Имаше некое соопштение дека се познавале претходно со девојката а она вечерта била на сепаре со убицава и као на излегување нешто и префрлил на принцезата а она јаката п* се увредила и понатаму видовме како се испонашаа на снимката...
Да де, во странство ќе ги пуштат, во бољи живот. Ќе го заташкаа случајот зошто се неспособни и толку им е паметот. Пиши срцев удар.. Додека не сфатија дека е странец и не притисна Хрватска. Баш затоа нема ништо да се заташка. Се предаде зошто немал кај да бега. Пуштија меѓународна потерница, ако не денес, утре ќе го фатеа.
Зошто во секоја дешавка мора да има теории на заговор.. Измислени сценарија, па тој е близок до власта, оној им ја пренесува дрогата на мвр
Распнете ме ако сакате ама дечково е во право до некаде,сигурно не си рекле еј ај ќе го убиеме,колку само си рекле ај ќе му влепам шамар или ќе го турнам,голема работа,мислиш им поминало вакво сценарио низ глава,мислиш некој отишол со мислите додека мава дека другиов може незгодно да падне и да го усмрти,не,сите се као ќе му влепам две три,знам дека сме гневни и понесени од ситуацијава ама не е баш така. Пак ќе спомнам случај во Охрид,дечково оди вербално да се пресметува со двајца ради кои шо заврши в затвор,значи излегува и оди да се пресмета,со пиштол,кавгата ескалира ги упука двајцата,на суд рече,не се каам,пак би го направил истото. Децава се деликвенти,наркомани и секакви ама сигурно не им било намерата да го убијат. И да се едитирам,како му се нафрлија на дечково што искоментира,па почнаа племе семе,албанци вакви такви шо не измешаа,од лажни профили нормално.
Началникот на граничниот премин Блаце снимен како зема мито Е ова е црна хроника #СТОП за дел од корумпираната администрација!!!
Убиецот се предал веројатно затоа што со времето што го купил си нашол адвокат за да си обезбеди минимална казна. Не е глуп да чека да го уапсат и сам да оди во полиција, морал да најде некој попаметен од него, со поголемо искуство во криминални дејства да го советува.
Не разбирам болдот каква врска има? Да, може не планирале да го убијат ама штом учествуваш во тепачка треба да имаш два грама памет дека смрт не е неверојатен исход.
Ако немале факинг намера да го убијат што не му помогнале кога паднал на земја туку пут под ноге и заминале? Ај да убодам со нож некој и да се правдам дека само сакав да го повредам. Ама јбг, чим бодеш или тепаш или пукаш, исходот е можна смрт.
Немале намера да го убијат да, ама кога гледаш дека тој што си го удрил лежи и не дава никаква реакција треба да застанеш и да видиш што му се дешава, а не да продолжиш да го удираш. И на крај иако детево лежи во безсознание ладно да си отидеш. Ако удриш некого удираш еднаш и кога немаш реакција од другата страна прекинуваш, а не премлатуваш кога човекот го зема последниот здив на воздух и полека испушта душа.
Баш од оваа причина мислам дека девојката треба да е првообвинета. Не ми влага у глава дека фаталниот удар е од боксот ама добро, си знаат на судска сигурно повеќе од нас тука