Ама луѓе не зезајте, нема шанси да не се примети тепање. Не треба ни да си доктор за тоа. Плус најпрво излегоа информации демек од извори од самата болница дека се работи за насилство, кои после директорката ги демантираше. И мене ми беше чудно кога прочитав, си викам ај медиумиве измислуваат, ама сега сѐ си има смисла. И тоа бришење на снимки исто има смисла.
А уствари ракометаров има информации некои со кој бил искочен? Ваљда не бил сам.. Не прочитав некое инфо за ова затоа прашувам...
И да имало знаци на насилство, може и за тоа си рекле дека е од хипоксијата Исто како и траумата на мозокот нели. Какво тепање, какви бакрачи.
јас прво што прочитав беше утрото накај 7 дека се бори за живот на карил. после 10 тек прочитав дека мртов е однесен уште во 4. како и зашто се пуштани вакви инфо нез... ама не ми се верува дека е за животот на шмокљанот да го спасат, да избега...
На некои портали имаше па дека одма била констатирана смрт. Циркузи. Па го анимирале, па не го анимирале.
Да бе, не забележале... доктори... Кои аматери, држава на циркузанти. Каде живееме еј, свет слободно се претепуваат на улица, додека другите гледаат од страна. Дечкото лежи на земја, никој не му дава прва помош. Доктори идиоти, човечност и професионализам нула. Срцев удар... Не да ми е срам да кажам од каде потекнувам, него веќе не сакам да постои парадоксот Македонија.
не ти личи ко да немале поим кој е па ај брзо брзо пиши срцев удар да не будиме колеги од обдукција, па стигнале новинари-ај лажи и оп се дознало дека не е било кој?
Ваљда на прв поглед изгледало ко срцев удар без томографии, ангиографии и било какви испитувања, него "од око" па затоа.
По толку удари у глава не верувам дека им личело на срцев удар. Од срце се знае како изгледа мртовец (ок де, јас знам) ...туку така пишале да откачат шо побрзо ...
Tocno.Edno e da se kae na "zbor", a drugo e da se kae vistinski vo dusa. Neka si zivee sega so prekarot ubiec i neka prodolzi so kaenjeto vo zatvor. Go zgazi devojceto kako kuce na patot od so vozel kao stoka pa sega se kael.nema greska..
Господ да ги чува оние кои внимаваат, од оние кои не внимаваат. Залудно двеста пати веќе, од кога се деси сообраќајката па до оваа минута, пишуваш некои тугаљиви и сасвим непотребни рекла-казала муабети, во очаен обид да ја минимизираш одговорноста за едно дело. Кој ти кажал дека бил во шок, чистачката у притвор или психијатар што вештачел? Заборавиле да ти кажат дека тоа е ПРИРОДНА физиолошка реакција на мозокот кој на тој начин се штити од опасност од повторена траума. Значи, не е дека од сочуство паднал во шок, туку неговото тело и мозок си ги активирале природните механизми на заштита. И крај на прича.
Кажав јас каењето е само мамка за ублажена казна. И сите други вклучувајќи го и Боки 13 се вадеа на таа карта. Јбг државичево не знае како да напише и состави идеален закон, во други држави ќе добиеше 30 години можда без право на жалба.
Признавање на дело ти помага и те прави совесен во случаи кога не се знае дека ти си виновен, па всушност со признавањето се предаваш. Тука веќе се знае дека е он, нормално нема да изгуби ништо повеќе ако признае
Па оваа ми стои мивка за да и се пушта, Денис ми личи на покласа човек, или сум грешка, ама во пијанство се е можно. Го гледав видеото страшно, па како тоа никој немало не видел, да не се ширеле шпекулации, кога на видеото има многу луѓе. Срамота никој не пријде, барем до толку ли не можеле да повикаат полиција. Сега овие двајцана психопати во притвор ли се? А овој има ли шанси да го екстрадираат? Што како таксистот ќе сведочи ли и сите што се таму најдени на местото на настанот? Кај кој обвинител се падна случајот?
Во која држава во Европа за ова дело се добива 30 години затвор? Цитирај ми. Знаеш дека цел Кривичен закон ни е препишан и речиси еве идентичен како и многу други низ Европа. Само што таму и казните се поблаги, и се заменуваат со парични. И слободно изгуглајте. Инаку, судот и те како проценува дали сторителот се кае или не. Пресудата се донесува врз основа на докази. Пресудата е таман. Нема алкохол, нема дрога, прво дело, се кае, не побегнал, викнале брза помош. Очекувавте 30 години? Ок.
Ако бе. Нека сме ние фалични по твое. Ме мрзи да гуглам сега и не спомнав Европа никаде. Да беше за твое дете чисто сумњам дека ќе се задоволеше со три години.
Вие од која планета сте, како не знаете што и да сториш и да кажеш прво се консултира со адвокат, што требаше да направи? Не треба да имате големо познавање од право за да знаете дека секој законски има право на адвокат, и да не сака мора да има врз основа на делото да нема ќе му доделат по службена должност.