Мислам дека нема да можи судството наше така лесно да си помини... како што си се навикнати. Нема да можат да мрднат затоа што е странски државјанин, мора да ги осудат, и не ми се верува дека ќе е блага казната, тука има и снимка што е многу јак доказ. Плус медиумска експонираност и притисок од Хрватска. Да се надеваме дека нема да излезат до крај на живот монструмчињата....
Сама кажа срц. Мака е криење ако не си некоја ѕверка. Потерница си има, кад тад или ќе го начекаат или ќе се предаде.
Знаеш како? Јас завршив средно у орце, 5ки имаа само ептен бубалиците и они шо беа пуни кеш. На нас и обичните деца ни ставаа кецови и без испрашување. Секогаш беа фалени тие што се деца на некого. Другар чија мајка работеше таму, имаше 7 кеца у дневник, беше на полагање по 3 предмети. Знаеш колку бодови имаше на прием на факс? 98. Тоа е како да имал само 2 четворки во 4 години а сите други 5ки. Затоа што многу е битно да се носат јаки марки, не дека марките се нешто посебно, се е шкарт роба, ама тоа не можеш да им го докажеш. Ги разлигавуваат од мали, дека се најпаметни, најдобри. Ги учат дека и чорапите што ги носат им се најубави на цел свет. Секаде можат да поминат со пари. Ова за младината. Другото... Еве не знам, не знам како можеше народов да се лаже дека едното е помало зло од другото. Па им се може, не се замараат. Пошо видоа дека народ лесно се купува. Кога можат да се препукуваат за политички партии, кои ништо не им помогнале и ништо не им значат у животот,што очекуваш. Еве и во овој случај, има такви кои де караат за тоа. А реално, ме заболе кој е и што е на власт, дал бил од оваа ил онаа партија, ако греши, да го лежи. Ама кај нас не функционира така. Убиле човек еј, е ок де, и друг убил, па и овој оној не го фатија... Е не може така. Не може да се вадат дека ако предходните нешто не направиле, ок е и они да не направат. Ама зошто има до толку бездушни, како овие тројца, никад нема да разберам. Размазеноста ја сфаќам, знам како се дешава. Ама ова вака да тепаш некого не е само размазеност. Ова е психопатско.
https://24.mk/details/tortevski-ne-...idiotsko-e-soopshtenieto-deka-imal-srcev-udar Една снимка - 1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа (случајот со ракометарот Денис Тот). Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки - нефункционални семејства, домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии. Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило. Идиот е тој кој го дал таквото избрзано соопштение, дека имал срцев удар. Очевидците морале да се јават во МВР, требало да се јават и да кажат дека е нападнат“ - вели адвокатот Александар Тортевски во Студио 10 на ТВ24.
Пуздер го напраија у коментари А пола од фејк пишуваат Им фуфа.И кај Андреј и кај Ангело, пола се со фејкови, ебати мудата.А вреѓаат и шипци и држава и сѐ.Пиши од твој профил ако толку имаш нешто да кажеш.
Никој не се сомнева дека ќе ,,добијат" висока казна. Ама кој да им верува дека нема да ги пуштат кога сите ќе заборават на случајот после некој месец, без да кажат ќутенката.
Не е така лесно тоа, а и зошто би ги пуштиле!? Што ќе им речат? Ајт слободни сте, ама мењајте личен опис да не случајно ве познае некој..
Од поединци. Системов не е од машини направен ами од луѓе. Си има човек во тој систем одговорен за секоја ситница. Зошто се дозволува на тој човек, да заташка, да завлече, да сврти како што му одговара? Не е и Маре и Стојне и Трајко и Вики крива и сите во едно здравство, образование, индустрија. Еден е што е негова работата. Другите не смеат да му преречат, ќутат ради мобинг, работата или зошто последната колешка што се побунила не е веќе тука. Ако некој пак проба, се знае, не може тој на шефот да му кажува, скроз никој нема да застане од негова страна. Сите го штитат негативецот затоа што се ставил во позиција хиерархиски да зависат од него. Следен пат кога некој се бунтува за нешто, слушнете и разберете го, ако се согласувате поддржете го, не право виткање опаш и "не знам јас, исто ми се фаќа".
Нема да ги пуштат тука во Мк да се рашетуваат, па сите да знаат, туку моја претпоставка е дека ќе ги испратат во странство каде што никој не ги знае. Ме прашуваш зошто би ги пуштиле, па зошто ако не притиснеше Хрватска тие ќе го заташкаа случајот како срцев удар, а не убиство? Зошто овој што беше во бегство се предаде? Сигурно не е будала да лежи долги години во затвор. Ама за да и замачкаат очи на Хрватска може му рекле оди пријави се, после кога ќе стивне работата кога ќе заборават сите слободен ќе бидеш.