Џабе снимаат, дури и кога има несреќи никој нема пристап до нив. Има случаеви со избегани шофери од сообраќајки и никогаш не се фатени бидејќи овие не ги даваат снимките. Скоро сум сигурна и дека закон намерно не се менува да може во коли сите да имаме камери бидејќи тогаш ќе мора да работат нешто.
Нема капетан на бродот што тони!! Ако самите не побараме измени ќе тонеме уште повеќе а откако се спомна протестот слабо активна темата некако... Ако барем малку ви значеа овие 331 испишани страни и одвоеното време, верувам секој може да одвои и за протест. Од некаде мора да се почне..залудно после ќе се жалиме. До нас е... се надевам се гледаме на протест!
331 страна не е испишана за сообраќајки туку за разна црна хроника . Насловот се менува во зависност од најновата случка.
Според мене најдобро би било да се постават камери насекаде како во секоја метропола. Камерите можат да помогнат многу за секаков вид на прекршок/ криминал, поготово за сообраќаен прекршок, кражби. Пр кога ќе возиш над дозволеното, нема застанување и карање со полицаец па вртење по тел, туку со помош на камерата по пошта на адреса еве ти слика плати си казна. Кога ќе удрат по џеп два/ три пати ќе се размисли малку како вози. За нас девојките уште посигурно од разни манијачишта шо си покажуваат полов орган у сред бел ден итн. Нормално за да функционира тоа МВР треба да си загрее столчињата и да работат 24/7 , а не да си се шетат низ ГТЦ и да си бркат приватна работа за време на раб време.
Леле овде купишта деца од Економското во чопор претрчуваат наваму натаму постојано, и не само они. Страшно.
Протестот е организиран во знак на револт и почит кон Викторија и сите жртви на сообраќајната "култура" во државата. https://www.facebook.com/events/459349008965154 Не е тешко еден гугл да се удри.
Две недели се пишува на темава се колне се прават анализи.На протест само 50 луѓе од Радовиш.А паркот гледам на слики фул си крца.Нема да не биде уште милион години.И мислам дека е доволно пишување на темава,гледам колку сме сите засегнати.Додека не осетиш на своја кожа ништо не превземаш.
Дома сум,не ми е добро,лежам.Еве не е никакво оправдување ама јас цело време зборам во множина.Се контрате тука две недели кој е во право,па ајде протест нека има и сега кога има никој не излегува.Сега оправдување ти е ти не беше зошто јас да одам?
Беше ти и уште 49 луѓе.Кажав не излеговме само јаки сме на тастатура.Во ред ли е да нема народ за нешто што сме засегнати сите?
Сега на Канал 5 кажаа од 69 сообраќајки со смртни последици, дури 39 завршиле со условна осуда. Страшно.
Не се. Ако за времетраењето на условната казна направи преркшок, тогаш треба да оди затвор. Јас вака ја разбирам условната. Нека кажат правнициве?
Оо да бе, јасно.Кога си на условно, на слобода си, ама при прва грешка, свириш на клавир.Така @BoaVista @Hotwife @Luciferka ? Браво за нашада држава Навистина браво