едноставно она си оди директно напред. Секој возач е и пешак, тој што е несовесен возач не може да биде совесен пешак.
кај школо автоматски се вози не повеќе од 30. знам дека го знаеш тоа. на ваков булевар ко гоце делчев ако возиш 30 може и казна да добиеш за кочење сообраќај и со 50 што е градска вожња касно е чедо божјо ако старион скокнал пошто не ја видел.... не дај боже да ти се деси... џабе е се потоа.
Онде кај Зелен пазар трчаа како муви без глави пензионериве до лани, секоја втора трета недела по една мува беше пљас па после им ставија столбчиња, сега тие што се повити ги прескокнуваат столбчињата, другите кружат и така, треба и на бит пазар така да стават столбчоња, да не може кој каде сака да поминува, и лежечки полицајци да има.. Бтв, кој сака од студентите да одиме заедно на протест во недела нека ми пише за да се организираме да одиме заедно..
Дека посочи дете кое не знае правила во сообраќајот, а тоа мора да е многу мало дете кое не треба само да шета, па затоа така пишав. Нормално дека треба да се внимава секаде и да се пазат пешаците.
https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...bX1HeITPEyOM0HsDE0BzfuCmY8Bd9x2GiFhCQVPYqQ7PE Значи секој може да е пешак (жртва) ама и секој може да е возачот (убиецот). Некогаш кога ќе се замислам премногу осудуваме а не сме во кожата на тие кои во моментот се учесници на несреќата. Успат да напоменам и јас бев жртва на сообраќајна незгода пред 15 години. Без разлика кој каде се наоѓа на местото на несреќата отворете 16 очи и внимавајте. Дали пешак или возач ВНИМАВАЈТЕ!
Е па еве 10 страни вртам не најдов такви клетви. И затоа не разбрав кај гледаш клетви зошто праша Пак ли почнавте со клетви. Ок, сеедно, секој гледа тоа што го мисли
Па подобро казна за кочење на сообраќај отколку да не ме фаќа сон до крајот на животот. Па што има врска дали е мало или големо. Дете е тоа, колку пати се случува да претрчаат преку улица од х причини, без да погледнат лево десно.
Зборам за клетви на ФБ, пошто и се спомна тука, мислам и ти спомна дека сега слабо за случајов се крева галама за разлика од прошлата недела. Инаку пишав пак почнаа со клетви , грешка моја што не нагласив дека е за ФБ.
Возачот не одговараше веднаш затоа што имаат подебели врски и се повлијателни од нив. Оваа сигурно ќе си лежи. Ова им е како кец на десетка после маж и и нејзе ќе ја замолчат, веќе неможе да скока и да се буни. Од друга страна, иронија на судбината е бидејќи таа се бореше за правда за убиство, за да на крајот и таа да убие човек.
Незнам кој е одговорен за таа струка ама толку ли немаме кадар да може да се поставе полицајци и да се зголеме безбедноста или нека стават лежачки шо толку филозофија.
За твоја информација, кај зелено пазарче е сосема легитимно да се помине улицата, колку и тоа да ви звучи чудно. И мене ми беше ама... од двата семафори има повеќе од 100м растојание, а според законот за сообраќај (кој верувам го знаеш, бидејќи нели си шофериште) ако растојанието е поголемо од 100м до најблискиот семафор, пешакот има право да ја премине улицата. А оваа улица нема жардињери на средина ниту пак некакви други пречки. За денешнава „несреќа„ дури и да не поминал пешакот на пешачки, туку да „и се фрлил„ пред возило, повторно не би требало да е сериозно повреден доколку возачот се придржувал до пропишаната брзина
Не се ни обидувам да читам такви коментари. Ем све неписмено, ем пола од тие не ни знаат правила и прописи а не па да возеле, ем само очајот од дома го отсликуваат на туѓ грб.