Со ваков став и ти не си нешто поарна. Викаш не си Бог да судиш ама судиш. Само кажи дека не си Магдалена,заедно си одговарате за бфф Манипулатор може да одглуми толку добро да не спознаеш со каков си имаш работа,се до првиот шамар. И се дур си даваш себе шанси дека ќе се промени и нема да има веќе шамари нема да знаеш со каков си човек живееш дома. Дури кога ќе те ишамара до степен да те дави дури тогаш ќе ти помине животот пред очи и ќе сфатиш дека мора да се самоодбраниш некако. Погадно е од жена да се читаат вакви гадости, ама тоа е жена на жена најголема змија.
Никој не нормализира убиство. Ако збориш за Пале, тоа е убиство во самоодбрана. И роднина да му беше на идиотов насилник, немаше толку да го браниш. Вклучи го разумот, ако воопшто го имаш. Сто пати ти кажавме за Пале и ти пак со истите глупости. Ако тебе ти се случеше тоа, да видиме дали ќе го збориш истото.
Зборувам за секој, жал ми е за тие што преживеале семојно насилство но има и поголеми институции од полиција каде што можеш да се обратиш. А убиство е убиство!
Убиство е убиство, точно! Ама убиство во самоодбрана е друго! Размисли малку, стави се во нејзина ситуација (не дај Боже на никој), што би направила ти?
Јас не знам на кој начин тебе да ти се објасни за да разбереш. Изгледа нема да разбереш без разлика колку и да се обидуваме да објасниме. Значи сообраќајката кај Сити Мол и ова со Пале е исто според тебе?!
А,па што се заинтересирани институциите да помогнат... Да беа заинтересирани насилникот ќе беше во затвор. Да, убиство е, ама околностите во намерно извршено убиство и убиство во самоодбрана не се исти.
Убиство во самоодбрана! Насилникот со дебело криминално досие, самошто излегол од затвор упаднал во домот на дедото и со остар предмет се заканувал на неговата ќерка. Шо треба да прај дедото во оваа ситуација? Да е здрав и жив и него да го ослобода.
Прочитавме и? Ти дали прочита? Почни да го читаш прво насловот и размисли убаво што пишува. Па продолжи да го читаш и текстот Татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг си го застрелал зетот. Настанот се случил утринава во Битола, и тоа откако убиениот упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата и со дебело криминално досие. -Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05:55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга, стои во извештајот на СВР Битола. Значи убиениот уште рано, рано што мајка барал да оди кај поранешната сопруга? Плус насилно влегол во туѓ дом со голем нож (мачета) и се заканувал. Имал дебело криминално досие, лежел и во затвор. Татко и што требало да направи? Кафе да му свари и доручек да му даде? Среќа што имал пиштол и си ја одбранил ќерка си од таков неранимајко и криминалец, кој око немало да му трепне ќе ја убиел поранешната сопруга. Па за свое чедо за да си го одбраниш сè ќе направиш, поарно да убиеш, отколку да си го закопаш детето, а убиецот да живее.
Па и татко ми би го напраил тоа, додуша нема да дое на ред од мене. А шо, како оние у Гостивари? да ја тепаат ќерката/сестрата место зетот? Па така се брани свое бе.А ти очигледно нешто, не знаеш да расудуваш.. тебе у фамилија да ти се деси тоа, у афект ќе аплаудираш сигурно и не е дека чичково го видел примерот на Пале, туку е афект, да заштитиш чедо и у затвор ќе влезеш исто као со татко и` на Јелена
Богами да ми дојде некој со нож да сака да ми го прободи детето и јас не знам како би реагирала. Сигурно нема да дремам детето пред очи да ми го заколат.
Се чудам шо мислат вака ко ќе одат со намера на некого да наштетат шо му поминува низ то мозочето, ќе се проба али ела напрај, ќе ти ебам се живо шо мрда!
Судот како најголема истанца решил дека не е убиство туку акт на самоодбрана. Ти уствари си вознемирена што не те прашале тебе и твоите познаници да раскажеш дека девојката не била "поарна".
Ама изџвакај и го и дај и го само да го голтне, пак залудно е. Некои луѓе не научиле да читаат со разбирање.
Слободна е а до каде е случајот кој знае. Него дали му е продолжен притворот на возачот од сообраќајката кај сити мол ? Последно инфо кажаа дека му завршува во недела и треба да се одлучи дали ќе продолжи уште ..
Утре ќе има протест во Битола за случајот од вчера, дедото што го уби поранешниот зет. Бараат укинување на притворот.
Jas samo ke ti kazam ne daj boze ne daj boze da osetis na svoja koza da osetis kako e da bides so nasilnik sigurna sum oti se e nadevala oti nesto ke se smeni na podobro ama ne ednas nasilnik sekogas nasilnik