Има зошто да ја одбие бидејки тој подобро од неа знае ,плус има протокол,колку знам кај нас не е дозволен царски без индикација. Не зборував за твојот страв,секој се плаши,И јас за второто дете цела бременост си смислував индикација за да добијам царски,па кога ми рекоа крупно бебе,ги убедував дека јас не можам да родам крупно бебе ,се плашам,па на крај си го родив 4 кг природно за 5 минути.
Не е работава да си ги мериме стравовите, туку дека секоја од нас е различна како пациент, и докторот треба во обзир да го земе и стравот, затоа што Е индикација. Паниката не е мала и небитна работа. Другарка ми роди дете 4.900 природно, и покрај советот на докторите да се оди царски зошто стварно ќе се измачи. Таа беше исплашена од царски, и да, се изнамачи и роди природно. Тоа беше нејзин избор. Јас не би постапила така, ама не сум јас таа што е на бокс, така што немам право на мислење.
@CameliaMiller еднаш на друга тема имаме коментирано дека самата наша состојба е индикација за царски. Барем според докторите што ми ја водеа мене бременоста. И не беше само докторката во Плодност што рече нема шанси да се породиш природно, беше и матичниот што ме знаеше од претходно и ми ја знае состојбата. Иако имав и други индикации, и да немав ќе предложеа поради тоа. Има разлика од страв до страв. Мојот страв со пулс скоро 200 не знам како ќе го решев да не ми беше анестезиологот со анестезиолошка сестра во тек на цел пораѓај над мене и за рака ме држеше. Неколку пати ми стави нешто и дури по излегување од сала ми кажа дека бев лошо, се тоа од анксиозноста и од паничните напади.
Една па кога дојде да се пораѓа докторката и кажа дека не може природно и мора царски. Жената не прифати и ја пратија за Скопје. По патот се породи. Значи и докторите некогаш може да згрешат. Во последно време гледам по фб многу статии како жеените породени со царски се хероини. Зарем оние другите не се? Секоја жена што без разлика како дава нов живот е хероина. И не е фер едните да се величат а другите не.
леле е стварно не сте интересни туку си ги мерите овие три дена си отиде жената денес слушнав детенцето биде подобро се знае како е најубаво природно без никаква анестезија ако закрче нешто и нема опција за природно тогаш крајно да се оде на царски Јас одбив царски а др не се нафати да ме породе природно рече јас вака постевено бебе природно ен те пораѓам ,плачев дека не сакам царски па даде Бог у последната ден се сврте главично
Од кога пораѓајот се смета за ризик и тоа по животот? Зошто стварате паника и го доживувате како чин кој може да заврши трагично? Не, не е. Кажете кај нас има неспособни доктори па затоа. Угриновски на пример за дискусхернија вели дека е рутинска операција и дека мора да се оперира. Ништо страшно. Народ вели кичма не се чепка. Он вели па глава веќе се отвара со локална ти за кичма ќе се плашеш. Сестра ми, не се пораѓаше во Мк. Имаше проблем со жолчката, и лачеше многу и цела се исфрлаше. Мораше да ја породат. Цела недела беше во болница, три дена со болки, и те како со индикации за царски, ама на крај и дадоа провокации едвај и ја породија природно. Значи за каков избор зборувате не знам, ама царскиот секаде се прави заради индикации, а не заради избор. Освен кај нас. Јас се пораѓав царски поради индикации. Да можев јас ќе потпишев да раѓам природно оти здравството ни е катастрофа.
Пропуст на лекарот било,има обвинение,Таа починала неколку часа после породувањето од хеморагичен шок.
Прв пат слушнав сега. А хеморагичен шок може да се јави и кај царски рез. И тоа е грешка на лекарот што не направил да се спречи крварење.
Затоа јас не сакав да се пораѓам со анестезија. Поарно да си кркам болки, отколку да ме боцкаат во кичма. Среќа што не завршив со царски рез. А што се случи со докторите од Санте? Имате некакви информации?
Да не не е до анестезиологот, ами до анестезиите? https://www.facebook.com/makfax/posts/10155469976698353 Некако многу сите одеднаш почнаа лошо да реагираат на анестетик, а знаејќи какви лекови ни се нудат во државата, да не излезе ни болницата, ни лекарот, ами ова. Веќе да не знае човек на што да помисли во земја каде се е со дискутабилен квалитет. Жалосно и за родилката и за детето.
Имаше случка со сестра ми на времето. Големо бебе, она мала карлица, ама докторите рекоа ќе пробаме природно. Сестра ми 12 саати беше отворена само 3 см, и докторите и дадоа провокација и сестра ми од провокацијата распука цела и почна обилно да крвари, и се кренал притисокот до плафон од паника за бебето па ајде итно во сала ја однесоа. Од пораѓајот внука ми кај ребрата имаше огромен хемангиом, повреда при вадење најверојатно, ама на крај крива беше сестра ми, ја обвинуваа дека испаничила, инаку ќе го родела бебето природно. Со второто, со преекламсија сакаа да ја породат природно или да си плати 50 евра за доктор да ја породи царски. Нормално плати, зошто со притисок 200 ниту еден нормален доктор нема да рече, одиме природно по секоја цена. Неспособните доктори направија жените да бараат царски рез без никаква индикација. Неспособните доктори губат родилка во сала од неспособност. Докторите се тие што не ги гледаат родилките како што треба, не им прават потребни испитувања и прегледи пред сам пораѓај. Не се прават детални испитувања за здравјето и состојбата на трудницата пред пораѓај за да не дојде до компликации и уште полошо смрт. Не се криви родилките, криво е лошото здравство кое повеќе личи на пазар и маскембал отколку на хумана професија што дала заклетва дека ќе даде се од себе за да спаси човечки живот.
@ivi1987 нема веќе гинеколози какви што имаше на времето. И јас и сестра ми сме родени со царски рез. Татко ми кажуваше дека тој период на мајка ми и правеле разни испитувања за да видат кој начин е подобар за пораѓај. А овие денес инсистираат прво на природно породување, а во многу случаи има причина за царски рез. Така е кога се вработува кој стигне. Со овој начин ќе стигнеме до самото дно.