Тоа што се извинил или што се кае барем за мене не менува ништо, девојката ја нема повеќе. Тој и многу други кои се однесуваат несовесно при возењето треба да размислат пред да се случи нешто. Еве јас живеам на една од најфреквентните улици во мојот град и гледам како некои буквално прелетуваат со автомобилите по улицата. Кога некој од нив утре не дај боже ќе предизвика несреќа што корист од тоа што ќе се кае?
Ај прочитај пак. Немал намера да убие. Ама кој возел со 70? Колата сама? Ако возиш толку брзо, ваљда не си глуп да не знаеш кои се последиците.
Возел 67,3 км на час а не тргнал да ја убие. Не знам колку се разбираш во право ама и малку да се разбираш ќе разбереш за какво дело се работи тука а нема да гледаш со емоции тука.
Ај по трет пат. Зошто возел со таа брзина? Или ќорав бил па не видел дека не е автопат? У сообраќајни правила се разбирам очигледно.
Леле која буквалиста си чоек.. Он со умисла НЕ ЗАСТАНАЛ на пешачки, со УМИСЛА возел над 50, со УМИСЛА претицал возило Не е несаќајки тоа. Да видиш кола пред пешачки и да не застанеш, мора да ти фали нешо во главата Реков и претходно Ја на овој доживотно би му ја одземала возачката
Значи не е спорно што лудуваат по таа улица, во тој период кога се случи тоа, имаше уште 3 прегазувања, зошто и тие не одговараат, така ќе е поголем ефектот да им дојде умот да не возат брзо, вака само Јордан си го однесе за сите и пак ќе нема никаков ефект за иднина, да ги сите испозатвораеа ќе беше по друго. Таму се вози како на рели, дури и со поголема брзина од таа што возел Јордан, а надлежните ништо не превземаат, полицајци фрчат кај што не треба нека застанат на таа улица и нека се превземат мерки нека се казнува парично со големи казни нека се постави нешто. На таа раскрница секој месец има по некоја жртва, што е претеризам, не се превзема ништо, ама битно Јордан е во затвор.
Ne razbiram, 3 godini zabrana za upravuvanje so vozilo, toa e otkako ke iskoci od zatvor ili koga pocnuva da se presmetuva? @Luciferka ?
За тоа што возел со таа брзина и за несреќата си доби соодветна казна, но не можеш да кажеш дека е убиство со умисла.
Со глупостиве не оставаш утисок дека си добар правник, туку лош човек. Животот е над секое мочано право напишано од човечка рака.
Па треба и за тие секако да се превземе нешто. Треба сите да се казнат и да лежат затвор. Никој не вели спротивно. Само иритира тоа што се правда дечково со "млад е", "се кае барем" или "ехеее какви ги има други". Треба да речеме заслужена казна, целосно да си ја одлежи и да бараме да биде исто строго за сите други.
Нормално дека од кога ќе искочи, како може додека е во затвор да му дадат таква забрана, па кога ќе искочи одма да му ја вратат возачката..
Таман е, ќе добие понатаму условна. Ако Апелација не ја покачи, ама има доста олеснителни околности. Семејството, јавноста незадоволни.
Тоа што други не се казнети не значи дека на Јордан му е преголема казната, туку на другите им е премала.
Страшно е ова што пиша, значи секој да ја земе правдата во своја рака и да земе оружје да убива. Тоа е твоето право око за око заб за заб. Страшно немам коментар.
Ако некој стварно е за сожалување ради казната е тој со ќебапите. Казната негова стана симбол за усраното судство А лиглево не.
Pa i za vreme na zatvorot oni izleguvaat, imaat vikend, imaat 2 nedeli leten odmor..jas vaka znam deka e eve neka kazat pravnicive, zatoa i prasav.