Не се. Условна осуда е на пример во рок од 6 месеци или година да речеме, да не го повтори делото. Ако го повтори тогаш ќе оди во затвор...
Аха Епа може нешто друго Со пиштоли со ножеви Ти ебам државата Дајте бе ова судииве да ги смениме Има ли начин
Срцето ми се искрши на милион парчиња денес. Најтажен протест на кој сум била, уште не можам да се соберам. Имам многу што да кажам за ситуацијава со протестот денес, ама друг пат.
Сеа кога пројде, џабе да се пребројуваме кој бил, кој не бил. Си знаеме дека сме галамџии, и отприлика толку квалитети не красат.
Не е битно чоек. Солзите на мајката се доволни. Ич не е битно колку биле. Страв ми беше да одам да не е од оние "мирнине" протести. Ама гледајќи го видеово ... ова е пострашно од таков протест.
Беше најавено и објаснето дека ќе биде мирен протест во знак на револт. Ако видиш неред, се тргаш настрана, влагаш у Сити Мол и готово. Ама, тоа е.
Прашањето го поставив затоа што прстот секогаш го вперуваме во некој друг и си наоѓаме оправдувања за нас.
Да де, се сложувам. Ама ова мене ми е доказ дека сепак, ние сме причината зашто системот не функционира. Ништо не ни е доволно важно да не мрдне од комфорот. Чак ни споствениот живот.
Во најголем дел од случаите кога некој се мангупира при возењето, обично настрадува некој друг, а не тој што ја предизвикал несреќата. Животот на Викторија го уништи Јордан, а за тоа што на Јордан му е уништен животот крив е самиот.
Беше? Јас едвај се соземав од плачење. И друг од темава беше некој? Луѓето имаа организирано превоз, бесплатен. И само волку народ. А протестот беше најавен како мирен. Немате изговори. Ама најгласни сте по социјалните мрежи. Солзите на семејството не ми излегуваат од глава.
Бев. Без луѓето од Радовиш кои дојдоа специјално, дали бевме 30 души од страна. Солзите од семејство за жал ги чув и видов во живо и еве не можам да се соберам цел ден, додуша случајов со Викторија ме удри многу силно, буквално не ми искача од глава. Е сеа, кога малку ми стивна, да си се изнапцујам по ред. Прво, до госпожата што на неколку метри од мајката која плачеше по своето чедо искоментира дека и било доста од протести, што сме ја блокирале улицата, не врвеле автобуси, не можела негде да стигне. Имаше среќа госпожа, не сакав циркуз да правам и јас да бидам у центар на внимание иначе ќе те нокаутирав. Сериозно ќе добиеше бокс во фаца, смачено ми е да сум the bigger man и да бидам културна со такви дибеци нелуѓе. Пичка ли ти матер недоделкана, безмозочно, неемпатично, идиотско суштество. Второ, до тие што у Тренд од карши си сркаа кафенце лаганица, и тие горе на тераса ко на опера што си беа седнати. Срамота и гревота е на таков протест да стоите од страна и да коментирате како тетки на чешма. Не беше театар тоа а вие публика, тоа беа луѓе што изгубиле некој близок. Трето, сите оние кои ми кажаа дека ќе дојдат, а не дојдоа. И тие што се најгласни по фејсбук, фемина, твитер, инстаграм и останати социјални мрежи, а нигде ги нема во живо. Срамота. Само толку ќе кажам.
Ова со Викторија многу ме потресе. И нема оправдување дека возачот си го расипа животот и други такви срања. Семафорот светел жолто што значи тоа? Нели има положено, му дале кола и то џип на 21 година, па и уште претекнува кола која застанала на пешачки да пропушти пешаци. Не е ова небрежност ова е умисла. Ако возиш по сите правила и прописи со 40-50 км на час ти некој ќе го чукниш, нема да го убиеш, нема возилото онака да изгледа. На она адвокатчето негово што го брани имам да му кажам да беше негово дете ќе даваше онакви изјави? Или важно ти си ги лапна парињата па ќе кажваш како не излегол од колата бил во шок, возел со 40, и заради притисокот од медиумите добил 30 дена притвор абе марш таму... Толку гнев во мене оддамна не бил насобран. На секој можи се да му се случи али од овие мамини татини стварно ми е смачено. На ти кола па изигравај јако маже по скопските улици вози со 80,90 не пропуштај пешаци... Заслужува да си добие максимална казна за да биди пример за другите, од негде мора да се почни оти ние немаме никаква сообраќајна култура. Жално за загубениот живот, тоа никогаш нема да се врати. Знаејќи го нашето судство ќе го осудат на минимална или условно и маминото детенце ќе си го тера животот за разлика од Викторија.
Да така условната осуда се изрекува во траење од 6 или 12 месеци и тн во тој период лицето е на слобода и не смее да стори ново дело за кое се изрекува затвоска казна. Доколку стори ново дело има можност да биде одредена затворска казна но и тоа не е сигурно.