Дете како дете треба да е "глупо" и да допрва ги научи вистинските вредности на животот. А што правиме со возрасниот човек? Без разлика дали е силување или "љубовна" врска , треба да се казни брутално и крај.
Не мора да и ги вртиш работите, мене не ми е јасна тенденцијата на жените да осудуваат малолетнички дека се вакви такви и онакви, а не разбираат дека се жртви тие деца. Комплекс е тоа да, (дали од нивната убавина и младост, не знам), самиот факт што ти како возрасна личност се споредуваш каква си била ти укажува на нешто. Од каде знаеш ти во каква средина растеле тие девојчиња? Факт е дека се злоупотребени. Чудно ми е мене да не покажувате емпатија спрема деца како мајки или идни мајки, а никаде не ги спомнувате возрасните мажи кои најчесто се тие што заведуваат. За осуда се тие мажи, а не децата. За твоја информација, нити сум имала телефон да праќам слики, ниту сум се дружела со мажи туку со мои врсници во тие години, ама кога ќе слушнам такво нешто се згрозувам да, ама од возрасните што ги злоупотребуваат децата, не викам леле види ги пуфли ги заведуваат чичковците.
Имаше случај во Србија пред неколку месеци како возрасен маж силувал девојче од 4-6 год,биле комши ја однел на роденден по некое време двајцата ги снемало ја однел негде ја силувал и ја убил кога прочитав што се случило мислам дека животов ми се згрози солзи ми потекоа. До кога вака ќе биде зар нема никој да превземе во врска со ваквите болни умови.
Секој е невин додека не се докаже спротивното...и тоа треба да го почитуваме тука, на јавен медиум. Не да линчуваме, само да осудиме...! НО ..надвор од тука е друга приказна. Да се случи вакво нешто на мое дете, сите се свесни како ќе заврши.. Како и секој родител... Сепак, џабе нагласувате малолетна ваква таква... Факт е, а поткрепен е и со закон дека без оглед дали некој (а) е малолетна или не, никој не смее да ја/го допре без дозвола.. И се спротивно на ова е силување.. Па сега, има суд, судија ... да сме живи и здрави па да го видиме исходот..
Без разлика малолетен или полнолетен, силувањето е најгрозоморен чин што може да биде. Сите силувачи заслужуваат да бидат казнети за такво злодело. Колку треба психички да си пореметен за да се одличиш да направиш такво нешто. Педофилите не можам да ги разберам. Разбирам некој да сака да убие некого, ама педофил да си не можам да сфатам ! Зошто кај нас нема смртна казна ? Мислам дека помалку глупости ќе се случуваат ако се превземат посериозни мерки и тоа да се почни од вакви чудовишта.
Јас секогаш велам дека секој кој се одлучува да пристапи кон ваква одговорна професија треба да подлежи на еден стручно изработен психолошки тест. Кога велам психолошки тест мислам на разговор со наставникот со стручно психолошко лице. Тој тест треба да го подлежат сите наставници. Од друга страна униформите во училиштата треба да станат задолжителни, не само во гимназиите туку и во стручните училишта. Затоа што овој кодекс кој го имаат ставено се воведува во знак прашалник. При тоа наставник со средно училиште не може да биде наставник на одговорна позиција, ова го велам поради вработувањето со партиски книшки. Психолошкото однесување на овој наставник кој сам пристапил кон полов напад врз малолетна ученичка го поставува прашањето што и кого вработуваме ние, дали таа личност е спремна да толерира високи граници и дали размислува од голем психолошки спектар? Се поставува прашање дали самата ученичка му се набацувала претходно( без напади ве молам дочитајте до крај) и дали самиот професор избегнувал таков настан? Се поставува прашањето зошто професорот го дозволил тој чин ако знаел дека со неговите постапки ќе заврши неговиот живот? Дали професорот е психолошко-настроен човек? (Не доведувајте заклучоци професорот знаел). Јас не го оправдувам овој ужасен чин, ми е жал за девојчето. Нашето жалење нема да вратат ништо,нема да и ги излечат траумите. Институциите треба да се свестат и да воведат поголеми заштитни мерки, постручен и психолошки развоен кадар на стабилни професори. Голема толеранција верувајте е потребна за денешните деца,но тоа не значи дека тој треба да изврши полов чин кон некое дете. Настрана тоа треба да се поткрене и свеста на родителите. Детето треба да се поттикне и да му се посвети внимание, да му се објаснат кодексите на училиштето, да ги прашате како поминале на школо бидејќи одредени родители си работат до 5 и не водат грижа им даваат пари и тоа е тоа. Секоја чест на исклучоци. Зошто молчело? Токму затоа што нема кој да ја подучи, да и пристапи психолошки и од страв. Најмногу е болна свеста, таа моќ која ја има свеста и какви мисли произведува таа свест го знае само тој што минал низ тоа и токму тоа го тера човекот да се затвори во себе. ( Од психолошки карактер гледано). Значи не напаѓајте, се надевам дека професорот ќе биде разрешен од својата должност и ќе одговара за своето дело,а не овој случај да остане заталкан во некоја фиока и заборавен како и многу други случаеви на силување во Македонија.
Aбе се читате што пишувате? За ваше дете да се работеше ќе зборувавте вака? Како може секогаш за вакви дела, дури и каде жртвата е уште дете, некакво си оправдување да барате во облека, шминка, или не знам однесување... Абе како сака нека се облече, нашминка, човек што е токму во главата нема да ја чепне без дозвола и да ѝ остави таква траума, особено што се работи за девојче што нема ни 14 години. 13 години еј! А вие уште зошто не кажувала, може сама си барала. Демек многу знаете низ што минувала. Ми се повраќа кога читам вакви коментари сама си е крива, испровоцирала... Луѓево животни ли се да не знаат нагонот да си го контролираат? Психички здрав човек колку и да биде "испровоциран" што би рекле вие ништожните, нема од нигде никаде да му проработи нагонот и ќе си знае за што му служи долниот. Засрамете се со ваквиве размислувања...
Не станува збор за наставник туку за тренер и почитувана личност кај нас. Претседател на стрелачкото друство во Кав и татко на една јавна личност. Се додека не се докаже дека е вистина да се воздржиме од коментари што повикуваат на линчување на личноста.
Гугл, гугл, го најдовме. Законот е ист за сите, почитуван или не, нема зошто да се штеди ако се докаже дека е така. Повиците за линч од форум никогаш не се ни сфаќале озбилно.
Zakonot e ist za site i dokolku e vinoven neka odgovara bez razlika za koj se raboti. Samo znaejki ja familijat nekako tesko mi e da poveruvam deka takov monstrum od toa semejstvo moze da ispadne
Ме чуди како воопшто стигнала информацијата во јавност? Порано кога во вакви работи беа вплетени луѓе со повисок углед во општеството се заташкуваа работите, не дека немало и затоа е чудно.
Без разлика на такви ситуации, возрасен маж мора да знае како да реагира во таков случај, ако пример некоја 16 годишна му праќа слики на 36 годишен тој мора да и каже нешто во стилот "не се глупирај, оди читни нешто, нареден пат ќе те кажам на родителите" а не да зјае со јазикот изваден како пес и со едната рака во гаќи, али тоа е... А за случајов шта речи...човек веќе заборавил дека постои такво место како Кавадарци и опа ќе излезе нешто вакво или убиство или некој сличен зулум... Кога човек помислил дека наставниот кадар го достигнал дното веднаш ќе биде демантиран со вакво нешто, вредно како кртови наставниците и професорите копаат секојдневно во потрага по ново дно. Нивната бескорисност е легендарна и во најдобар случај и покрај декларираните цели тие не се ништо повеќе од бебиситерки за тинејџери, колку да не седат младите дома по цел ден. Но тоа се системски проблеми кои никогаш нема да се решат. Мислам дека следнава направа би била најсоодветна за казна за педофилија -
Можеби ќе се сетиш пред повеќе од десет години професор од прилепската гимназија беше обвинет и осуден за злоупотреба на ученички. Се' до тој момент, знаеш колку беше почитуван во градов? Човек и професор на место. Секогаш насмеан, интелектуалец, прекрасно семејство, добар живот. Ама... И на крајот, кога мајка ми ќе ме убедува дека ние сме растеле на улица сами, а сега децата сме ги гушеле со нашето постојано присуство и контрола врз нив, на улица, во парк, на нишалки и во игротека, и кога после стотоци расправии не можам да и докажам што се шета по земјава, ми иди само шамар да и плеснам и да си заминам!
I jas se cudam no nie sme malo mesto sto sakame da tracarime. Sega e povazno da ne se otkrie identitetot na maloletnickata.
Колку голем бес ме фаќа кога ќе слушнам вакво нешто Се додека за овие психопати гнасни бедни луѓе не се донесува закон БЕСИЛКА нема да престанат !! ПРИТВОР? Па што му значи притвор бе на тој стар психопад 68 год со тој болен ум си размислува и така не ми остана ништо со што ќе можат да ми наштетат ке си праам што сакам.. За такви треба многуу големоо измачувањее да не бидам безобразна да кажам каквооо и после тоа бесилка сред плоштад луѓето да ми наплатат и нема ни да помислат после кучињата на такво нештоо !!! ГОСПОД ДА ИМ НАПЛАЌА НАЈЛОШОО!!