Никаков здив,ништо,тој како мртов беше,0 реакција,не знам дали некој го гледаше Ериксен на Европското како изгледа кога ќе падне чивек а срцето не му работи,скроз истата слика ми помина низ очи. Тие какви биле издрогирани чисто сумљам дека биле свесни што предизвикале. Главната поента ми е дека кога ја почнале тепачката не им било намерата да го убијат. Затоа сите сега нека размислат пред и да помислат да турнат некого во диско зашто не можат да поминат или некој ги погледнал накриво.
Е да, држи вода и тоа, ако е повредата од падот на бетон. Но мислам дека не е тоа фаталното, туку он беше само во кома прво. Мое мислење е ќе преживееше да не продолжеа да го млатат Клементина и Андреј
A kao na mirno mesto ne moze da sedi nekoja budala i da te ubie, neli? Treba da pazime deka da odime! Epa ajde doma ke si sedime ,najarno taka. Sekade ima budali i da izlezis na ukica do market da ides ke se najde nekoja budala na patot sto moze da te ubie.
Не верувам...ќе го спасела можда само пребрза интервенција што за жал знаеме дека во случајов е невозможна.
Кој ќе ти каже. Единствено од судска ако кажат тоа е релевантна информација, све другово не е за верување. Привилиџ немала лиценца за работа. Ќе ги гони некој кривично или ќе си работат исто како Дурмо и Беса транс? Во нормална држава излегува одговорно лице, санкционира кафич, мобилизира сведоци да кажат со нивни зборови што точно се случило, дава изјава од медицински тим што гледа, после ја чека обдукцијата да покаже дали имало алкохол/психотропни супстанци, дали тие влијаеле на исходот, прави реконструкција на цел настан, информира транспарентно. Кај нас бришат снимки од кафичот кој бај д веј никој не го прочешла 7 дена како работи, 5 дена не известуваат што се случило, даваат грешни изјави доктори, министерот не знае на која планета се наоѓа, сите дигаат раменици, две офци да им дадеш да ги чуваат, ќе ги загинат. Што мислеа со тоа главите кога идентификуваа мртов 27 годишен човек од земја членка на ЕУ? Дека тие исто ќе дремат со прстот у гз и дека нема да направат анализи и реконструкции? Коа се неспособни, ќе им лупаат европски весници наслови како тие вчера, дека министри заташкувале убиства. И скроз со право, кога вработиле најглупи службеници, тоа ќе се случува што мислат дека ќе биде? Мразам I told u so муабети, ама ви реков дека ќе ја ебат работата некаде кај некоја крупна риба и има да трпиме реперкусии сите. Ете, Хрватска (со право) се заканува со вето. Сеа корумпираноста на вмро, сдсм и дуи не помага. Гуски во магла, од прв до последен. Со чесен исклучок на докторите од судска.
Реално, клубот нема врска со сево ова бидејќи се одвива надвор. Сеедно дали имале лиценца или не. Не е клучна улога. Не се тепале внатре.
Точно, ама треба да има обезбедување пред влезот на клубот. Посебно заради вакви дешавки, да имаше некој да спречи ситуација сигурно немаше да заврши толку фатално.
Точно, но да има асални и квалификувани обезбедувачи, а не купени лиценци за обезбедување или ги имаш Никоб МДН итн, кои даваат плата и под минималната. Очекуваш тие да си го ризикуваат животот и да се вмешаат во тепачка? Јас не.
го делам истото мислење со тебе, мислам дека она мн повеќе го удараше и тоа се гледа дека е полна со гнев. Без трунка жал. Знаеш кога човек шо е полн со бес не гледа ништо пред себе е исто така ми делуваше и девојката.
Зашо тогаш плаќам лиценца јас бе Лили? Мене не ми требаат парите? Секоја година уредно си плаќам се што треба да платам, секоја година плаќам давачки и рацете ми паѓаат, мајката ми се еба. Или сите да плаќаме или нека не плаќа никој. Убиство имало пред клубот, ниедна инспекција не пуштија да видат внатре што се дешава. Не може така, не е фер. За некои мајка, за други маќеа државава.
А ти се зачлена за да браниш некого или со која цел ги ставаш сликиве и скриншот дека Денис и Андреј се следеле? Очигледно е дека се скарале ради женската и дека ја испровоцирал за да биде онака исклоцан ама тоа не го менува фактот дека го убија детето. Буквално го убија од тепање.
Уште еден доказ за тоа колку ни тоне секоја институција и на кое дереџе сме стасани на секое можно ниво. И по весниците имаше интервјуа чуда за тинејџ мајки и непланирани бремености и беше преставено како мед и млеко. Без вистинските предизвици туку како низ некои розе очила, па боже сачувај да кажеш нешто, одма безосетен си или љубомориш. Што да кажам, остај дете да забремени на 15/16 год, нека скита и нека се навлекува на пороци се додека не тоне во подлабоки гомна и не отепа некој вака. Оти ниту се свесни за своите дела а најмалки за последиците од нив. И да, никој не знае каква ќе биде иднината на неговото дете и кои одлуки ќе ги донесе но работата на родителите и институциите е да се грижат за нив. Оти после се 18/19 и веќе убијци станале очигледно некои од тие.
Те сфаќам, ама ова е надвор од дискотеката. Единствено нешто поврзано е што биле претходно таму. Ништо друго. И обезбедувањето на дискотеката нема што да се замара со тоа што се случува надвор, реално. Не се платени да се замараат по улиците што се дешава. На јавен простор се случува ова ..
https://a1on.mk/macedonia/pijan-pom...vF8t26uA8TVhIxUsg30r1e4OA35bi7qX748b_9CSY1jWk Е на овој ако не му фукнат 5+ години, гнаси се Искочија нашиве судии ептен милостиви
Велат ние сме "експерти за се". Па како да не сме кога никој "експерт" не си ја врши работата како што треба? Ич не ми е да се замарам во работи надвор од струка, ниту сакам да полемизирам што треба и како треба. Ама кога пред очи гледаш дека некој што процедурално треба да си ја тера работата не ја прави, нормално дека ќе те извади од кожа. Што и да работиш, од мајстор до инженер for God's sake нели може да си го работиш професионално во државава.
Лили, бришат снимки од безбедносни камери и директно со тоа ја попречуваат истрагата. Таа снимка знаеш колку би помогнала? Ако ништо друго би дала појасна слика од сведоците. Немаат оправдување. Што си мислеле ако бришат нема да никне некоја друга снимка? Еве ја.
Сфаќам дека од можеби правен аспект, прави разлика кој удар бил или не бил фатален за да знаат кого да прогласен за виновен, кого за соучесник. Ама за мене лично нема покрив или поправ у случајов. Исти лајна се тројцата.