Под ризик за бан, ама ќе пишам. Ти требале повеќе сесии. Буквално рефлекс е да се браниш додека некој сака да те убие. Сепак инстинктот да преживееш преовладува. Што предлагаш да прави во тој момент? Буквално само да дреме и да чека да умре? Според твојава логика, крива е што била со насилник воопшто. Ајде ќе речеме девојката има генерално тотално лоша проценка у животот. И значи според тебе за таква грешка што? Треба да плати со живот?
Не бе, затоа за неа епопеја и епитаф напиша а за него ништо. Кога сте страшно мизогини и шовинистички настроени од месечина се познава, како да ти кажам.
Која ти е поентата со ова? Ете ти си се справила со манипулаторот ама и претходно потенцирав дека тие луѓе можат многу лесно да изманипулираат и дури и да предизвикаат жртвата да се чувствува виновно, а насилниците и манипулаторите да се во право. Од каде знаеш ти дали можела да избега и што требала да прави во моментот? Пријавувала неколку пати. Ало девојко, го знаеш ли случајот или само вака глупости збориш? И мене ми се гади од луѓе што само вината ја бараат во девојките и во жртвите.
Јас сум таман, фала богу. Тие како вас што навредуваат без да познаваат некого би требало да посетат! Човекот се знаело пред тоа дека бил насилник, немормален психопат, поради тоа и ја гледам кривицата у нејзе што у опште почнала нешто со него, а и веќе после првото насилно понашање зошто и продолжила. Знам слична случка од комшии, но жената знаевме дека нема брат и татко да ја заштитат, а полицијата исто како во овој случај не превземаше ништо. Па поради тоа ние комшиите и нејзини роднини и помогнавме да се извлече од сето тоа.
Млада била и неискусна, сама, немало кој да ја заштити, системот го бранел криминалецот наместо жртвата. Дечко ми ми кажа дека учеле заедно во основно школо, многу мирно и повлечено девојче била..
Да да, од исто село сме кое има 200-300 жители, па им го знаеме минатото на луѓето и крвната слика од претходен месец. Не сте биле во нечија кожа и не можете да зборувате. Има многу повеќе од вашето гледиште на работите. И јас знам дека има психијатри и психолози, и сум за тоа, сум била за други работи, ама не се сите исти. Сум се тргнала јас да, ама не секој може и причините се различни, многу подлабоки од муабетов наш тука. Јас си знам како сум успеала само. Човеков бил пријавуван, зошто не се постапувало по пријавите е прашањето уствари? Зошто наместо да се постапело по пријавите и да е човекот во затвор со забрана за приближување, денес он е таму од каде нема назад? Правда е ова и крај. Не го менувам мислењето. Не ги врти зборовите као ние правдаме убиство, никогаш не би оправдал некој убиство, не познавам таков човек. Ама ова е сосема друг случај, бидејќи е самоодбрана. Нужна самоодбрана.
И пази, бил полицаец. Никаде не ти текна да се запрашаш зошто таков, општо познат човек работи како полицаец? Не ти текна натаму да ја бараш вината?
Се ми е јасно мене. Предатор полицаец брка млади девојчиња, пошто немаат толку животно искуство. Потоа ги малтретира, тепа, заплашува, манипулира. Ќе сакаат да избегаат, ќе им се закани. Ќе соберт храброст да пријават, џабе. Институциите глуви, поддршка од народ "шо мислеше ко се фати со него, сега умри" никаква. Јбг, останува само да го убие или да умре. Ах, го заборавив психологот кој ќе ја советува да пријави во полиција.
Знам како е во Мк и по помалите градови исто како и по селата, секој со секој се знае. За другото не сакам да се повторувам пишав доста. А за тоа што викате дека е нужна самоодбрана во право сте, но пак е извшен чин на убиство!
И за ова со Павлина и случајот со Јордан, едно знам, дека двете пресуди ќе се донесат под влијание на јавноста, и Јордан ќе биде осуден со највисока можна казна поради притисокот од јавноста, и Павлина беше ослободена од пресуда поради влијание на јавноста.. Нашето судство почна да носи пресуди според тоа како е случајот коментиран од јавноста а тоа не е добро, нема непристрасност тука..
Би сакала да е така, но се плашам пресудава да не е вака донесена поради дупките во системот и забушувањето на полицијата и службите. Ако не се чепне и таму да се види каде затаиле службите, нема да верувам дека јавноста одиграла некоја клучна улога.
Mило ми е што ја ослободија, но и јас се прашав што бара девојка од 23 години со човек на 40 години. Плус била со години со него. Од колку години е со него? Од 15, 16 години? Кај биле родителите? Прво ми падна на памет дека била од сиромашно, дисфункционално семејство, па се залепила за манијак кој е далеку постар од неа. Можеби ќе беше поправедно да ја осудат 2-3 години затвор. Вака тотално е амнестирана. Сепак одзела живот.
Конечно да видам еден коментар, на членка која што не е “феминистички настроена” како членките од претходните коментари, што вината ја бараат само кај мажите. Потполно се согласувам со се што напишавте!
Може имала мака, може била глупава, наивна, сиромашна, па се залепила за некој кој и продавал бајки и испаднало дека не е така. Но, оваа ослободителна пресуда може да поттикне утре некој лесно да посегне по нож, секира, и да се брани со фактот дека било во самоодбрана. Како и да е, одземен е човечки живот, без разлика каков и што бил, и Пале ќе си биде обележана за цел живот, само што нема да помине ни ден во затвор. Во суд нема феминизам, таму се спроведуваат закони.
Одзела со цел да го задржи сопствениот. Зошто да лежи кога одзела живот во самоодбрана? Вината се бара во насилникот, а во овој случај насилникот е маж. Типот се обидел да ја убие. Алооо, се читате ли што пишувате?!
И за потик е.Има да сфатат дека жените не им се боксерски вреќи и дека никој не е над никого.Следен пат кога ќе тепаат жена нека размислат што може да ги снајде.
Не подржувам насилство никако, но убиство исто!!! Како шо гледам со коментаров сакаш да кажеш на жените кои што се жртви на семејно насилство, наместо да побараат помош од поблиските и да бегаат колку што е можно подалеку од него, ти ги потикнеш да посегнат по нож.
Ваљда надвор од твоето немаш видено па сѐ друго ти се чини исто така лесно како твоето. Ама тоа е, немаат сите можност да размислуваат надвор од видикот, со прости луѓе нема разбирање.