Тие што се насилници по природа, верувај дека штом не ги плаши полиција, не ги плаши ни оваа пресуда во корист на Пале. Во иднина некој за нечие убиство може да се повика на случајот со Пале и ослободителната пресуда.
Девојчето нема родители, срам да ви е. Барала заштита, добила насилник. И уште крива да биде, срам да ви е! И уште има закани по живот од полицајци колеги на тепачот.
Не не карај @Cka. Ете значи сепак имала причина зошто западнала со таква врска. Нема каде да оди, не знаела што со себе веројатно. Ти како правник како ја толкуваш пресудава? И јас во прв миг си реков во себе „браво“, ама па следна мисла ми беше „на што велам браво бе, без разлика на околностите, девојчето е убиец“.
А како замислувате вие дека запаѓаат?? Одат на прв состанок, им маваат шамар и девојките се ко "ооо прекрасно, морам да го имам овој примерок". Насилниците генерално се фини додека залажат некоја жртва, која можат да ја манипулираат полесно и нема многу опции да избега.
А што е битно за народот да знае зошто започнала врска кога има мал милион потенцијални причини? За трачарење? Две работи се битни - била жртва на насилство и убила во самоодбрана. Толку. Друго нека си решаваат правниците.
И овде приказната "сама си го барала"? Сериозни сте? Знаете колку фини на изглед всушност се монструми? Не дај боже да осетите. Ни дали била сирак, ни дали барала заштита, а бре девојки и жени од семејства на интелектуалци трпат насилство. Поплукајте се во пазува вам или на вашите ќерки да не ве западне ваква судбина, па после да ве читам овде " Зашто не го оставила".
Македонче повторно со предрасуди, зошто со постар, зошто со помлад, зошто со ,,Германец,Англичанец,, и се така до недоглед. Секој има право на избор на партнер, како што ние сме со нашиот партнер од х причини така и девојката била со тој што била. Излезете од времето на 19ти век, луѓето на Месечината се качија ние уште дебатираме зошто со постар. Разликата во годините овде не е фактор што тој бил насилник, овде најбитниот фактор е што најголемата вина што дошло до смрт се институциите. Жртвата во Мк никогаш не е заштитена. Кој роднина ќе го ризикува мирот на своето семејство и ќе оди против насилник што е способен на се ? Кој комшија ќе ја прими во својот дом на одреден период додека институциите се глуви, во овој случај и слепи пошто типот е полицаец ? Извинете ама во Македонија живееме каде што на улица да ти се слоши нема кој да ти помогне, ке те гледат само и ќе поминат од кај тебе. Кога се околу тебе е глуво и слепо и се бориш за сопствениот живот секој ден не е за прашување шо барала со постар. Инаку девојката повикала брза помош и пробувала да го спаси додека дојде брзата помош.
Кога партнерот нешто ќе ни згреши не на фаќа за врат. Пуст народ одма да трачари каква била, не била нормална. Добро бе се читате шо пишувате? Девојката малтретирана, тепана, за малку ќе ја убиел психопатот, па и полицаец бил, колегите го штителе, па девојката не била нормална Не можат сите да одат во друг град, ајде пиши и држава, можи ова филм е некој и така е тоа лесно. Не ми се верува шо прочитав на форум
Баш дека сме 21 век, треба да имаме здрави критериуми за избор на партнер, и по можност да бегаме од психопати. Meне ми падна во очи кога кажаа дека „со години трпела насилство“, а таа има само 23 години. Не е работата за предрасуди, глупости, и што народ ќе каже, туку не е здраво во никој случај девојче малолетно да живее со човек кој е постар од неа 17 години, да и биде партнер, и тоа ќе го мислам и за Македонка, Французина, Германка. Дете не може да процени, оти е дете. Таа веројатно од дете живее со него. Девојчето се спаси, имаше среќа, и вакви пресуди ретко се случуваат во Македонија. Досега ми е ова прв пат да чујам вакво нешто за убиство, без разлика во кои околности се случило. PS Во нашево општество штом некој прави нешто неморално, лошо, веднаш се правда со зборот дека тој другиот имал предрасуди. Во Македонија фактите се релативизираат со зборот предрасуди. Демек во случајов предрасуди имаме што дете живеело во вонбрачна заедница со возрасен маж. Значи тоа е ок, само што нас тоа ни падна во очи не сме ние ок, ние имаме предрасуди?
Луди ли сте бе луѓе, како може да осудувате вакво нешто! Тешко на девојчево, толку само имам да кажам. Браво за пресудата! На тој идиот малку му е!
Ама да не бил виновен тој, односно да не ја малтретирал и тепал, немало да дојде до ова. Кој си го убива партнерот из чиста мира? Како и да вртеш, не можеш да ја обвинеш неа која само сакала да си го спаси животот. Ти што би направила на нејзино место? Ќе оставиш да те убие, само за да не си ти таа што извршува убиство?
А кој се здрави критериуми за избор на партнер ? Сведок сум на идеалниот дечко шо дури се срамеше муабет да прави со луѓе, од тивок по тивок, од културен по културен и на крај со свои очи ја видов девојка му претепана од него . Никој не и веруваше дека тој е способен за вакво нешто. А кој е виновен во случајот кога дете живее со возрасен маж ? Тој шо е полнолетен или малолетен ? Законот мн добро се има изјаснето за лица од +18 години - права, должности, казни и одговорности .
Го отепала, се спасила. За такви насилници и манипуланти ако ви се залепат на кожа, нема спас. Поготово полицаец да се погоди, па и системот да потфли, се ќе се забатали, никој не можи да ти помогни , ни блиските, ќе те начека ќе те претепа, цел живот ќе бидеш во страв шо се вика да излезеш од дома. Подршка за жртвите шо живеат во семејно насилство. И ако има такви барајте спас, не чекајте да се влошат работите, од блиски, од полиција или како во случајов ако ништо не се смени правдата земете ја во свои раце. Вашиот живот и среќа се најбитни од се.
Нужна одбрана. Судијата одлично образложи Гледала да се спаси во моментот, и подобро што го убила оти ќе била она мртва. Убиениот има ЗГАЗЕНО 4 ДЕЦА НА ТРОТОАР. Цели искршени у болница, оти возел брзо у град. Лудак бил.
За бившиот ме прашуваа: “Зошто се скаравте? Многу фино, културно дете е.“ Да... ептен... посебно ко ќе те кутни на земја, ко ќе ти акни некоја, ко ќе те фати за врат.
Извинете вие богињи на паметот што сте најпаметни и најпрепички па вас манијаци не ви се лепат. Ние останатите од село што сме биле глупи на 18-19-20 години лајна да јадеме. Сте имале среќа што не ве подвел никој како млади, сте имале среќа што не сте биле таргет на некој манијак и лудак. Сте имале среќа што грешките у животот сте ги правеле со мирни луѓе, а не вакви забеготини. 0 емпатија, 0 човечност во вас.
@KateKane на фб прашуваат какви врски фатила за пресудата.. Какви се бљувотини се изначитав.. Гнасен народ. И тоа од жени!!!
Сакам не само сега, туку секогаш да донесуваат вакви одлуки кога станува збор за самоодбрана. Правилно. Жената е невина.