Па што знам, пример јас да сум попрво би дала притвор на некој што изгазил дете на пешачки и поголема казна, него на некој што изгазил некој стар што трчал кај што нема пешачки.. Мислам, ваљда вака размислува судијата кој одлучува за тоа дали ќе даде притвор или не, тука не е прашање дали некој заслужува да живее или не, туку самите околности.
Не сфаќам што сакаш да кажеш На видеово од Сител се снимено пешачи како поминуваат на сред булевар кај зелено, воглавно постари луѓе.
Па пошо кога возачи удираат луѓе се вели Абе на секој може да му се деси, ете не внимавал, не видел дрн дрн. Кога пешаци вака минат тогаш се злоба најголема
Поентата на видеото е дека благоречено немаме сообраќајна култура, од возач до пешак. Членките коишто го пишаа тоа дека на секој може да му се случи, најмногу мислат на вакви ситуации (барем јас така ги разбирам) во ситуации како на видеото, кога ќе настане несреќа, а пешакот си поминува на сред булевар како да го ослободил градот. Секојдневно сме сведоци дека вака се поминува улица, ја прескокнуваат таа оградата кај Зелено пазарче, минуваат низ зеленилата измеѓу булеварите. Е за некој од таквите пешаци може и мал удар да биде фатален, па кој е виновникот тука, возачот на суд ќе има олеснителни околности. Значи секоја несреќа има своја приказна со две страни и не секогаш возачот е крив, а и пешакот не е секогаш чист како солза, како што првиве знаат да лудуваат и да ја загрозуваат околината, така и вториве некогаш свесно постапуваат неразмислувајќи за последиците.
Ама и во случајот со Викторија кај што возачот си е апла крив се вели истото- дека на секој може да му се случи.
Убав гест тоа што ќе има протест, но тој протест мора да има цел и да нуди решенија. Дали ќе се излезе со конкретни барања и решенија со јасно поставен правилник на реализација на истите? Без тоа е само трошење на нечија слободна недела.
Протестот е израз на револт исто така. Тебе ако не ти се "троши" слободната недела, не доаѓај. Како што некој претходно рече, ќе се лутат кафепијачите низ градот дека е блокирано и не можат да поминат. Системски промени не се случуваат преку ноќ и со едно искачање на улица. И зошто не упатиш прашања до организаторот, ако имаш веќе идеја како тоа треба или сакаш да изгледа? Триста маани ќе најдете само за да имате аргумент зашто нема да дојдете. Ако не не убие кола на пешачки, креветизмот и хоризонталата сигурно ќе не докрајчат.
Затоа што очигледно не се исти случаите. Упорно верглате едно исто. Не знам што не е јасно. Хинт: Годините немаат врска.
Двојни аршини се во прашање тука, за некого судството е мајка, за друго маќеа. Убаво кажа некој, бесот за сите случаи порано, врз Јордан ќе го истурат поради тоа што јавноста се крена на нозе за тој случај..
И онака ќе лежи, барем ќе му го одбијат тој период што лежел во притвор од вкупната казна на крај кога ќе ја добие..
Некој од овие што се поупатени погоре кажа дека кога од старт се определува мерка притвор, после тоа многу тешко е да помине без казна, дали затвор, дали некоја друга.