Ја немав ни јас видено, не роварам по нет, ама ми излегуваат вести. Насловот е сензационален, ама содржината друга. Каква клептоманија, овој е деликвент. За другото, ќе си ја одлежи казната, совеста не знам колку и на кој начин ќе му работи, ќе продолжи со животот. Сите ќе продолжат освен девојката и нејзините. Нејзе, ништо не ја враќа. Туку, нам, како народ треба да ни се крене малку совеста и сообраќајната култура. Македонија како див запад е станата.
Зошто зборуваш во множина? Јас не ги споредувам делата, само велам според видеото, мене баш ми се чини дека намера има. Ова не е форум на правници, така што нема ни потреба ништо да се квалификува или дефинира во правни рамки, секој човек со елементарни капацитети во двете ситуации го гледа тоа што е најочигледно, убиството. Во однос на намерата, ако ја користиме твојата логика, дека намерата се рачуна од моментот кога ќе излезеш од дома, тогаш и во двете дела намера нема.
Epa ima de razlika, sto velam jas, kradenjeto e ko bolest za nekoi, zavisnost, imav skolska koja od prvo odd si kradese od nas molivcinja, gumicki...ne se sporeduva so nesrekite, ti velis ete lezel zatvor pa pak krade, vo kontekst, i ovoj ke lezi pa pak ke gazi luge otkako ke iskoci, a samata si kaza i sega deka bil delikvent od mal, znaci nema prostor za sporedba na dve razlicni dela i dva razlicni profila na luge. Dobra nok luge, diskusija utre prodolzuvam ako ima potreba
Да ви објаснам некои работи, затоа што гледам на многумина не им се јасни. Ова е поука за секој здраворазумен, нормален момак, па и девојка. При кој памет ракометарот излегувал во место каде се собира целиот квази-кримо шљам, деца навлезени во филмот Веља Невоља, Буба Корели, Раста, шмркање кокаин и амфетамини, а при тоа придружувани од еден куп ороспии со тапија? Место каде нон-стоп има проблеми од ваков тип. Не знам што се случувало. Се е шпекулација, но под претпоставка дека нешто си дофрлиле. Можеби се пуштал на “мафијашкава“, се вмешал нејзиниот “дечко“, ракометаров не се повлеков. Се развлекла ситуацијата и ете го резултатот. Извини се, повлечи се, тргни се на страна и тоа е тоа. НЕМА КУРЧЕЊЕ ВО ДРУГА ДРЖАВА, посебно во проблематични места. Уставен закон е едно, закон на улица е друго. Посебно нашмркани. Погледнете ја типката. Нашмркана и под дејство на алкохол 99%. Сум излегувал во Белград, Нови Сад, Софија. Ако некој дофрлува, се курчи, бара проблеми едноставно се повлекуваш, извинуваш, тргаш на страна. Нема дофрлување, делење правда, затоа што многу такви ситуации завршуваат фатално. Плус, голем дел од обезбедувањето се поврзани со криминалци и полиција. Имаат грб. Што и се покажа. Пробаа да сокријат при милион сведоци. Нека почива во мир.
Се согласувам да. Ќе продолжат некако меѓутоа мора да се смени нешто повеќе во однос на вакви работи. Овде каде што сум јас секој ден има сообракајќи и жртви и се се претежно млади. Карши моето работно место има школо за возење абе ко бонбончиња им ги даваат дозволите.
Затоа што тие таксисти секоја недела возат луѓе од тоа место и знаат каква раја се собира таму. Таму не одат луѓе на балет и опера. Зошто да става глава во торба и да добие метак во чело, а утре криминалецот преку врски да си шета на условна слобода за 3 години?
Јас мислам дека е инстинкт да помогнеш на некого, можеби грешам.... Ама кај е тука полицијата да пердаши, да сум полиција а најдам наркоман ќе го претепан па ќе видам дали ќе прават така. Ама неее, се курчат на деца што правеле галама или пиеле пиво пред зграда
Сѐ топ Не мора да значи дека се кучел Денис, глупо е правилото Ама и ја реков дека сигурно не сакал непријателство да си направи А и да се курчел, ова ли е решение? Па ти да видиш јас каква сум во реален живот накурчена, сѐ живо пцујам надвор и се карам ако ми префрла некој, досеа знаеш кај требаше да бидам така ако гледаме
И кај сообраќајката мислам дека има евентуална умисла. Зборот ми беше ако е така нели, не излегуваш за да убиеш. И да разграничеме, првото не е убиство, второто е да. Мислам дека и тука квалификацијата ќе биде насилство со последица смрт, не знам не сум прочитала по портали. Ама во секој случај не се исти делата и не може да бидат. Лав, точно за некои дела се преблаги казните. Согласно сегашните, пресудата е таа. Дали казни ќе се креваат, дали законот ќе се менува, ама ред во сообраќајот мора да има.
Прв пат да се согласам со тебе, ама доколку се работи за вакво место, скроз си во право. Што бара во таква дискотека? Ова не е само во Мк, секаде има вакви места и отсекогаш е вака, кој нормален оди таму. Сериозно.
Добро ама сепак видел дека кола застанала на пешачкиот а тој претицал. Зашто не застанал тогаш? Едит: Ова за шмркањето го прочитав на профилот на мои финансии имаше поставено прашање и се јавија луѓе со многу приказни. Излегло од контрола тоа. Имаше еден пишано дека редици се чекало пред вц за да шмркаат. Абе порано се знаеше и полиција да влезе во диско,може треба да има по двајца тројца внатре за поголема контрола и безбедност.
Па затоа е и обвинет. Виновен е, требало да застане, никој овде не го амнестира и не вели дека е прав.
Не си налетала (и не дај боже да налеташ) на некој со влакна во носот затоа така мислиш. Ете Денис налетал на такви. Мислењето на членот е многу реално ако ја размислиме ситуацијата со ладна глава.
Озбилен си со муабетов? Ова му доаѓа ко она фамозно сама си го барала. Прва работа, странец е, он многу знае кај иде каков народ. Плус, сакале ние или не, Привилиџ е еден од најпознатите клубови кај нас. Лично сум била сведок на крвнички тепачки во Станица, ако го сметаш тоа за океј место, ако не please educate us кај да идеме за да не не убијат. Второ, со нив бил. Не ја знаеме ситуацијата за да можеме вакво нешто да кажеме. И најлош на свет да е, најкурчало, најдволичен, ова не смее да биде начин. Работава, се курчел си го добил. А и на крај краева, не се сите исти. Некои можат да преќутат, да се повлечат. Некои не, погорделиви се, сакаат да си го зачуваат достоинството. Не секогаш е решение ќути и терај. Дечково ако се курчеше, ќе му возвратеше на ударите барем еднаш, да се курчел и врател можеби и различен исход ќе имаше. Ако не од дома да не искочиме, зашто се шетаат убијци надвор, може лошо ќе ги погледнам па ќе ме уббијат клоцајќи ме по глава.
Малце одвише време па разлистав, една реченица НЕМАТЕ напишано, ништо ама баш ништо за несреќата во која загина Верица Белчовска која спаси три животи. Возачот ИЗБЕГА ама не беше ставен во притвор, пасошот му го зедоа само. Овој го тупнаа одма во притвор, а тој што кидна у истата секунда пасошот му го земаа само. Осуден беше првично на 15 месеци, па зголемено на 30 месеци, ни возачка одземена ни ништо. Каде бевте тогаш да испишувате 7989 страни, ни збор не сте гукнале. Која селективност, сите вие што барате поголеми казна немате право, оти не сте барале ни за овој случај. Ставате на кантар чиј живот е повреден па според тоа ли одредувате казни? По не знам кој пат ми се згади од лошотилокот на овој народ. Исто така и некои фацички по фб кои редат статуси сега убаво се сеќавам дека ништо не гукнаа за овој случај ! Една реченица не посветија за девојката.
Тоа е тоа што го зборувам цело време. Кој е тој што ја згази Верица Белчовска, зошто го кријат зошто не е во затвор? А зошто Јордан го распнаа и почнаа да му вреѓат и колнат семејството. А тоа е разликата тој што ја Верица згази избегал, ниту е во затвор ни се кае, За разлика од Јордан. Можеби сега ќе сфатите цело на време ние "адвокатите" на Јордан на што целиме. Јордан за жал си го јаде за сите. И тоа не е убиство, туку несреќен случај.
Не е како во Југославија цајканот кога имаше дозвола што сака да прави, сега ќе го стрпат во затвор за насилство, како тој во Битола што нашлака Ром, ем ја изгуби работата ем доби казна затвор. И полицијата си се трга оти добиваат прашање Ти знајш кој сум јас, или на кој сум јас? Па се вртат телефони и врски се фаќаат и на крај полицијата го јаде подебелиот крај од стапот
А ајде он ќе си добие казна. а онаа каде е што го собра чоекот кај Мост? Што шибаше 100 на саат?? И ако така гледаме ајде да речеме и зашто пешачите одат на пешачки како да се на корзно? Не гледа ни лево ни десно, само шиба напред. Со слушалки, на телефони и слично. Аман те молам. Сабајлево пред зграда ќе ме собереше една со точак!! Пред зграда каде што нема улица, стоев она вози не гледа важно е на точак!!!