А кај читате ова дека ја допирал или не знам шо.Дајте линкче.Ја на тиме.мк читам, ама нема ништо цел ден, ни по Фејсбук вака
А знаеш дека кога си го влепила можел да падне,да се удри од некое седиште и да почине...помисли на тоа во моментот на афект кога му ја залепи?
Искрено и немам видено тепачки, а веќе сум во 4та деценија, во мое време кога сни излегувале немаше вакво нешто, ова се страшни трауми
Според мене за ништо не треба да се користи насилство, ама се користи. Ударите на девојката не се фаталните, не го тепа за да го убие, ама ете сплет на околности, умира. Плус да викнале брза помош сега може и жив ќе беше и немаше да одговараат за убиство. Муабетот ми беше, како што ништо не ги оправдува што го тепаа и го оставија да умре, така и ракометрот ништо не го оправдува да вреѓа некого поради тоа што еве девојката била лесна. Многу работи не чинат во случајот, и сите учесници се со непримерно однесување, затоа и кулуминираше вака. Кај нормални млади лица, не се случуваат вакви работи. Да се разбереме. И доста со тоа млади се, излегуваат. Време е и родителите да се запрашат каде им одат децата, со кого се дружат, што прават, а не Господ да ги чува.
ај не ми драматизирај, седеше дечкото на седиште, немаше од шо да се удри не се секирај, и да се удреше, ќе се удреше у она за грб потпирање шо е меко. он мислеше на мојот гз дали ќе ме боли или не? не знаеш како ме залепи, дечко шо сум имала не ме удрил така.Цела генерација го има шамарано, у школо по ходници шлапаше девојчиња. Нит бев прва нит последна
Како имаа време неколку дена кога овие беа во притвор,да не мислиш така лабаво со мобилни ги оставиле,крајно сигурно на снимката се гледа поголем дел од исечокот што го видовме ние,ќе видат дали било така или не.
Ако Клементина би била ти "абе вие знаете него колку го удирале на утакмици,тој знае да паѓа,не му е прв пат да го плесне некој на земја" Е оваа ти е логиката Феминке и стварно детски муабети тераш,нит си размислила нит помислила во моментот кога си го шлапнала ај да не се лажеме.
Сум била сведок на многу полошо,во Охрид на времето кога вриеше срби на лето секој ден се млатеа крвнички.
Сведок на смртни удари беше ова, си пишала си била сведок на многу полошо, што може да биде полошо од тоа?
не размислив, кај кажав дека размислив? ама ти викам, и д се удреше, немаше да се повреди, камоли да умре не дај Боже. Афект-возбуда, вознемиреност, силно емоционално чувство манифестирано како несвесна активност и како ненормална психолошка состојба. затоа реков у афект, он мене као ме шлапна, мене така ми дое да го удрам.Он си седеше на седиште, јас проаѓав и ме опердаши. а ова споредбава со утакмици шо ми ја праиш, не знам зашо ми ја праиш. И да паѓал по утакмици, не го шутирале во глава. сите сме паѓале, дереле, без кожа сме се шетале, ама никој не јадел шутеви у глава да не требаше да му се извинам кога ме мавна по гз? или после коа сакаше по скали да ме фрли? е тек тогаш, да ме фрлеше, ќе јадеше ќутек ко магаре. од мене лично.Ја у животов поише со мажи сум се карала, ама ниеднааш не сум мешала, другари, родители, полиција.Сама си се ставам во проблеми, во срања, сама ќе си ги решавам.Не е дужен никој да се меша, а и нема зашто.
Ова е тоа што викаат секунди цел живот ти мењаат.Страшно е.Лошо е и тоа што го правел на девојката,а нешто сигурно има,зошто се гледа дека он тргна по нив.И он имал девојка,зошто да има работа со вакви девојки.Зошто такви боксови,зошто се е без да се размислува за последици.Жолти минути маваш не гледаш ни каде ни како.Арно ама еве што се случи.Оправдување нема,особено што не е пружена прва помош.Се надевам барем дел од луѓето ќе си ја чукнат главата и ќе намалат со насилството.
Некој ако те нападне и се одбраниш и тој умре, нема што да мислиш ти како ќе го удриш, дали ќе падне или не од твојата одбрана. Зошто во моментот гледаш ти да не умреш, а не тој што те напаѓа. Полицаец ако е нападнат со нож, мислите нема да извади пиштол? Ќе рече, стој и јас нож да земам. Ама ова е за самоодбрана. Самоодбрана не е - имаше непристоен допир во клубот, излеговме од такси и го убивме. Стварно треба правниците на темава да ги читате повеќе. Убиениот ракометар ќе ризикува кариера за еден непристоен допир. Секогаш сум да им се верува на жени, ама изворот на информацијата од кај доаѓа, од девојка со дете во дом, со дечко осуден за дрога за силување кој беше во бегство - не ми е баш профил на жртва. Мораше да се каже нешто, допир имало, кој знае каква е страната на Денис. Зошто оправдувате не разбирам искрено. Видеото не го гледав, еве кажете дали беше самоодбрана. Јас колку што разбрав (пошто не го гледав видеото) не беше самоодбрана туку напад. Некој ако ти рече курва не можеш да го нападнеш физички, не е тоа самоодбрана. Дали планирале да го убијат или не, којзнае. Шамар да му влепиш на некого, па и бокс, секој има природна отпорност да се задржи да не падне или ако падне да не е страшно. Ако го удриш некој толку силно да тресне со главата на бетон фатално, каква самоодбрана, па уште тој лежи таа мава, кај има тука самоодбрана. Самоодбрана е некој те напаѓа и ти враќаш. Ако те нападне вербално врати вербално. Не го акаш од бетон безразлика што ти рекол.
Сѐ ова што го пишувате е така кога си трезен, кога си под дејство на наркотици и алкохол друга е твојата реалност, во друга димензија си. Не размислуваат тие како вие сега.
^^Баш истово си го мислев Дали ќе се сопнеш или ќе те бутне некој, рефлексно ти доаѓа да се задржиш со рацете. Дури и наназад кога паѓаш, рефлексно го поместуваш телото да паднеш прво на газ или грб, главата да не ја удриш. За да паднеш на глава директно треба да паѓаш исправено за што треба апла јако да те акне некој, барем по некоја логика.
o vonbracno dete rodeno na 15 godini!A taa sega 19!Koj e nepristoen???Mizerno takva izjava za deckoto!Deteto sto go rodila go ostavila vo dom,pa skoro si go zemala,demek ,zarabotila, zenskata pa moze da si go cuva deteto!Ja prodavale i dobro zarabotuvale makroa od nejze!Direkten izvor od Dracevo,od kaj sto e devojkava(monstrum) Го прочита некој ова? Не можам да направам скрин зашто сум од пц, а ако барам од телефон ќе ми се изгуби објавата.
Директорката на болницата КАРИЛ, д-р Маја Мојсова, каде што почина хрватскиот ракометар Денис Тот како последица на повредите здобиени во бруталниот напад, изјави дека нејзината првична изјава за смртта на Тот била погрешно толкувана. – Згрешив што веднаш не им кажав на новинарите дека смртта е многу сомнителна. Тоа сите го знаевме веднаш, но на телото на Денис Тот навистина немаше траги на насилство или нешто што би укажало на физичка пресметка. Сепак, беше јасно дека тој е здрав спортист и дека приказната не е толку едноставна. Дополнително, токсиколошкиот наод покажа дека Тот не консумирал недозволени супстанци, изјави Мојсова за „Вечерњи лист“.
Ништо од тоа не е битно. Битно е дека удирала човек што е онесвестен и избегала од местото без да укаже помош. Дали родила или не, дали се ебела со еден или не, дали била претходно со милијарда исто. Нејзин живот. Ништо од тоа не треба да влијае врз одлуката. Како што за мажите не треба да не интересира дали една девојка имале или 100. Сите си носат ИСТА вина и на сите да им се суди исто. Затвор. Ништо помалку.