Стефи бидејќи многу растревожено коментираш, ќе ти кажам прво да се смириш. Ова е форум, пред кооперација, пред чешма, како милуваш, служи за муабет. 20+ години плаќам здравствено осигурување, мое, твое, наше право е да бараме објаснување за нешта кои нѐ тангираат сите, бидејќи не е можно во буквално сите вакви/слични случаи докторите да избрзуваат со изјави, и на крајот на денот да ги жалиме пошто се само луѓе. Јас прашањата мои легитимни, ги поставувам тука прво затоа што таква ни е државата и немам каде да прашам, и затоа што мислам дека форумот за тоа служи, да разберам нешто што не го знам, и пршувам затоа што навистина се надевам дека некој може/знае/сака да одговори. Значи, прашувам затоа што стварно не ми е јасна динамиката на настаните, не се трудам да најдам кривец. Апропо модриците, ти може не си видела мртов човек, ама докторката видела. Модриците може да не се видливи поради механизимите во кои дотокот на крв престанува, но тоа трае. Можеби зависи од причините за смртта и многу други фактори, но трае, и тоа повеќе часови. И биди сигурна дека нема ништо да дознаеме, исто како што не дознаваме за сите други трагични настани, бидејќи медиумското внимание ќе се насочи кон други работи од црна хроника и така до следниот пациент. Тоа не значи дека не смееме да прашуваме.
Е добро де не реков нигде да не си дискутирате. Јас си кажав мое мислење, не пробувам да го сменам вашето. И јас сум за тоа да има одговори, затоа и сум на темава. И јас се исмевав со докторкава во еден коментар наназад коа не знаеше кај тера со изјави, ама не по секоја цена. Тоа сакам да кажам. Изјавата последна е на место. Ете ви дадоа одговори, издржани со факти. И сеа не ви е интересно. Ако е толку важно дали некој нешто прикривал, што не се фативте за снимките што беа бришени? Тоа е сто пати поиндикантно кој што и дали нешто крие? Се фативте за карил ко слеп за стап.ептен популарна ја напраивте докторкава што не беше ни на дежурство вечерта. Тепачка со смртен исход, приведени се децава, снимки видовме сите, судска ќе кажат наредна недела што точно е работата и тоа е.
И за снимките се зборува, како не. За сите инволвирани, знајни и незнајни. Ако ги разгледаш коментарите ќе видиш. Никој не спори дека многу рботи се нејасни, од пијачките што ги платиле заедно па надаље. Докторката ако не била на смена, ако веќе морала да дава изјави, тогаш малку концентрација. И по секоја цена мора да се дојде до одговори, за сите, пошто нечија цена е животот.
Доктор Мојсова во клик плус добро објасни, и секој од нас што знае медицина знае дека е во право, ако нема циркулација нема модринка, дали од ударот прв што го здобил или од падот на земја паднал во кома тоа ќе си го докажат стручни лица, мислам дека нема тука пропуст лекарски, реално многу лица се инволвирани од брза помош, ургентен центар, карил, и на крај судска медицина...
Јас првичната изјава не ја слушнав кога сите медиуми пренесиле те едно те друго, знаеш некогаш медиумите си пренесуваат непотврдени информации, некогаш пренесуваат од нерелевантни извори, од рекла казала, докторката рече дека биле испитани ензимите, покачени се, али не како за срцев удар. Некогаш и самата полиција си дава информации за медиумите(не знам за случајов како било) затоа е судска тука, тие ќе пресечат, нема што ние да шпекулираме. Поради тоа што е млада личност, најдена, сумлива околност...одма било пријавено во Мвр.. Тука зборуваме за релевантни институции не е секој корумпиран, и не можи секој да се поткупи....Како и да е дечкото никој нема да го врати, само да се надеваме дека 3цата ќе си ја добијат заслужената казна оти она што го видов на видеото ме потресе и се згрозив на бруталното однесување на така млади луѓе Не треба слепо да се верува на медиумите, пример во Код за Петар рекоја 5 члено семејство, а се 6 члена, не се 3 деца, се 4 деца...
Не рекол никој дека срцев удар имал. Рекоа без срцева акција (кардијак арест). Два различни поими се тоа.
Јас знам дека се различни Ама докторката прво рече срцев удар имал, не трескајте дека претепан бил. Мене ми е сумњиво и дека директно на глава паднал. За на глава да паднеш директно на под треба ко штица исправено да ти паѓа телото. Инаку паѓаш на газ или грб.
Срцева акција не е cardiac arrest, баш срцев удар е. Докторката во првата изјава рече дека имал срцев застој. Ах, сега прочитав дека си пишала БЕЗ срцева акција. Како и да е, рекоа дека имал срцев застој.
Кардиак арест (срцев застој) пишувало како причина за смртта само изглеа новинариве си го протолкувале и презентирале како срцев удар
Ама може до утре да збориме. Колку време поминало од ударот, до прием у болница. Зошто 15 минути да бил со срцев застој немало воопшто да успеат да воспосрават срцева акција повторно. Така да не верувам во тоа со циркулацијата и затоа немал модринки. Мислам не негирам дека е така, дека при срцев застој не се појавуваат модринки. Но сметам дека тоа не е случај тука.
Да, ама збораме за брза помош, ургентен центар и карил не можи сите да се успани, еден ќе се погоди што ќе биди заинтересиран да помогне, не е се така како што се пренесува, има многу стручни во докторска фела иако на секој чекор се деградира, за да се стани анестезиолог знаеш колку треба труд и знаење? Не е се само да се збора површно
Може да ми објасниш каква врска има трудот и знаењето да станеш анестезиолог со случајов? Џабе знањето и трудот ако не знаеш да ги искористиш.
Нема што да дискутирам значи ти сакаш да кажиш дека 3 институции не се способни? Ги деградираш цело време. Ниту си била таму ниту си го видела пациентот ниту си компетентна. Не одам поќе офтопик темата е црна хроника.
Мизерна држава сме. Се се крие, ужасни работи се случуваат. Јас сум згрозена од последните случувања кај нас, што стана со младината се чудам.