Да, добил и тригодишна забрана за управување со моторно возило. Само не сфаќам кој ефект ја има забраната за управување со моторно возило, кога 3 години е и затворската казна.
Јас мислам дека тоа е после 3 годишната затворска казна да не добие 3 години возачка дозвола. Ма треба доживотно да не смее да добие возачка дозвола и премала е затворската казна
Страшно, језа да те фати од нашево судство кое суди под притисок, Големите поминуваат само со условна осуда за вакво дело под притисок на некој од горе а обичниот човек ( Јордан во Случајов ) ќе лежи и за нив. Народе освести се правдата не е задоволена, големите се на слобода а обичниот човек е во затвор, Утре можете да бидете и вие на негово место за истото дело или за нешто друго вие во затвор а големите на слобода за истото.
Не дај боже ( не ти посакувам ништо лошо ) само замисли да завршиш ти во затвор а некој голем со истото дело да биде на слобода. Ќе бидеш во таков случај задоволна и ќе кажеш дека тоа е правда ?
Ja своето гајле ќе го берам.Ко и сеа.Мислиш ме заболе за другите ако влезам у затвор Да си го гледаше секој својот двор арно ќе беше
Сосем океј е казната за Јордан според мене, изрази жалење и се кае, човек е и згрешил, ќе внимава повеќе во иднина и он и други како него.. Има некој што воопшто не се каат, воопшто не им е ни жал, овој не е таков.. Како што имаше притисок од јавноста, јас мислев 15 ќе му дадат..
Знаеш ли шо значи да те удри кола со 70км/ч? Океј ајде да речиме, дечково си ја терал својата лента, мртов агол не ја видел.. А шо правиме со тие 17+км/ч шо возел повеќе? Еден точак се движи 20км/ч, земи тестирај ја таа брзина и ќе видеш шо значат 20км/ч удар а не пак 70 а пропишано е 50. Ако терал по пропишана брзина океј ај ќе прифатевме и плус тој Цитроенот има опрема за автоматско кочење и ако терал 50 голема е шансата сам да препознае опасност и сам да закочи. Ама овај 70.. Океј, млад е како нас, ама зарем девојката нее млада шо нема да излези од земја а тој за 3 години?
Туку Кичеец шо го осудија 6 месеци додека веќе служеше казна затвор за сообраќајката шо ја направи нема врска а, помина.. Кога веќе зборуваме за судење под притисок.
Си го призна делото и си доби казна во согласност за законските прописи, ценети се и сите олеснителни и отежителни околности во случајов иако мислам требаше да добие условна. Друго ми е поентата малиот човек во затвор а други за исто дело на условна. Тој се кае за разлика од некои кои си викаат ми се може ич не ми е гајле.
Да добие условна?? За несреќа која ТОЈ ја предизвикал, со смртни последици??? Луѓе лежат затвор иако не се криви, а учествувале во несреќа со смртни последици. Се кае, ок. Не удрил намерно, нормално ок. Казната е толку колку што треба да биде. Условно за одземен живот еј што нема да прочитам
Да,сите такви случаи завршуваат со условна или дека се работи за некој голем па може не е проблем. Оваа пресуда е доста реална но сепак верувам ќе биде обажалена на апелација и ќе бидат разгледани и некои други детали.
За потсетување, оној што ја прегази студентката од Паланка, доби една година забрана за возење, а возеше пијан со 85км на час и избега од местото на несреќата, затворската казна му ја намалија на 3 години. Така да не знам што ве чуди за овој случај каде има други околности. Дали биле 3 или 33 ,него животот му е уништен. Да можеше девојката да се врати и 50 него му дадоа ама за жал не може. Туку што бидна со несреќата на хирургот Јота, човекот едвај остана жив, а оној што го удри имаше само 15 дена домашен притвор. Кога веќе зборуваме за едни важат за други не законите..