Збесната. Гарант тањир нема измиено дома затоа е таква. Ама ако, нека гледаат родителиве што дремат по фб и по кафичи што растат по дома. Децава се без грам љубов и емпатија во себе. За домашно воспитување да не зборам ич. Какви генерации идат страшно. Не дека сум јас нешто претстарена и ние сме праеле глупости, ама ова ги поминува сите граници.
Да, единствено спорно овде е КАРИЛ. Друго ништо. Случајот е расветлен, сторителите се утврдени. Уште не ми влегува во глава дека Мојсова даде ваква изјава. Не ми се верува дека пробаа да сокријат.
Точно, никогаш нема да се реши тој случај. Кутрата мајка на починатиот секоја година на поменот излегува по портали и бара правда, а некој си деген таму си го живее животот и ништо не го допира. Јас верувам дека на секоја од нас и се има случено некој да ни се ‘пушта’, дали рандом фаци, дали бивши да провоцираат, пијани, дрогирани итн., ама дали за тоа ќе убиеме некого?! Игнорирај и продолжи со животот. Заслужуваат да скапат во затвор доживотно овие туто комплето на видеото што се. Едни го тепаат, други сеир гледаат, никој не реагира, ни полиција вика, ни брза помош. Јас стварно не знам кај живееме, да ти е страв да се онесвестиш на тротоар- никој нема ни да те погледне, ќе си умриш тука на лице место. @Snowflake97 Да, некоја си Клементина Левковска.
Ако не превземат нешто Хрватите овие нашиве ништо нема да направат, ќе го заташкаат случајов како и секој случај.
Да, ако во дадениот момент се затекнеле надвор чоечки би било да помогнат, но не е нивна обврска да го обезбедуваат овај простор.
Само едно ќе кажам.. пошо сите сме свесни дека ова е убиство со умисла се е јасно на снимката и јас да имам моќ во Државава би спровела смртна казна бесилка на Плоштад сите да гледаат. Само така ќе се опамети народов!!!
Потресена сум,највејќе од кога станав родител. Си ги родил,си им се тресел мад нив за еден ден тројца вакви искомплесирани идиоти да го газат. Во буквална смисла на зборот. Ова е дно. Ги замислив децава излегуваат пар и другар и на оваа лепотица и се дофрлени сигурно два три збора па на напалениве толку им треба. Дека се некои потрчковци во партииве сигурно се,лепат плакати пред избори и кометираат на постови од функционери па сега ке ги криеме. Случај како покојниот Мартин Нешкоски. Нека ги стигне казната. Редно е !
Оној Ангело има слика со Жмицко сликан. Некој активист нивен ли е, не знам. Значи вака или така има врски.
Кој знај дали и то е решение, ене во САД ја има ваквата казна, а најголемите гнасотилаци од таму произлегуваат.
Јас имам прочитано дека биле во истото друштво излезени со ракометарот, значи се дружеле, се познавале... Извор: https://telma.com.mk/2022/04/09/smr...ica-se-privedeni-se-traga-po-ushte-edno-lice/