Верувај дека ќе има такви што ќе одат таму. Се ќе направат само за да се породат во приватна болница. Кој сака нека оди таму. Јас сум против пораѓај во приватна болница.
Си родила царски па да збориш дека нема ни болки ни ништо??? Никогаш немојте да осудите жена што е породена со царски рез, а не и ја знаете причината зошто стигнала до истото. 90% од жените одат на договорен или спонтано излегува да завршат со царски зошто ИМА причина. Кога одиш на царски не е секогаш да влезеш насмеана, без болки во сала, да замижиш и да станеш мајка без ништо да осетиш. Не си им во кожа на тие што родиле царски, неможеш ни да замислиш колкави болки имаат жените кога ќе се разбудат, и незнаеш колку е страшно да легнеш, да те успијат и да незнаеш дали ќе се разбудиш за да си го видиш детето. Кога жените раѓаат природно, не ставаат потпис на ништо никаде зошто не е толкав ризикот како со царски рез. Тоа е операција, и пред операција ставаш потпис за согласност за да ако ти се случи нешто, болницата да не сноси никаква одговорност. Редно време беше Санте да се затвори. И, редно време е да се смени нешто и по државните и приватните болници, да се воведе ред за да има подобар прием и нега за родилките и бебињата. Жалосно е во 21ви век да умираат родилки или бебиња поради лекарска негрижа или поради недостатоци во болниците. Срамота.
Зошто? За Санте ми е јасно каква болница е, ама еве Систина има стручен кадар, опрема.А по државните не се случува мислиш? Па прва моја братучетка одвај извлече жива глава на ГАК.
Јас сум задоволна од ГАК. Додека лежев таму сите родлики имаа позитивни искуства. Дури се изненадив. А слушав секакви мислења за таму. Кога пишав приватна болница, мислев на Санте Плус.
Ја пораѓала Станка од Хистера мислам. Ваљда имала договор со болницата. Го читав постот од родилката така се изјаснила. Верувам дека не направиле се за да ја спасат. Дете без мајка, мајка без дете , без живот.... нефер, нечовечки
Јас некако немам верба во ниту една приватна, само од Ремедика не сум имала прилика да се пожалам. Искрено во иднина таму и планирам да раѓам деца. Или евентуално Чаир, ако си најдам врски мајка ми со мене придружба да биде Докторите мои вака викаат: секогаш е ДРУГО во голема болница. За тоа се во право. На лошо секаде може да тргне. И во Америка и во Австралија. Лековите се тие. Ама во лошото е многу важно да има персонал. Секој доктор со своја глава и со свое искуство ќе придонесе. Зошто колку сака нека е добра болницата, може да затреба кардиохирург, неврохирург... итн. А со трансфер секогаш се намалуваат шансите за преживување. Друго е кога самата болница има повеќе различни специјалисти, па и повеќе специјалисти за иста работа. Медицината не е секогаш 2+2=4 ниту секој човек идентично на се' реагира. Затоа е важно колку глави размислуваат во критични ситуации. Факт е дека во приватна болница има подобри услови, но кога е живот во прашање, џабе се тие услови, џабе си сама во соба, џабе имаш сестра за себе и убава храна или убава соба. Се' тоа паѓа во вода. Јас не би доверила мое здравје во таква полуболница, пре би да платам повеќе за Систина или Ремедика, а ако немам пари во државна или Чаир. Секој со свој памет, ама никогаш нема да заборавам, кога еден пациент го прашуваше мојот доктор дали е подобро операцијата да ја направи во приватна болница, а докторот му рече - бирај доктор, не болница. Можеш и во хотел да умреш, ако докторот не чини.
15 годишно дете починало на трауматологија најверојатно од реакција од анестезијата, штотуку кажаа на вести, што да кажам од анестезија како што се плашам од ништо друго не се плашам, два пати примано целосна анестезија и два пати страв во коски, и спинална имам примено но за неа ете немав страв . . За санте редно беше да се затвори, тоа сликање на фб, родилки полуголи, бебиња штотуку родени, на се личеше само на болница не, се надевам никогаш нема да се отвори повеке. Јас ниедна, ама буквално ни една не знам што се породила природно таму, во мое опкружување имам само 6 жени што гарант ке си родеа природно да отидеа на друго место, и после се, они уште се крстат во санте па и за второ ке иделе таму , нека идат
Пораѓај природно чини многу помалку за разлика од пораѓај со царски. Можеби затоа го форсираат толку, ако го воопшто го форсираат де. Мене од две бремености ниту еднаш не ми се случи да ми биде спомната втора опција освен природно. Сега во последно време дојде како моден тренд пораѓање си царски. Ретко некоја мајка да се пофали дека родила по природен пат. Тоа ми беше констатирано од порано. Едно време знам со царски се породуваа само оние кои беа критични. Денес секој може да бира кога веќе плаќа.
Јас со двете се породив во Чаир, далеку постручни и пофини за разлика од Клиника, каде третираат трудници и родилки како стока (јас на прегледи бев една од нив), а исто и жени оперирани од други работи. Мајка ми Матка и јајници вадеше на клиника, докторот не и ја направи операцијата како што треба, па 24 саати после операција крварење внатрешно на интензивна никој не и го тргнал чаршавот за да ја види, после тоа пак итна операција, за малку ќе ја изгубивме. Во Чаир имав два пати критичен пораѓај, ама и јас и децата живи и здрави излеговме. @friendy не е мода, да не си им во кожа на тие што завршиле со царски. Минути се во прашање, загрозен е живот и на мајка и на бебе. Незнам зошто толку ширите вакви бош муабети и ги правите луди тие што родиле царски. Неможат сите да имаат бременост и пораѓај како од книга. Мене два пати животот ми висеше на конец, одев до крај, 24 саати со болки за природен пораѓај да имам, на крај со трчање ме носеа во сала да ме породат.Во очите на многу со вакво размислување испаднав лигла, немајка, јас што сум родила така не сум била мајка, не сум осетила како е да се роди. Ама дур сите збореа така мене и на децата тој царски рез животот ни го спаси.
Не е работата колку се стручни во Чаир. И јас сум задоволна од таа болница. Премногу. Но за раѓање , што знам. Во Чаир нема ни интернист( а сметам дека е неопходен), не пак специјалисти хирурзи ( кардио,невро....). Само гинеколози,анестезиолози и педијатри . Толку. Ако не дај боже настане било каква компликација, директ на клиника. После ова со Санте, не би раѓала во родилиште. Или Систина, или ГАК. Смо овие се комплентни со доктори.
Иви јас колку што разбрав погоре зборуваат за оние кои без компликации самоиницијативно се одлучуваат за царски. Да не ги мешаме работите. Како Миа што напиша де, нели ја коментиравте во Мак. Јавни фаци.
http://nmd-zdravje.com/petnaesetgod...na-operatsija-na-klinikata-za-traumatologija/ Пак од анестезија. Колку неспремен кадар работи по болиците, чудо нешто. Нека почиваат во мир. Секој збор е вишок. За родилката е уште потрагично што скоро цела фамилија и се доктори, а меѓу нив има и гинеколози. Братучетка и ми е колешка, па не можат да си опростат сами, ни пак да се помират како им се лизна од раце иако домашните не се криви. Некој по улица се породува здрав и жив, а некоја ко кралица ја гледаат и пак нешто ќе се случи. Ете, така требало да биде и баш таа кога ќе се породува да има неспремни доктори...Нема врска ни пари, ни финансии, ни углед...КОга нема век, џабе е. А Санте и да ја отворат за некое време, не знам која жена би се породила таму. Катастрофа.
Еве сега дознавам за Санте, се породи пријателка пред неполн месец. Породување €2000 + ако сакаш да ти присуствува доктор кој ти следи бременост €300. Царски со целосна била пријателката, нормално тоа се + €. Значи дно сме.
Ценава за породување со царски е??? Јас знам дека околу 85000ден е царски со докторот кој си го одбрал а околу 65000ден природно. Тешко да е реална ценава... А и тоа не е воопшто важно во ситуацијава....страшното се случи без разлика која цена :/