За овој случај конкретно мислам дека немаше доволно медиумска покриеност. Повеќето дознавме за случајот кога МЗ почнаа да објавуваат дека извршиле трансплантација на органи. За случајов со Јордан имаше голем притисок од јавноста, затоа и побрзо има пресуда. Верувам дека и за другиов да беше така, веќе ќе си ја одржуваше казната. За жал мислам дека нашиве "медиуми" даваат повеќе значење на вакви несреќи во главниот град, а за оние во внатрешноста се помалку известуваат.
Да. За жал знам многу вакви случаи кои некои завршиле и фатално. Има места кај што се оди и кај што не треба да се оди оти не знаеш на каква будала ќе налеташ. Ако е местото како што го опишаа, а не го сретнав само овде овој коментар, тогаш, да, добро е да се одбегнува.
Не знам дали убаво сфатив, еве може стварно грешам. Ама зошто упорно толку се фаќате за олеснителна околност ако се каел. Било кој да е. Онде во темана за ќотек како воспитна мерка, сите мајчички светици, па ќотекот никако не смее да се случи, вака така. Тука за убиства( не ме интересира како и зошто, убиство е) ако се кае демек поблага казна. Еве и мајката ќе се покае што го шлапнала детето, ама нема да и простите. Да, можеби треба да се делат делата по тежина. Ама апсолутно не треба каење да допира до нас. Она што го видов за ракометаров, апсолутно сите таму присутни треба да се казнат. Буквално никој ништо не превзема. Не дека јас би рипнала да го бранам од удари, но пи*ч*а му матер ќе фатам штрафта и на првото безбедно место ќе се јавам во полиција. Овие сите сеир пукаат. Си гледаат филм. Еве бе и да и се пуштал, и да пререкол. Ова бе не го прави нормален човек. Вака крвнички да тепаш е малоумно и намерно. Намерно сакале да го мачат. Не ми се збори, ми се гади. Тука треба да растам дете, а ја веќе сега изгубив верба и живци. Во нашава држава ништо не функционира. И да, секако треба казна и за родителите, сигурно нешто не штима и кај нив чим воспитсле такви деца. Ама од мали се е,остај го дете е, да мамичка ти си најубава, најпаметна, ќе им местиме парички за бадник за дечињата да ни бидат стеќни. Ќе ги облакаме у марка, јер тоа е најдобро за нашите дечиња. И после, не знам каде згрешивме се и имавме пружено. Ете таму грешиме, што се им е на тацна. Моето дете е мало, се надевам дека ќе дочекам да порасне во здрваа права и разумна особа и да живее малце побезбедно. Зошто и кај маливе веќе е застапена таа поделба, кој е подобар,кој што имал поубаво. Кој бил поубав. Воспитајте си ги децата!!! Се убивте од бунење за сексуалното образование во основно,ама се буните и кога ќе слушнете за некој педофил. Ама јбг кај нас е се, остај дете е, фаза е.
Сега муабетов ви испадна на исто рамниште со сама си го барала,што има да носи краток фустан,кога знае дека има манијаци што силуваат.
Во врска со Јордан да кажам. Да не се правеме паметни. Знаеме денешната младина како размислува. Никако. Тоа се докажува во снимката со ракометарот. Коментарите од типот Требало да размислува за да не се кае,итн итн, не вредат ништо. Млад,неискусен,допрва положил и мисле ќе биде како сака (како и многу други во Скопје што возат,мислам знаеме како се возе таму). Еден куп ги има како Јордан што не мислат Само полиција на секој чекор,строги казни и без селективна правда. Сите треба да одговараат,а не некои само оти сите човечки животи што загинале поради друг вредат. Еве која нас почнаа многу полицајци да шетаат по улиците и навистина се намали бројот на сообраќајки
Да не ве цитирам сите три-четири никови кои многу перфидно секогаш кога ќе се спомне Јордан, вие одма рипате и ја спомнувате Кумановката, ете една одма ти притрча во помош, смо никако да разберете дека тие две сообраќајки не се исти, Викторија не му се испентерила на хауба на Јордан, тоа е сообраќајка во која има еден единствен виновник, а кога пешак ќе ти се џитне на хауба, тогаш тоа е несреќен случај, законот различно ги квалификува, и затоа веројатно немало притвор. Аргументот твој не може да биде ко во основно школо "зашто мене ме казнија, а него не", тоа е за деца што се караат за оценка, не за реален живот. Не зборуваме за сѐ она што се случува или може да се случи на улица, туку за конкретен настан за кој знаеме како се одвивал. Тој што ќе те собере со точак, многу малку веројатно е дека ќе те усмрти, затоа треба да ви влезе во глава дека возачот е најодговорниот во сообраќајот затоа што последиците од неговите грешки и невнимание не се исти со тие на велосипедистот или пешакот. И секогаш кога не знаеш каде да ја тераш дебатата бидејќи климави нозе имаат твоите аргументи, спомнуваш работи што немаат везе со иницијалниот коментар, а тоа е дали возачот се кае. Се кае да, зашто нему баш му се потрефило да му умре жртвата, инаку да не умреше, исто ќе шибаше непрописно.
По оваа логика, ако еден несовесен возач не е кзнет, тогаш никого да не казнуваме??? Сите знаеме дека правдата не е за сите иста, ама како може тоа да ви биде аргумент, за било што во животот? Ако мојот комшија фрла од четврти кат ѓубре и упорно пуши во лифт и не е казнет, истото тоа јас треба да го правм и да се бунам ако бидам казнета? Каде со логикава. А во однос на тоа колку се зборува или не за одреден случај, не се чини природно да зборуваме за настани за кои до нас допираат одредени информации во континуитет, мислам како да зборувам за сообраќајка или настан за кои не ни знам дека се случиле? И не, Јордан не си го јаде за сите, туку само последиците од своето дело. Многу се три годинки за убиство? Или ај пошто ниту еден криминалец не е казнет, ајде и него да го пуштиме
Јас имам право да се движам каде сакам, а ти немаш право да ме убиеш поради тоа. Без разлика каде бил, во какво друшто, што правел и слично, треба да си со психијатриска дијагноза да ескалираш ситуација од вербален конфликт до убиство со тупаници, чак не ни со оружје. Нема воопшто простор да дебатираме што мајка барала жртвата таму каде што била, убиство е убиство.
Па нема да знаеме кога некој тоа пробува да го сокрие. Тие што си имаат грб ќе си шетаат слободно и никој ни чул ни разбрал дека сториле нешто. Мизерна држава сме
Може случајно да ти рипне пешак пред кола, може случајно да удриш некого во мртов агол. Ама не може случајно да кренеш над дозволеното, не може случајно да заобиколиш кола која стои додека семафорите трепкаат пред пешачки. Па и вечер било. Екранот на телефонот поубаво ви се гледа денски кога блешти сонце или на потемно? Ко семафор да не видел тој што правдаше оти темно било. Немал намера да ја отепа ок, ама баш вакви грешки водат до сообраќајки. Секогаш. И оној во Охрид само претекнувал, од кај да знае дека баш тогаш на другата лента ќе му излезе кола, јбг. Технички и никој немал намера да убие некого со кола, дури ни пијани возачи, дури ни тие без возачка. Никој немал. И лекари што прават грешки немале намера да убијат. Зошто гинекологот што ја занемарила Дона не ја правдавте дека немала намера да ја убие?
Ги извртувате муабетите. Опасни се ваквите места, гледаш какви одат, издрогирани, wanna be мафијаши, во некој филм, постојано имало тепачки, проблеми. Они трошка емпатија не покажаа, па дури и гледачите, полиција не викнаа, се шмркало на велико и да, не знам нормален млад човек што би барал во таа околина кога навистина не е безбедно. Не дека сам си е виновен туку, вакви места во иднина барем да се избегнат оти дечко си умре баш од ништо. Знае он. Две години живеел во Охрид, 1 година е во Скопје. Плус за жал, на улица, во вакви клубови често странците се мета на насилство. Со дечкото ич не се согласувам со мислењата ама овој пат е скроз во право.
Тоа што некој има "грб", не значи дека ако и ти згазиш некого, треба да бидеш слободна. Не знам на каде го тераш муабетов искрено. Те мачи тоа што ти немаш "грб" и ќе мора да одговараш за недајбоже некое дело или како? Како сакате да изгледа правдата всушност. Пошто репер за неа ви се све некои криминалци, не нормални луѓе, стварно не ми е јасно.
Со тебе не може ни да се дискутира нормално. Не знаеш на кај тераш. Одма навреди и напади. Господе Боже