Изразил жалење и се каел? Нормално така го советувал адвокатот, за да добие што помала казна И врапчињата веќе ја знаат таа финта признај го делото и ,,покај се" и магично ќе се намали казната
Оштетените веќе најавија жалба, се надевам дека апелација нема да потпадне под притисоци и ќе ги цени објективно фактите.
Ама ај реални да бидеме, како да не се кае , не да се кае, гарантирам го проколнува моментот кога влегол во кола. Живот носи на душа и сопствениот си го упропасти, не може да не се кае.
И што постигнува со тоа каење, ама баш ништо, девојката не може да се врати... Ама важно тој својот газ ќе си го спаси помалку да лежи... Ако вистински се кае, што не биде маж бре ко што се праел кога возел, па што не бара најстрога казна да добие, па така совеста да му се смири?
Ако некој "голем" не бил осуден за слично дело, тоа не ја намалува неговата вина. Сега збориме за овој случај, условна казна е бесмислено, во најмала рака навредливо за семејството на девојката
Од ништо не се спасил ќе си ја одлежи казната да не се повторувам за моето мислење за висината на казната, но ќе му останат трауми и цел живот ќе го прогонува тоа, од тоа поголема казна за него нема.
Во секој случај, не е мала работа искрено да се покае. Секако дека тоа нема да го врати починатиот, ама е некаков знак дека можеби во иднина ќе внимава да не одземе пак нечиј живот. Сепак строги затворски казни мора да има, без разлика дали има чувство на каење или не.
Да, факт е дека е му е заслужена казната и не е за жалење ама воопшто. Но дали е правдата стварно задоволена? Хмм епа не баш. Зашто уште многу вакви случаи се случуваат ама никој ниту знае за нив ниту се зборува, зашто се нечии луѓе, синови, браќа, роднини, од партија итн и кај ќе уништат нечиј живот и нема да лежат, туку на крај и жртвата е крива а они си продолжуваат нормално со животот.
Ова е вистина, ама треба во обратна насока да оди. Да се бориме и за „големиот човек“ да добива казна каква што треба, а не и за малиот човек да не добива казна, зашто и големиот не добил.
А , може да се врати девојката воопшто со нешто, со поголемата казна ќе се врати? Совеста нема да му се смири со ништо. Цел живот ќе си ја носи.
Да, најверојатно се као што не збришал на време и го фатиле. Се сомневам дека искрено се кае и нема да вози брзо во иднина. Да бидеме реални, 3 години од кои дел одлежал. Ќе поседи уште некој месец во затвор и ќе го пуштат на условна. За викенди секако ги пуштаат дома да одат. Да се каел вистински, сам ќе инсистирал да се извини веднаш и веднаш да признае целосна вина.
Несакајќи не можеш да кренеш 70 на ебената Партизанска која е со семафори на секои 100 метри, не знам како да ви се разјасни тоа. Само сакајќи може.
Притисок во јавноста и протести. За секој иден случај. Семејството запна тука и организираше протест плус цела држава бруеше на социјални мрежи. Ако сакаме промени, вака се прават. Ако ќутиме, ништо нема да се смени. Ова нека биде како поука за понатаму дека не смееме да си дремеме со прст у нос.
Ај ако не на слобода да ги пуштиме сите луѓе, да укинеме казни и затвори. Пошто секако не се враќаат луѓето. Казните треба да се високи и да се спроведуваат за да се спречат лудаци вакви во иднина да има и да не умираат други луѓе.
Ниедна казна за ниедно дело не може да го врати времето и да оживее човек или да направи некое силување да не се случило, па не значи дека не треба да ги има.
За случајов стварно неќам да јадам трици, сум за да добие висока казна и све тоа. Ама ако нешто ме нервираше овде е што нонстоп се потенцираше дека заслужува најстрога казна зашто е хирург човекот, спасувал животи итн, што е апла непочит према другите жртви кои не биле некоја важна професија.
Според тебе колку треба да добие 15 години ли? За разлика од некои се покајал и тоа се гледа дека вистински се кае, цело време со наведната глава. Жално многу. А, за родителите и 20 години да добие казна ќе е малку секако. Нормално треба да се казни, но има и олеснителни околности, некои воопшто не се ни каат уште си и продолжуваат со беснеење, дури на шала им е тоа што поради нив згаснал млад живот. Јордан не избега од лице место, ниту пак избега и се криеше. Каде се другите како Кичеец, како што ја згазија Фросина, девојчето што донираше органи, како докторот Јота, тие не се се ни појавиле на суд или не ни добија казни. Јасно е како ден дека Јордан ќе си го јаде за сите, што не е фер, тоа не е со умисла сторено. Срамота за сите што кога се случи несреќата почнаа да плукат по семејството на Јордан по мајка му срамота, срамота, како сериски убиец го направите дечкото го распнавте, а какви убијци се шетаат, како и овие што го убија Денис тоа е веќе вистинско убиство, а не како Јордан што е небрежност. Според мене доста му е една година, да му дојде умот.