Не било толку страшно.Или па ја не сум толку… Имал доста луѓе кои го сакале, а и може некои пак дошле да оддадат почит..Реков во очи му се гледа дека е душа Се надевам дека е на подобро место од овој скапан свет и мочана држава, и дека неговата душа ќе има мир
Затоа дискусија, притисоци во јавноста и протести. Сме спиеле што сме спиеле за некои случаи, колективно наша грешка. Од сега нема спиење и нема ќутење. И идење на протести. На тастатура сите јаки, кога треба да се излезе на улица по 20 души не има. Притисок, ако навистина сакаме промени.
Вчера на пешачки еден ладно ме заобиколи без воопшто да намали брзина ко столб да сум. Дур се казниве заебанција шо да се замара дал ќе ме чукне мене, тебе, некое дете или некој стар човек…
Еве го сега друг Министар на Телма, да се правда за све што засрале. Малце докторите ќе бидат криви, па после ќе искочи некој од Карил по телевизииве да се правда, и така.
Не бе топ нѝ се докторите Тие шо ги викаа убијци, се тие шо се понормални, ама овие шо заташкуваат никој не ги вика никакви.Абе сите сме топ.Ја од себе тргам, ја не сум нормална, не па докториве и политичариве
Секој што направил кривично дело мора да одговара пред законот. Само кај нас се заташкуваат убиства, на убијците им се дава време да избегаат. И не, никого не жалам ни Јордан, ни Анѓела што беше вмешана во убиството на Пино ... Јордан свесно возел со брзина над дозволената, свесно не застанал на пешачки и тука нема оправдување. Секој што е возач знае дека мора да се почитуваат правилата, знае дека пред пешачки се намалува брзината...И нормално дека ќе изјави дека се осеќа виновно оти така ги советуваат правниците, тоа им е тактика на сожалување за добивање поблага казна. А за селективноста знаеме сами како функционира ова наше наречено државиче, ако се притисни медиумски тогаш заради тој притисок се реагира, али нема секој моќ да ги притисни медиумите. Сегде во светот медиумите се независни само кај нас си одат или лево или десно...Селективност во известување секојдневно...Видовме и со случајот за Дона никој не сака да помогни..друго е ако секојдневно се дава за тие случаеви друго е еднаш и толку...Па новинарите треба како крлежи да се закачат на министрите, на секој прес да ги прашуваат, а до каде е овај, онај случај ...А ние тука можиме да си искажуваме револт, се додека немаме моќ не можиме ништо да смениме, и тоа е наша трагедија
Имаме моќ, моќта е во народот како во секоја држава така и овде. Овде проблемот е што голем дел од народот е партиски определен, од партија му зависи работно место, од партија зависат приватни бизниси итн и мал е делот од народот кој не е партизиран. Тука е проблемот. Партиските војници никогаш нема да излезат против партијата, тие другите се малку и сами не можат да сменат ништо. И така, кучињата лаат, карванот си врви.
И уште еднаш се докажа дека на нашево МВР не му избегал само оној кој неќел да му избега, или не пробал да му избега, буквално.. Ја не знам дали на се замараат, или некој друг фактор игра улога, или толку не се способни да најдат еден човек.
Да, моќта е во народот ама менталната склопка на овај народ е изместена. Во секоја држава најголем дел од народот е политизиран, али кога станува збор за правда застанва на нејзина страна. Само кај нас се трга на страна и одиме по правилото зошто да се мешам јас, или како на видеото со Тот, гледаат од страна и не реагираат, барем да повикале брза помош. Ако сите застаниме без разлика на политичка партија, етничка припадност и протестираме за неправдите нема да можат да не условуваат. Али тука секој се трга на страна, и затоа и во наредните 100 години нас нема да не биди држава ако и воопшто до тогаш постоиме
Колку што се МВР и другите институции нефункционални, толку пострашен е фактот дека седуммина сведоци (вклучително и таксистот кој уште ги сочекува да завршат со тепачката и да ги врати дома да не се мачат да штрапацираат) НЕ пријавиле кривично дело. Вака кога ја сослушав динамиката на настаните, ако е точно ова што го зборуваше Спасовски, Мвр последни дознале. Ама затоа што никој не пријавил.
Секој се трга зашто егзистенцијата му зависи од партија. Кој и да се побуни, ќе јаде по капа “од горе”.
https://fb.watch/clzNgGPKX1/ Видливите траги се тие што СЕ опишани на кт и што НЕ се опишани Епа дечки мислам дека ако сеа не сфатите и мрчите стварно не сте фер Изјавава и е толку лоша, што и првичната и ја простувам
само неколку минути гледав од погребот ... треба нов член во законот. во ваквите случаеви родителите да имаат секое право да ги мачат сторителите до последен здив.
сакам кажам, не знам речам. Ни` објасни шо се видливи траги, фала, и ние без медицина знаеме шо се.Него, чим се ВИДЛИВИ, за кој к рекоа дека НЕМАЛО видливи траги. Дали некој од КАРИЛ и МВР би сакал да ни` демонстрира, да јаде шутеви у глава ко Денис, и да видиме дали ќе има нешто или не, м? како шо имаше за силувањето на девојката од Велес, реконструкција, така и за ова.Али на нив.Пошо нели ништо нема да имаат на фацата/главата, да ги шутнеме 2-3 пати, нишо нема да им е. како бе, нека ми прости Господ, некој шо паднал и изел толку шутеви, преживеал? мислам за до болница, Ај некоја докторка нека каже. Ја ко шо сфатив од се` досега, он после саат време бил однесен у болница, па таму пробувале да го реанимираат ДУРИ 24 ЧАСА до следното ПЛАДНЕ. пазете, од 4 сабајле, до наредниот ден се 24 часа ова е понова вест: Од КАРИЛ уште еднаш повторија дека пациентот бил примен без срцева акција, без знаци за живот, и без видливи повреди. За глобалниот оток на мозокот кој бил констатиран на компјутерската томографија, наведуваат дека може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Токму затоа телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта го предале на Институтот за судска медицина. прашање, колку време може да седи некој без срцева акција? без видливи повреди? ју шр? ОВА Е ОД ПРЕД 5 ДЕНА: Македонската спортска јавност ја потресе вечерашната вест од главниот град. Имено, ракометар на суперлигашот Бутел Скопје наводно рано утрово бил брутално претепан и итно бил пренесен во една скопска болница, каде биле констатирани тешки телесни повреди. Идентитетот на ракометарот го открија хрватските медиуми, кои открија дека претепаниот ракометар е 27-годишниот Денис Тот, кој од оваа сезона игра во Бутел Скопје, по успешниот период минат во Охрид. Информациите на „Вечерњи лист“ се дека Хрватот Тот се бори за живот откако бил претепан во непознати околности, кои допрва ќе треба да бидат расветлени и образложени од полицијата. 8МИ АПРИЛ: Тот заработил повеќе скршеници и други повреди откако бил удиран со тупаници, нозе и различни предмети. ало? имаше една статија кај шо пишуваше дека 24ч седел у болница ама да ја најдам само Ноќта помеѓу 6 и 7 април на Ургентниот центар примен е 27 годишен пациент без срцева акција. На пациентот не се забележани видливи траги од насилство при приемот. После целоноќна борба и реанимации, кај пациентот е вратена срцевата акција и истиот е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде продолжува да е во критична состојба, изјави Маја Мојсова директорка на КАРИ ако е вратена срцевата акција, зошто починал? Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. https://sportmanija.mk/soopshtenie-na-mvr-vo-vrska-so-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/
могуќе, ставаат ероин во дрогата од срцев удар стигнавме до курчење и психопатско понашање 3 на 1.. се наежив дур искуцам..