Да не пополнував документи дента во МРВ за вадење на нов пасош, не верувам дека ќе го најдеше. Ги злоупотреби практично службените документи зошто ме виде негов другар, такоџе полицаец таму. Поентата на ова не ми е да кукам у темава, ова секако го знаат само моите најблиски луѓе, туку крајноста во која се оди кога некој има моќ дадена од страна на државата. Да сакам да пријавам, ќе има две следни сценарија. Или ќе биде полошо за мене одма после пријавата или ќе бидам раат некое време, чоеков ќе добие барем некоја опомена, па после некое време бетер. Немам доверба во институцииве, а последно шо ми треба е да се појави некој чичко шо ќе го одбрани и ќе каже ,па сама си крива’. Тоа поише ќе ме разлути и разгневи. Затоа, одбирам да игнорирам, олеснителен дел е шо не живеам у мкд секако. Жалосното е шо не секој може да бира…
Мислам дека јавноста треба силно да притиска во она МВР да се направи еднаш за секогаш чистка од насилници и манијаци кои виреат таму. Оние невладини за заштита на сѐ и сешто, еден куп што се, за кој к** постојат, да ми е да знам.
Да не се тие нема ич правда вака малку од малку да добиеме. И пак, не е нивна одговорност ( доброволно) да се грижат за нечии права ( жртви на насилство во случајов), пак е одговорност на државата. Ама се грижат од човечност и дават се од себе од човечност. И пошто државата на уво си лежи, оти има кој да му брка работата, плусто ни вакви коментари не се насочени кон неа - оти да се смени?
Можеме сите да кажеме што барала со него, нели го знаела и најглупата реченица ЈАС ДА БЕВ НА НЕЈЗИНО МЕСТО. Прво девојчето не можеше да се откачи од него, едвај и бившата жена се откачила. Бил префин со неа на старт на врска и се што зборувале за него испаѓаше како љубоморна бивша жена тактика. Кога почнала ќотек да јаде касно и билое веќе. Нема ни татко ни мајка од кој заштита, сестра и ја имаше фатено за врат во центар за дел од куќата. Кој од роднините ќе се осуди да ја заштити? Излезот и беше ова.Единствен излез и беше ова. И браво за пресудата. И да ја осудеа не треба да и било мака, се отарасала од психопат. И мајка му и татко му и бившата сопруга сведочеле во нејзина корист. Сите потврдија дека бил насилен.
Во МВР има многу пропалици, точно. Кој стигне таму се вработува. Не знам што се чудите дека никој нема да вработи убиец. Па не вработуваат ни кротки, културни, фини, паметни, луѓе со препораки итн. Имам сосед кој лежеше за убиство, сосема случајно на работа убил човек, да не кажувам детали, и со години не можеше да најде работа. Во една прилика мајка му ми рече на татко ми „остави го него кој го прима“, а татко ми вели „зошто“, мајка ми „како зошто, лежел за убиство, кој да го прими на работа“. Жално што немала родители. Но, со мене учеа деца без родители, и верувајте луѓе станаа. Не правеа ништо на своја рака, без да прашаат баба, дедо, а откако починаа вујко, вујка, стрина, чичко итн.
Значи некој треба да те скрши од мавање, па да те дави, и ти сепак да му дозволиш и да не се одбрануваш. Барем ќе умреш поштено и ко човек, нели? Или тролате или стварно не сте во допир со реалноста.
Не, туку со време се гледа кога човек е насилник и со време треба да се откачиш од него. Да не дозволиш да си ги искашкаш рацете со неговата крв и да имаш после сето тоа трауми од малтретирање па и траума од фактот дека си убил!
Штом не се откачила на време очигледно немала излез ниту поддршка, башка и закани добивала. Вие мислите малку подлабоко или само колку да биде нешо кажано?
Девојко колку пати треба да се објасни дека некогаш не е лесно да се откачиш од насилник. Типот имал врски во полиција. Многу е лесно да коментираме, без притоа да сме биле во слична ситуација.
Ако вие мислите така подлабоко од мене да ве прашам дали сте се запрашале после убиство како би можeл нормален човек да продолжи нормално да живее и да нема последици од тоа? Како викаат со текот на времето ги мава крвта во глава тие што убиле некого дали во самоодбрана или какво и да е убиството и после неколку години во повеќето случаеви самите си го одземаат животот. Знам случај каде што синот си го уби таткото, бидејки ја малтретирал мајка му. Сите го оправдаа тој чин како сега Пале што ја оправдуваат и сите кажуваа дека тој бил многу добар човек, додека за татко му само лоши зборови. Кога се деси сето тоа потпишуваа петиција да го ослободат и на крај го ослободија. Но живееше 7-8 години само и после тоа се обеси, си го одзема животот. Мислам дека ниеден нормален човек не може да живее со фактот дека одземал нечиј живот.
Токму така. Наместо сега да се ангажираат институциите и да се види кој сѐ бил соучесник во насилство без крај и сите инволвирани да бидат казнети, ние сега ќе ја анализираме жртвата, била глупава, наивна, вака направила, онака не направила. Лесно е да се посматра од страна и за туѓите проблеми да се биде паметен.
Девојката ќе си има трауми и ќе го памти тоа дур е жива,самото тоа и е доволна казна.Избрала лош партнер,била повлечена,тој прв и покажал љубов,и пружил малку поинаков живот,го засакала.Го примила дома.Прво ја испокарал со сестрите,значи ја отргнал од најблиските.Поддршка немала.Таман си мислиш ќе го пријавиш,таму ти викаат назад дома колега ни е какво пријавување.Тука ти се руши се,сфаќаш дека е помоќен од тебе.Од дома несака да си оди,сестра и ја нападнал,дополнителен стрес дека ќе ја истепа пак,,ради неа" и продолжува да го трпи.И пружил малку покомотен живот,по некое кафанче.И на крај се случува тоа. Па ние како општество не чиниме бе.Сега ќе бегаат од неа нема да ја вработат,дечко тешко во скоро да најде,дај боже да и понудат невладините психолошка помош.Зошто пак би убила или би се самоубила?! Јас на снимката видов огромна желба за живот,дека конечно и олесна и е слободна.Се израдува од душа. Девојко дај боже да си продолжиш со животот и да има борбеност во тебе,никој повеќе никогаш да не те повреди. А на нас останува малку помалку да алапачиме,да гледаме да помогнеме,а ако не можеме барем да си ќутиме.
Ако оди во затвор полесно ќе живее? Како не ти е срам да релативизираш вака? Многу е лесно од страна да кажуваш кој што треба да прави, но додека не си на исто место не можеш да знаеш. Кога си во опасност најосновен човечки инстинкт е да се браниш, во афект последно што можеш да го правиш е да калкулира што и како ќе биде. Туку џабе се објаснувам, ти овде сега само за инат можеш да пишуваш
Немала избор. Што тука не е јасно. И оние подржувачи на насилникот колку што гледам живеат со своето соучесништво, ништо не им фали. Сите оние кај кои девојката се обратила за помош и не ѝ помогнале се еднакво виновни. Си постои терапија за трауми, млада е, животот е пред неа.
Пале е крива само за едно,шо не го решила многу порано. Тој толку многу бил ѓубре што ни неговите родители не се побуниле ни против пресудата ни против обвинението како такво.