Видеото го изгледав многу пати за да разберам кој е кој , и едно нешто секој еден пат го приметувам. Тот не очекува дека ќе го удрат , еве погледнете пак за да го приметите тоа. Значи кога очекуваш удар се здрвува телото да се одбрани . Кога сфаќаш дека паѓаш реакција ти е да сакаш да се задржиш , кај него ова не се приметува не знам зошто. Што и да било до ова не смеело да дојде. А тие околу сосе таксистот би ги судела за учество. Нашмркан ?
И сигурно пребледен е однесен без циркулација како мртовец ама тоа како последица на тоа што долго бил без кислород. Ама при онаков удар што велам барем крв од носот ќе потече, тоа не може да не се види. И модринка да се направи на окото (што одма се прави на таков бокс), одма ќе исчезне зошто нема циркулација? За првичниот удар зборам, следните ај да речеме дека немал цуркулација. Не ми е јасно.
Се чудам, но ако модриците не биле видливи, да речам на предниот дел од лицето, а докторите не го пипале, не го свртеле, не прашале што било и што се случило (и тие од брза помош и тие од клиника), тогаш да, тоа значи дека не го прегледале. Ние сега снимката ја гледаме, но докторите не ја знаеле тогаш, тсму, во реално време ситуацијата, јас така мислам, инаку вакви банални изјави нема да даваат. Ако сум јас доктор кој е прозиван од јавноста, а знам што сум правела и дека сум направила сѐ што е во моја моќ, би кажала децидирано и концизно, а не вака. Срамота стварно, директори, доктори, шефови, како едвај основно да прошле, една чиста мисла од уста да им искочи.
Во право е докторката, не скокајте одма. Скроз и држи муабетот. Не е поентата да се напаѓа некој сеа до безконечност. Како што пишав и погоре и уште стојам со тоа мислење, единествена грешка и е избрзаната изјава. И самите знаеле дека смртта е сомнителна пријавиле во мвр. Она објаснува во емисијата што и како, ама еве пошто праша некој каква врска има шутот со циркулацијата ќе прераскажам што кажа она и како јас сфатив. Тот при првиот удар е во бесознание. Брзата помош констатирала слаб пулс, значи немал срцева акција, во превод срцето не работи и не пумпа крв до органите, вклучително и мозокот. Со самото тоа мозокот не се храни и изумира, а тоа е брз процес не требаат денови. А кога нема довод на крв модриците ги има ама не се гледаат со голо око јер нема крв, така кажа она и логика не да има туку ептен има. Е сеа мое видување, снимките освен мозочниот оток, веројатно не покажале ништо друго пошто модринките се површна повреда не се внатрешна, а компјутерската томографија снима внатре во телото што се дешава, башка немал фрактури на лицето само модринки. Како да има модринки и оток кога нема крв бе дечки, ете ви кажа докторката што треба да смениме физиологија на човек за вас да ви одговара? Не ми е поентава да се контрам, ама кога нешто не знам не се правам попамента од докторка со 39837 години школо и стаж, така? Дури ни по форуми. Е сеа, итната помош дошла дури по пола час а тоа е многу. Дур го однеле во болница и тука се губи време. Тој веќе бил скоро мртов кога го однеле. Успеале да го реанимираат ама сепак починал. Најкриви се тие мајмуните што дремеа пред диско и чмаеа никој не викна итна помош.
Почнувајќи од главата - министерот, преку полиција, доктори, судство, се' до Славица, ОПШТ ХАОС. Решение? Нема. Барем не во следните 20 години.
Да тие излегоа со соопштение дека починал од срцев удар следниот ден и во тоа го уверија и братот кој пиша и статус на фб. А докторкава вели 2 саата седела со фамилијата и им објаснувала како не им е јасно зошто настанала смртта. И на крај во извештај пишале дека кардиак арест е причината зошто немале друго објаснување. Нешто не штима. Ако не беа сигурни тогаш зошто пуштија таква приказна дека најверојатно е срцев удар? Само зошто немал траги на насилство? Зошто од старт не кажаа дека смртта настапила под сомнителни околности? Или докториве се неспособни или медиумиве не пренесуваат како што треба. Второво ми е поверојатно некако, дека ете не го гледал само еден доктор, повеќе доктори го виделе. Многу работи не ми се јасни, почнувајќи од тоа како немал траги на насилство па сѐ понатаму..
Ако се случи на пример срцев удар, да, на периферијата се намалува циркулацијата и би било логично дека нема да се формираат веднаш модрици. Плус, и во нормални случаи не се појавуваат инстантно. Или на пример може да се направи подлабок хематом што на површината не се гледа. Ама не знам, не сум 100% сигурна дали би било вака во случајов. Ако бил првиот удар пресуден и ако не лажат, да, најверојатно е така.
Да ама при онаков удар барем крв од носот ќе му потечел. Или оток ќе се јавел на удреното. Модринка може да нема ама оток ќе има видлив-отокот е насобрана течност, не е крв.
Ама си била жива не во бесознание, срцето ти чукало си дишела. Значи жива си била. А зошто мислиш дека мора да има? Што сте запнале бе толку? Дај боже гребнатина да имал, пострашно е кога нема, тоа значи или излив или внатрешно крварење или ете некоја ваква повреда. Од мое искуство ќе ти кажам имам на глава паднато без ништо да ми биде. Не паднал он на остар предмет или не знам па да има крв. Во сообраќајќи што мислите сите умираат од такви гребнатини и исекотини? Не, некогаш од јакиот удар има да речеме внатрешно крварење а на телото нула знаци.
Ама во фаца јаде бокс. Барем крв од носот ќе му потечеше ако ништо друго. А падот на земја го има хематомот направено, лошо паѓа се гледа и тоа. Тоа што го шутираа после, дополнително. Ќе видиме на крај што ќе каже обдукцијата, тука можеме до утре да нагаѓаме.
Чекај малку, го донела брза помош од пред диско, значи имале сознанија дека имало инцидент. Ако немал видливи повреди, го снимале? Знаеле дека е инцидент и дека има индикации за насилна смрт односно напад? Не може да хипотетизираат тогаш срцев удар или мозочен удар, дури и да се овие две, се случиле поради нападот, не умрел напрасно.
Па ваљда не отишол нашмркан у станица да се пријави!? Уствари веќе ништо не ме чуди од таквите наркоманишта
Кога доаѓа ваков критичен пациент докториве сигурно нема да мислат што да кажат пред медиуми за да нас ни одговара. Кажале што првично знаеле и виделе, работа им било да го оживеат и не мислеле сигурно на фемина форум што ќе кажат за нив. Ете и судска земале хисто наоди ќе се покаже што и како. Треба време. Не знам како си го замислувате ова ама премногу очекувате и докториве се луѓе на крајот на денот. Од кај знаеш како бил оставен пред диско? Може сите си заминале го остаиле ко куче сам, се исплашиле. дека е мртов и избегале сите. Да не бидам крив јас работава. Не знаеме што се дешавало после снимките.
И ова не ми е јасно. Викнала брза помош вработена од диското а кога отишла брзата помош сам лежел така барем кажаа. Во тој случај како да знаат дали му се слошило или бил тепан или затруен? А и вработените како да знаат што се случило кога ова е надвор од диското случено а тие биле внатре? Не ми е јасно како никој немало покрај него.
Луѓе ударот не е ни толку силен можда,пијан бил и Тот гарант,паѓаш ко греда ја акаш главата и толку е,се друхо што кажала докторката е медицински издржано,јас мислам дека во моментот веќе и скоро мртов бил. Никој не е будала ако има апла модрици и крв да каже нема насилство,па уште и филмови направивте се познавале сторителиве со докторката,аман бе луѓе. И да викнеле сведоците одма Брза помош немаше да го спасат,тука настанал и престанок на работата на мозокот,ќе беше можеби во кома само подолго време и толку,ништо повеќе и уште стојам на ставот дека падот бил фатален и да не му удреа бокс,само да го турнеа ако паднеше исто,истиот ќе беше исходот за жал.