Не да не размислуваат, туку како размислуваат.. Ќе го истепаме, јас сум многу јака женска, веќе нема да ми се пушта од страв, како може некој воопшто така да си мисли..
Па вакви психопати што вака маваат и тоа пред народ,не знам дали некого би поштедиле. Ама се е јасно ако се што се зборува за клубов е вистина. Пред клубови не треба само обезбедување, треба и полиција. Мислам едно време имаше низ паркот. Јас кога бев 16, алфите ни се силеа на сепариња у парк, демек дали да не носеле у станица,у 17:00. Онака лагано дојдоа, земаа податоци и демек да ги носиме ли,и другиов му вика не бе не се тие. Готово решија мистерија ахахаа Едноставно народот нема верба во системот, ако немаш јак чоек, не можеш ни на доктор да завршиш работа. Не дај боже да се вплеткаш во вакво нешто. Секаде у свет реагираат нормално на повик за помош, само кај нас ќе чекаат да видат дали прво ќе те убијат па после ќе дојдат.
Не знам каква врска има мајка му. Ама ми се чини дека јас погрешно го имам сфатено коментарот. Ај баш погледни ги сликите што ги постирав.
Од снимката се гледа дека лошо падна после првиот удар, као што е он висок од таа висина директ на глава, само не ми е јасно како на почетокот изјавија дека немало видливи траги на насилство кога бокс му удри и плус ударите у глава откако падна?!
Ама зашто ме цитираш. Јас не сум одговорна да ги знам СИТЕ жртви на сообраќајки во државава, можам да дознаам што се случува ако сум директно/индиректно вклучена и ако медиумите известуваат. Ти како се информираше за овие случаи кои ги споменуваш, сподели информации, беше на протестите??? Сериозно, ти имаш списоци, сите жртви ги знаеш по име и презиме и знаеш до каде е разврската, сите?? Муабетов ти е за на чешма бидејќи нема многу логика во прозивката. Или ако на Верица убиецот не е казнет, тогаш во ред е и другите да не се казнуваат, ич да не ги спомнуваме.
Ајде де кажи ми ти мене, зошто не рипна??? Зошто не организираше протест, зошто не пишуваше по форуми??? По тебе, јас сум требала тоа да го направам, но ти не?
Па тоа ти го збореме бе женска. Дека сите треба да се казнат. Ти изгледа не разбираш што ти пишуваме од преска
Па каде го оправда? Гледаш вика сите некогаш сме се степале, ама не сме убиле некого. А обие дегениве, се гледа дека се тешки наркомани, се имаат прешмркано и во таква состојба едноставно немаш ни осет, ни чувство, ни па да разграничи нешто. Патем има вест дека типот со розе кошулата што е во бегство, порано бил осуден во Словенија за производство на дрога.
Дискотеката работела без дозвола. А бе убиство треба да се деси за да се знае дали некој има дозвола или не за работа?
Што очекуваш од држава која дозволила автобус без лиценца за пренесување на патници 130 пати да искочи од државата со се патници?
Мхм, автобусот возел без лиценца, модуларната беше без технички прием. Сигурно има уште куп вакви. Него, таксистот, зошто е тука, не сфаќам од снимката а болно ми е пак да гледам, они излегоа од него и отидоа накај дечково? Зошто таксито уште стоеше? Ги чекаше за после да избегаат? Мене така ми личеше.
Па тоа дека на секој може да му се случи ако не е оправдување, не знам што е. Не било убиство со умисла. Јеа, рајт. Ај да се помириме дека секој ден може да ни е последен оти дегени шетаат ко тројцата секој ден. И не, не може секој да убие човек или да се степа. Можеби у самоодбрана, ама ова со Тот е далеку од тоа.