Се знаеше од почеток ова. Воопшто немав сомнеж дека не е насилство во прашање. Чудно ми е само што одредени од вас, после секакви скандали во државата, уште скокате да ги браните МВР и здравство, па уште во неверување не можело да се скрие. Е и те како може. Може за мене и за вас нема да скријат, ама за влијателни луѓе и криминалци, збор не смеат да кажат. Ќе не казнуват нас за возење после 11 како возач почетник, а некој за убиство со умисла ќе биде во бегство. Ми се гади од државава и од кадриве, најискрено. Дајбоже хрвативе да притиснат уште повеќе, и да дознаеме кои се сторителите, и истите соодветно да се казнети. За Мојсова дека на ова ниво спадна, не ми се верува уште. Да сме правна дежава, и она, и останатиот кадар на КАРИЛ треба да ги стрпаат во затвор. Ама не сме, такво нешто не ни очекувам.
И за Саздо беше исто, дека притиснавме ние народот, иначе ќе ги оставеа со мали казни, и тој трето обвинетиот, внук од сестра на Груби, го екстрадираа од Германија, а кај нас уште казна никаква не добил, сигурно дома си е, си ужива, наместо во затвор..
Ќе видите дека за девојка се скарале и таа што го шутирала со нога по глава сигурно нешто јако ја има предизвикано. Како и да било 19години а толку силна да шутира некого во глава и да си замине се крие нешто длабоко.
тоа ако е причината, нека си легнат до него ја сама би се закопала така, од срам. додуша овие немаат срам се гледа.Ми зе ри ја.
Шо треба бе да се крие за да манам некој со нога во глава??! За шо и да се карале да испоцркат доживотно
Прочита дека по 28 годишниот А.Ѓ се трага? Да не испадне он го шутирал а малава божем да спречи се обидела да му помогне…
Па тоа и јас се прашувам… Ја имам видено по клубовиве како се тепаат и со столови и со боксови, но најверојатно некој задал фатален удар.
Никој не ги бранеше МВР и здравство, едноставно информациите по медиумите беа без извор, не дека едвај чекаат сензации да прават од сѐ, и на крај сепак не можеа да скријат, еве двајцата од тројца инволвирани се во притвор. Прашање на време е и третиот кога ќе го фатат. А кој се обидел да скрие било што треба да си лежи како соучесник во убиство, ништо помалку.
Ехеее, ќе не збореле. Ко кај нив да нема такви. Исти курац е секаде бе чоек. Не велам дека е ок тоа што се десило, ама дека само кај нас се бута под тепих, не се бута само кај нас. Патем и уше нешо. Без разлика од каде е, без разлика и што бил, глупо е да се дава повеќе значење зашо бил странец (општо кажано ова, не велам дека ти така рече, само глеам дека фамата е огромна јер странец нели, ко другите смртници да се помалку смртници).
Читам поназад и.. Ја па не знам што се чудите како би скриле ако е претепан. Па Нешковски исто беше до смрт претепан, па за малку немаше да се дознае. Доволно е да има некој моќ и све живо и диво ќе преврти за да се скрие вистината.
Онаму во Србија неможат да пребројат колку имаат убиено од кланот на Беливук,дали и воопшто некогаш ќе се дознае.Убаво викаш,кај што игра пара и моќ тешко е.
Банана држава бе, за малку ќе дозволеа убиство да се прикрие од страна на докторите.. Сите од работа да се избркаат, и одма да им се даде забрана за вршење на професија.. А како и зашто му бил пресечен јазикот, сега на Сител кажаа, во судска медицина при аутопсија било констатирано дека јазикот му бил пресечен?