А лошото е што баш лекарите се тие што можат цела прича да ја сменат. Што им било кажано на итната, дали имал траги од насилство, дали не, менува дали има кривично дело и дали е потребна истрага или не. Затоа секогаш болницата е должна да пријави случаи на насилство, сообраќајка, повреда со оружје итн. А баш они усраа работа.
Јас мислам дека таксистот најдобро ја знае состојбата. Прво, затоа што гледал, второ, затоа што во кола сигурно направиле овие меѓу себе муабет и слушнал.
Многу лош народ сме станати, емпатија и свест на нула. Да се плаши човек утре дете да пушти да излезе или да прошеташ негде, ќе му текне на некој не му се допаѓаш ќе те претепа никој нема да мрдне со прст ни полиција да викне...
Нека добие. Од КАРИЛ изјавите на почеток, осудувале што јавноста зборувала дека бил претепан. Во клиника за реанимација и интензивно лекување не препознале траги на насилство? Па избришани снимки, па не знам што. Хрватски ракометар и има притисок од друга држава, а да беше македонец можеби и ќе се заташкаше. Во еу нас не чекаат
По логикава, слободно можеш да удриш некого по глава и да го оставиш на лице место и да се правиш на Тошо "ја нисам одавде". Звучите ко никад у живот да се немате случајно удрено. Не може да те удри некој толку јако и да немаш ни црвенило, ни надворешен оток. Ама просто не може.
Според мене и таксистот има вина. Он ги чека додека претепуваат и убиваат млад човек и потоа ги носи од местото на злосторството, им помага во бегство технички.
кој и да е истото ќе го рече. небитно. мн ме интересира за што го нападнале. пренајпичкава ли е причината?
Ме запрепасти видеото. Не ми е јасно како никој од луѓето не пријавува во моментот, туку велат дека подоцна келнерка го нашла телото и викнала брза помош. Да пријавеше некој одма в полиција ќе се знаеше дека е истепан и може ќе се спасеше, немаше да е толку време без кислород. Толку проклет народ, не ми се верува со какви изроди го делиме воздухот.
Ние и онака не влегуваме у Еу не им требаме вакви како диво племе сме станале. Го изгледав видеоно онаа кокошкана како рипа и го удира дечкото кој веќе лежи без свест... смрдла нека ги помине најубавите години во затвор да види дали и таму вака ќе рипа.
За жал ова се случува секој ден Шери, таксистиве веќе имаат оттрпнато на тепачки. Греота за момакот, цел живот пред него и вака трагично да заврши. Мене само ме занима кој е мотивот, зошто му скокнаа женската и дечко и', да не ја има замарано ракометаров, има ли некое инфо?
И да ја има замарано, луѓе сме уста и говор имаме да се разбереме. Скоро на секоја девојка и се десило некој да и се пушта у клуб, едноставно викаш дека си со дечко и се тргаш на страна, ако продолжи има обезбедување и си реагираат.
Апсолутно, не оправдувам насиље само размислувам гласно што би можело да се деси и зашо ваква реакција од тројцава...
Во ред, ама не можеме ниту ние да знаеме од зад тастатура. Прво зависи каде била повредата, ако е внатрешна повреда не се гледа стварно. Секој што бар малце знае медицина ова го знае. Затоа постои судска медицина, а не КАРИЛ. А дали штитат некого или не треба да има истрага, ама без истрага не сакам ни да ги кривам. Моја проценка од видеото е дека од боксовите Денис паѓа во кома, а смртта настанува подоцна, или ради ударот по глава од глупачава или од ударот при пад на бетон. Ако е првото треба да одговараат за убиство ако е второто за обид. Според локацијата на повредата, снимките и исказ од судска може да добиеме одговор.
И мене моментов со КАРИЛ ми е нејасен. На ова тепање да нема никаков знак на насилство, ни оток, ни црвенило, ни крв ни ништо е чудно. А тоа се е видливо со голо око. А за да заташкаат некако многу луѓе треба да премолчат, дека не е само еден човек, цел персонал на дежурство, буквално секој се може да види. Или пребрзо се залетале или не направиле преглед како што треба.
Ама зборот е дека ако ударот е толку јак да предизвика внатрешна штета, нема шанси да нема надворешен знак. Од смешни паѓања и рандом удирања сум добивала отоци и модринки и притоа не сум имала никаква внатрешни повреди, не па ова.