Мене така еден со двете дечиња бев, со количка и со поголемката за рака, на зелено за пешаци, на пешачки. И тоа јас расприкажана на ќерката и објаснувам како безбедно е да се помине кога човечето ќе светне зелено, па го чекавме, да се уклучи, тргнавме, и пред нас си тера еден на пешачко зелено, и тоа не одеше бавно. После во локална група на фб пишав за случката, и се пронајде тој одма ми пиша... демек малку сум драматизирала, јас имав време да застанам и да реагирам, не возев брзо, ама извинете ако ве уплашив. Викам, не ме прај малоумна, ти правиш прекршок, на зелено за пешаци поминуваш, не застануваш, па уште прав се правиш а јас демек се плашам непотребно. Го подбрав така, се извини, и се надевам не прави повеќе така, мада што знам.
Џабе е да објаснуваш, дете учи од тоа што гледа.. Пример, џабе ти ако го учиш да поминува на пешачки на зелено, кога со баба му или дедо му претрчува било каде..
Не беше проблемот детето, ни баба му ни дедо му, туку возачот што не застана на пешачки со зелено пешачко светло да пропушти мајка со две деца, мангупот пред деца се измангупи. Да му дајме бонбонче за награда!
Да тоа јасно, ама не можеш да му објасниш на детето како треба, и да му објасниш, ако пред негови очи некој прави спротивно, нема да те сфати здраво за готово..
Јас нигде не прочитав дека членката рече дека децата претрчувале сегде со бабата и дедото. Зошто си вадите муабети од памет? Коментаров ти нема врска со пишаното на @jacqueline.s
Поминувам денес на пешачки кај железничка, нема семафор таму, и пријатно бев изненадена што дечкото, на околу 20 години беше, ми застана да поминам, јас стојам и него го чекам да помине, он стои и мене ме чека да поминам, и само ми направи со раката као ајде, и поминав..
Во врска со протестот во недела, прочитав дека ќе има организиран превоз Радовиш-Скопје-Радовош. Се прашувам зошто само Радовиш, што е со другите градови? Разбирам дека Радовиш е градот на Викторија, но, овој протест не е само за неа. Да, потикнати сме од последната трагедија во која се најде токму таа, но целта на овој протест е да се подигне свеста во сообраќајот. Да се натерат учесниците да ги почитуваат правилата, зошто во спротивно ќе продолжат трагедиите во кои се загрозени не само пешаците, но и велосипедисти, како и самите возачи. Денот како ден е супер изберан. Баш кога повеќето се слободни и сигурна сум дека со организиран превоз, ќе дојдат далеку поголем број на луѓе.
да бидам искрена и јас така минувам улица иако сум на пешачки и имам предност. Додека не застане колата не можам да поминам. Посебно ако сум со децата.
А што е разликата што она не е во притвор, мислам разлика во делото? Некој правник да објасни? @BoaVista
А што има врска ако бил стар човек? Баба ти и дедо ти не заслужуваат да живеат? Животот на секому му е мил.