јас не можам да стојам.Еднаш пробав, ме сопреа иначе да, и она ми вика, кога има тепачки, стој на страна. Ама едно е 5 на 5 или кога ќе се втурат сите еден во друг, а ова е друго. Гарантирам дека ќе се спасел дечкото да изреагираше некој бар од кога падна, да изреагирале згрозена сум начисто..
секој за себе си гледа. бев на твое место, изедов бокс. машки и тоа. бранев непознат ... и среќа на тепачка остана. вака и по судови ќе се мкнеш после. стој си на страна секогаш. правдата никад нема да е задоволена без разлика дали ќе скокнеш или не
мене не ми е страв верувај и јас можам да сум откачена да живеам после со таа помисла дека сум можела да реагирам а не сум реагирала? не можам Лилицо..
Не е, очигледно е скроз друг човек што притрчува откако веќе се степаа и пробува сам да ги раздвои. И на крај го проверува Денис.
Битно од КАРИЛ осудувале што на јавноста ѝ се пласирале лажни информации дека е претепан... Предлагам јас и нив да ги протресат малце.
ауууу точно точно извинете ме, деновиве сум куку малце. епа тој скроз у црно е Андреј. затоа он уствари ги трга чекајте да бришам сеа
Добро, како при толку луѓе еден не викнал брза помош, полиција, нешто? Тројца се гонат, ама има повеќе луѓе на видеово, како потоа бил оставен така да лежи за некој да го најде?
Човекот во бели панталони и црна јакна е четврто лице, ваљда случаен на местото на настанот, кој постојано се труди да го одбрани дечково од тројцата дебили. Се гледа си своето тело го оградува телото на починатиот, а овие скакаат од страна. Тој во бела/беж јакна/блуза што прв и удри после се враќа да провери состојба Оти изгледа човекот што го бранеше има свикано дека не е свесен. Па овој мафта револтирано со рацете во смисол не му е гајле и си заминува. Мислам првиот удар беше фатален, има треснато на бетон, таа кокошката после тоа што клоца колку толку едниот човек се труди да го заштити. Од сеирџиите гледам еден пар кој напушта локал к неколку кој набљудуваат од карши улица. Дали едно од нив е дете? Зарем никој на брзата помош од толку сведоци плус едниот и се трудеше да помогне, не кажале на брзата помош што се десило. Трагедии…
парот е најјезив.. како си го одминаа-страшно а страшно и за циганчево со балончињата, буквално стои и гледа..
Плус има тројца четворица што само се шуткаат од страна и си гледаат како да се на претстава . Значи и тие се знаеле и знаеле што се случува ама си оставиле да си "решат" овие. Зашто ако се луѓе што случајно минуваат најверојатно ќе се тргнеа на страна, немаше да дремат над телото на човекот и да го посматраат. А тој еден буквално само си стои над Денис додека овие го маваат.
11 луѓе има на видеото, 11, Не мора да се мешаш, да рипаш да се тепаш, извади телефон и викни полиција додека си поминуваш и си направил доволно. Ама ова, да стои уште колку време така да лежи додека го најде некој, страшно е, страшно.
Дрогата им е ко добро утро, се шмрка на велико. Порано кога ќе се спомнеше трева се крстевме, а сега пафкањето стана еднакво нормално како да си се напил две три чашки вино. Јас сто пати иам кажано дека денешниве генерации се дебили, заслужуваат да ги тепаш дури мрдаат. Све ретардирано. Дали од дома им дозволуваат повеќе или недостаток на внимание, кој да знае. Кутри родители, да работиш од јутра до сутра да го исшколоваш, да му обезбедиш пристоен живот во ова време невреме и за возврат да добиеш назад наркоман и насилник. Па да ти пукни душата од мака. Се наежив цела кога го гледав видеото, психофизички здрава особа она не би го правела. Искрено се надевам дека особата во бегство ќе биди најдена и ќе ги здрват со казни какви шо заслужват.
Страв им е... или си мислат дека некој друг ќе пријави. Колку повеќе сведоци има, толку е помала шансата да пријави некој. Од криминалистички статистики е муабетов.
па затоа ни` се дешава ова ја кога викам сите за по соц.мрежи само имаат муда.. сите отидовме јабана со вакви