Tragedija. Mora da se stavi kraj na diveenjeto po ulicite. Unisteni semejstva. Ako treba policaec na sekoj peshachki premin, golemi kazni I odzemanje na dozvoli I koli koj vozi brzo. Ne znam, nemam zborovi.
Имало 22 метри траги на кочење до ударот. 22 метри траги на кочење и не успеал да закочи за да не ја удри. Се укажува на преголема брзина.
22м кочел? Па немало ниту снег ниту мраз на патот за да не може да закочи. Застанал дури на другиот пешачки премин каде што било исфрлено телота на Вики. Да ги видел ќе закочел на време. Толку бил залетан што ниту тој ги видел ниту тие него го виделе.
Кај се сега тие што го бранеа ѓубрево?Овој мора да лежи затвор..22 метри да не можеш да закочиш..Он летал.Може да проба сеа од затвор од спрат да лета
Не можеш "ненамерно" да возиш брзо кога свесно ја контролираш ногата на гаста. Не можеш и ненамерно да заобиколиш пред пешачки кога ти гледаш со твои очи и го вртиш воланот. "Не е крив" ќе речам ако пред хауба му излегол некој или пешакот стоел во слепо поле. Случајов што го дискутиравме не вклучува фрлање пред хауба, ниту слепо поле.
@emigrant е баниран привремено од темава, мислењата му се избришани и тие што се надоврзуваа. Ве молам само пријавете пост без притоа да одговарате зашто секако ќе биде избришано.
Во моментот се возам во такси на партизанска во Скопје. Млада девојка/жена во најголема гужва во Мазда вози и пишува на мобилен.. Ама онака лангзам, како да е на отворен полигон. И после несреќи.. е несреќи.
Еве сега на вести гледам и се чудам. Велешанката што си го убила мажот полицаец во самоодбрана, пијаница, со кривични дела во минатото (згазил деца, возел пијан, ја тепал сестра му), ја судат за убиство во миг, од една до пет години затвор. Значи дури и во самоодбрана некого ако убијам, ќе го лежам. А исто така не сум сакал, само сум се бранела.
Ама различно е убиство на миг и нужна одбрана. Овде обвинителот бара да ја гонат за убиство на миг, затоа и казната е од 1 до 5 години затвор. Кај нужна одбрана може и да се ослободи од казна. Затоа е многу битна правната квалификација на делото. Ако го квалификуваат како убиство на миг, ќе оди во затвор, а ако го квалификуваат со нужна одбрана може и да се ослободи од казна. Исто и кај сообраќајките. Ако правната квалификација е со умисла, минимумот е 4 години затвор, а ако го квалификуваат од небрежност може да помине и условно.
За девојчето што си го уби својот насилен партнер не треба никаква казна. Баш треба да биде за пример како се борат жените и дека не треба никоја да трпи насилство.
Тоа е и замката мислам, или проблемот со квалификацијата. Тој што "треба" да се ослободи од казна за стореното дело, се извлекува на квалификација на истото. А како е овој случај убиство во миг, а не е нужна самоодбрана, не сум правник, ама стварно мислам дека е крајно педерски, не знам како поинаку да се изразам. Еден човек сто души ќе малтретира и никој ништо не му може. Само гласно размислувам.
Затоа и пишав, мош сум оффтопик, ама се запрепастив. Па треба награда да ѝ дадат и да се испита работата на институциите, а особено МВР да се преиспита на каков човек му дава оружје во рака.
Кај нас пријавуваш дека те малтретира ама немаш видливи докази рани, модрици, ти викаат немаме доказ. И после имаш апсурд- жена утепана од мажот кој ја малтретирал со години.
Па имал веќе две условни казни за тешки дела, само останал да работи во МВР зашто биле условни казните. Велес не е Њујорк, сѐ се знае и дознава, и да сакаш и да не сакаш. Не ја малтретирал само неа, шест деца собрал на тротоар возејќи пијан и со сестра си се пресметувал за наследство. Сега да објаснат институциите зошто условни казни за таков насилник, а затвор за жена што се борела за својот живот.
Кои институции? Истите тие што му дале условна сакаш да ја бранат жената? Оффф.. Банана држава. За еден мајка за друг макеа.
Пострашно е што обвинителката праела реконструкција и ги соочила оштетената и болниот.. Ја не знам..жими се се молам да смислат онакви топки као што има на надувување и можеш да влезеш?Не знам како се викаа.Епа такви од тешка арматура и со нив надвор кој пешачи. убаво му направила, јас да ја видам силно ќе ја гушнам и рацете би ги ѝ бацила, спаси држава од такво ѓубре.Бар едно ѓубре помалце Мора да превземеме нешто
Поминував баш од таму прееска. И уште не ми е јасно кој талент треба да има некој? На таа раскрсница што е таков чвор да стално е закочена, некој успеал да вози толку брзо за да удри дете?
Вчера за малку ќе бев удрена од возило раководено од една жена со околу 50тина години, светла зелена боја е возилото, на улица Аминта трети (Мислам дека така се викаше), баш кога излегуваш на главната, пред парк. Другото возило од едната страна беше застанато, а оваа беше зад него и го претица да излезе, во последен момент закочи иначе немаше тука да го пишувам ова. Ахх камо лесно да можев да паметам таблици.. Се повеќе и повеќе мислам дека намерно го прават ова од кеиф и оти им се може, а казните знаеме како стојат во МК.