Ја еден знам шо е на врата у Терминал, дечкото е океј. Иначе, моеш Интермецо, Станица, 1212, Минус 1, Three, Локал 45, Каса, Каса Кубана имаат убави журки За српско, Дион, знам летоска у Илинден у едно имаше добри журки, не у Животот е циркус, друго беше Ол деј за српско, ама и таму е мизерија, нема тепачки, ама сељачана…
Јас би укинала возачка доживотно. Да видиш како одма ќе се растерети сообраќај, секој трет веќе вози пијна. Толеранција 0 за вакви.
Кристијан го знаев лично, предобро и преубаво дете капка. На местото кај што загина се вози како да не е раскрсница летаат. Комшија едвај жива глава извади со камион го собраа да и со камиони, шлепери летаат таму. Со месеци во болница во кома во корито зошто буквално секоја коска во телото му била скршена го составувале... Не е прв пат таму некој да загине за жал. Нити полиција нити бутур има.
Луѓе тоа е нашата чудесна земја, ќе лета со кола ќе згасне нечиј живот и оп 3 год. затвор а ќе ја искубе министерката и оп 4 години затвор катастрофа. Како се извршуваат убиствата да ти е страв у продавница да одиш да не те убијат за леб или зејтин цццц
Во Мosh секој четврток има екс ју журки, убавоо место, океј народ. За српска музика, тие се, ама ја би избегнувала освен ако нема некој српски актуелен пеач, па тогаш може да начекаш поокеј народ. За Терминал не знам кој го држи, тие на врата поима немам кои се и какви, знаеме кој е обезбедување во државава. Clique во Штип е поокеј за српско. Наташа Беквалац ќе пее во сабота.
Ама нејкел тој, чашата сама се полнела и му се турала во грло. И после колата сама тргнала, тој сакал со такси да оди ама таа се запнала “при јас тука, кола убава, ти со такси ли ќе одиш?? Ааа не може така ќе се навредам, влегувај внатре, јас возам.” И така…сеа се кае гарант.
Не реков сосем сама да си помогне , туку во смисла ете да сака да соработува за да ме разбереш подобро. Погоре некој имаше опишано случај кај што родителите направиле се да му се помогне па ништо затоа што сам не сака т.е не сака да соработува па се помириле со тоа.
Да да, те разбрав што сакав да кажеш, затоа и пишав, во смисла на тоа дека "соработката" болните луѓе поинаку ја перцепираат, ама не е до нивната слободна воља или нивното несакање, туку такви се болестите, ретки се моментите на луцидност и трезвеност. Затоа на пример и зависностите премногу тешко се лечат и рецидивите се многу чести.
Крис го знаев, колку мене беше, насмеан, позитивен, воспитан, дете какво би посакал секој родител... Ко вчера да беше случката, уште ми е свежо и душа ми се кине. Ја знам и мајка му и немам зборови за утеха, дете единец им беше, прежално е некој пијаница со неисправен и туѓ автомобил на тротоар да ти го убие детето... Морници ме лазат додека пишувам и солзите едвај ги додржувам да не протечат А и не му била прва сообраќајна незгода на пијаницата, ама наместо да биде во затвор, од што имаме праведно судство поминувал само со парична казна За потсетување и за тие што не знаат еве еден статус на вујко му... Спојлер На 20.09.2016 година нашиот син, внук и другар Христијан Крстески, беше убиен од страна на алкохолизиран возач во неисправно возило кое излетало на тротоарот и со огромна брзина удрило директно во момчето. Ме прашувате што сакаме и што сакаат родителите на детето.... се разбира “правда”. Иако овој збор во последно време го губи своето значење, дозволете да Ве потсетам што е тоа. Под “правда” подразбираме почитување на Уставот и законите во Република Македонија, а таму јасно пишува дека животот на човекот е неприкосновен, односно никој не може да одлучи да му го одземе животот на друг човек. Исто така пишува и дека слободата на човекот е неприкосновена и тој има право слободно да се движи, како и дека на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Дозволете да ве прашам почитувани институции и почитувани граѓани на Република Македонија, кој Ви даде за право да не ги почитувате членовите од уставот. Кој му даде право на еден човек во тешка алкохолизирана состојба да влезе во автомобил што не е негов и не е регистриран, ниту пак технички исправен, со регистарски таблички од друго возило и да му го одземе животот на ова деветнаесетгодишно момче. Замислете автомобил што се движи со брзина од над 150 километри на час (според очевидци и сведоци) како неколку пати излетува од коловозната лента и со огромна брзина излетува на тротоарот и удира во велосипедист кој му доаѓа од спротивната страна не оставајќи му време за реакција и време да се збогува од убавините на животот. Кој му даде право на овој социјално беден и мизерен створ, кој околината го опишува како непожелен и одбивен од сите па и од своето семејство, постојано алкохолизиран и депримиран, да му пресуди на младиот, полн со живот и елан, студент, професионален спортист и велосипедист, со безброј планови за животот и иднината. Какво е чувството да си сопруга, роднина или дете на убиец кој го уби твојот другар со кои до вчера одевте во истото училиште. Злото го победи доброто. Замислете го ликот и карактерот на човекот кој го остава момчето да лежи во каналот, вртејќи ги сликите од својот краток живот, си заминува дома да се трезни и да смислува начини како да се справи со оваа, како што изјавува: - Судбина, така требало да се случи. Без трошка грижа на совеста дека можеби неговите постапки довеле до тоа, постојано на слобода, секој ден во алкохолизирана состојба, продолжува да бара судбината да однесе уште млади човечки животи. Пред некое време удрил и друго дете со автомобил при што поминал со казна од 380 евра, а пред неколку дена слушнавме дека удрил уште едно дете... Овој монструм изгоре многу македонски семејства. Ги прашувам одговорните институции: - Дали тој што не презема мерки за спречување на кривично дело е соучесник во истото? Кога случаен минувач повикува брза помош во 19.11 часот, тимот на брзата помош пристигнува на местото во 20.25 часот со претходно објаснување дека екипата од Петровец, која е најблиска станица на брзата помош до населбата Гоце Делчев, моментално има смена и не може да реагира, екипата од Ченто не се ни спомнува и дека ќе пристигне екипа од Карпош или Ѓорче Петров, кои се на другата страна на градот. Не сакам да ја коментирам професионалноста и реакцијата на екипата, тоа ќе го сторат сведоците кога ќе биде потребно, но да се бара од минувачите да го товарат пациентот со неколку скршеници од кои две на кичмата и една на главата во возилото е за дискусија и менување на името од “брза помош” во “автопревоз”. Секоја чест и огромно извинување до сите оние професионални припадници на медицинската помош и за сите спасени живото до сега, но овие другите, дотераните и нашминканите, со лакираните нокти, со мобилниот во рака и слушалките во уши... – Кој Ви даде право да одлучите дали некој ќе живее или не и дали ќе ги преземете сите потребни мерки за здравствена заштита или не? И кога ќе си отидете дома по работата и ке ги прегрнете вашите деца, кажете им дека денес заради Вас една мајка и еден татко нема никогаш повеќе да го прегрнат своето дете. Секој ден броиме жртви и правиме статистики, сме станале неми и слепи на све што се случува околку нас. Постојано слушаме за нови проекти на општините, а патот од Хиподром до Петровец сеуште се нарекува “Патот на смртта” Можеш да направиш безброј плоштади и споменици, ама животот на ова дете ке го натежне кантарот на правдата. Сите ќе знаат дека за време на твојот мандат стотина од твоите граѓани ги изгубија животите и дупло повеќе останаа со трајна инвалидност.Тој што со празни зборови ке рече дека нешто од напишаното не е вистина, за кратко време ќе се соочи со факти, аргументи и докази и ќе се соочи со вистината и одговорноста. Наредниот пат кога ке го пуштите своето дете да вози велосипед, да игра со другарите или да прошета надвор, помислете на алкохолизираниот возач... Кога ке седнете да возите автомобил во алкохолизирана состојба помислете на Вашата судбина... Кога ќе заѕвони телефонот во брзата помош, во полицијата или во противпожарната служба помислете дека можеби се работи за вашето дете... Нашето дете замина и неможе да се врати, а ако овој текст спречи барем едно дете да замине поради овие причини, ја испонил својата цел... А и околу чувството на вина еве да прочитате (објава од 16 јуни 2017) Спојлер Со солзи во очите на мајката на прегазеното момче и нејасна изјава за признание на вина, помина првото закажано рочиште за сообраќајката која се случи на 20 септември и во која обвинетиот Јонче Давидовски од Скопје со автомобил и под дејство на алкохол во населбата Гоце Делчев го прегази 19-годишниот Христијан Крстевски, кој по неколку дена минати во кома, почина од тешките повреди. Поради неодлучноста на обвинетиот дали да признае вина или не, судијката од Основниот суд Скопје 1, која ја води постапката, судењето го презакажа за 28 јуни. “Како да ви кажам судијке, не тргнав со намера никому да одземам живот. Не тргнав да го прегазам детето, тоа со велосипедот некако само се удри во мојата кола. Делумно чувствувам вина за кривичното дело за кое ми судите”, рече обвинетиот Јонче Давидовски пред судскиот совет. На ова судијката му појасни дека законот не предвидува делумно признание на вина: „Пред два дена дадов дозвола за да се сретнете и да се консултирате со вашиот адвокат. Постапката е различна доколку признаете вина и доколку кажете дека не признавате. Законот не предвидува делумно признавање на вината, затоа ќе го одложам судењето на ваш трошок и ќе ви дозволам уште еднаш да се консултирате со вашиот бранител, кој требало да ви објасни сѐ“, му рече судијката на обвинетиот, по што го одложи судењето. Во судница освен обвинетиот, кој беше спроведен во судница од притворот во Истражниот затвор во Шутка, присутни беа и родителите на прегазеното момче и негови роднини, како и двајца сведоци и вештакот психијатар д-р. Ставре Грамов. Мајката на починатиот Христијан која за прв пат по сообраќајката се сретна со овинетиот возач кој и го прегази синот единец, не успеа да ги сопре солзите. На Давитковски му се суди за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, за кое според Кривичниот закон е предвидена затворска казна од најмалку 4 години. Од Обвинителството по завршување на истрагата за настанот, соопштија дека врз основа на наодите во извештаите по издадените наредби, од страна на надлежен јавен обвинител утврдено е дека обвинетиот не се придржувал кон прописите за учество во сообраќајот. Во моментот на незгодата Давитковски бил со битно намалена пресметливост и тежок степен на пијанство. Возилото го управувал во насока од Велес кон Скопје, со недозволена и неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот и притоа удрил во момчето кое се движело по десната коловозна лента во спротивната насока. „Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 промили алкохол во крвта и со неприспособена брзина“, соопштија од ОЈО Скопје по завршувањето на истрагата. На возачот првично му беше определена мерка куќен притвор и му беше одземена возачката дозвола. Но во текот на истражната постапка поради непочитување на мерката куќен притвор, истата беше заменета со мерка притвор. Обвинетиот Јонче Давитковски според евиденцијата на Основниот суд Скопје 1 и претходно бил осудуван за слични кривични дела за кои му биле изрекувани само парични казни. https://m.mkd.mk/makedonija/majkata...zachot-delumno-chuvstvuva-vina-shto-go-zgazil Некој ако сака да прочита и нешто повеќе има и фб група https://www.facebook.com/groups/198322003925389/?ref=share
Ебати судијката ебати. Го упатува како да добие помала казна. Да фатиш и на клада ставање. Монструм во мантија.
И во петок и сабота особено да ти е страв во кола да влезиш, се' е пијано и вози. Еве ги пак шибаат во моментов кога пишувам, на сред град. После случајот кај Сити Мол имаше зачестени контроли, сега немам видено полиција.
Не може да гледа дете, детето најубаво ништо да не знае за неа, нека го земат се преселат, ќе го порастат ќе има убав живот. Како прво е убиец, како второ наркоман. Не се лечи нејзината состојба лесно, таа е опасна да шета по улици или не пак во близина на дете.
Nemaat 80 procenti Stan vo centar I kola od 30000 evra na kredit, posebno na 23 godini. Kreditosposoben na tie godini so plata od 40000 den I student.... Odi probaj zemi kredit I kupi ista kola.Da ne se lazeme. Ne e se taka naivno ko sto ti izgleda.
Rekonstrukcija mala na slucajot. Se slucilo sto se slucilo so Tot, doagja brza pomosh I go nosi vo bolnica.Na priem nema nikoj so nego I prashuvat dezurniot za povredis, brza pomosh vika go najdovme padnat pred diskoteka. Vednas go ozivuvaat I snimaat. Tapa povreda so klocanje vo vreme na priem vo prvo 45 min nema modrci, nema nadvoreshno krvarenje. MVR ne e zapoznaet dali imalo tepachka, neznaat ni brza pomosh.Pri onesvestuvanje griznal jazik I pochnal da se gushi. Go snimale nemalo skrshenica sto I potvrdile so autopsija . Izjavata na lekarkata bila preuraneta, trebalo da priceka izvestaj od MVR I autopsija. Za bilo koj sto se povredi Ili padne na ulica, medicinskite izvestai se za momentalnata sostojba.Site ponatamoshni ispituvanja moze da se razlikuvaat zasto zdravstvenata sostojba moze da se menuva za eden cas. Ne shpekulirajte vo teorija na prikrivanje zasto ne mozat 10 lekari da prikrijat fakti. Za prichini na smrt dava odgovori autopsija I MVR.
Koga padnal vo nesvest go griznal jazikot so zabi I nemalo dovolno kislorod vo mozok podolgo vreme.Ne mu go secele jazikot so noz.
Не само викенд тие си шибаат секој ден, вчера земал возачка и одма џипот на тате, мама, бате и ќе се прави мангуп по улици, а и што ако има полиција? И онака секој со секого се знае и да треба да пише казна ѕвонат телефони, со оној муабет "Знаеш јас кој сум?/ Го знаеш тој и тој..." и затоа ни е таква државата. А и не само со коли сега како сите се наоружани до заби (малолетници со ножеви.. боксирачи, вака така онака) да ти е страв да искочиш по дома, а кога ќе дое на суд СЕ КАЕ И ПЛАЧЕ... Не треба да имаме парични казни, според мене казна тепање, кога ќе го фатиш да му се изнатепаш, коски да му крцкаат еден месец и после се тивко и мирно...
Да не зел кредит да си плати во КПУ Скопје Шутка да не се појави таму, два стана во Скопје и таква кола а он да спие во Казанон Шутка во мизерни услови нема проблем...
Тогаш извини, но оправдано е што докторката ја повикуваат на одговорност, кога веќе се меша у штипки кај што не ѝ е место, тоа што сакала да си даде себе на важност и да се слика за теве си има последици, излезе несериозна, крајно. И во приказнава, мене ми фали time stamp. И многу клучни факти, како на пример кога дознале дека јазикот му е гризнат и што направиле по тој повод, ама пошто не е веќе работа на лекарите да коментираат бидејќи пациентот не е жив, ќе чекаме обдукција.
Какви црни олеснителни околности спомнувате? За убиство нема олеснителна околност, единствено ако е самоодбрана. Овде нема никакви олеснителни околности. Најмалку 20 години заслужуваат. А дека пробал некој да сокрие убиство, можеби, ама повеќе ќе да е грешка од трчање ко прле пред магаре, на непроверено, неиспитано, да се даваат изјави. И семејството поверува на тоа, ја исклучи можноста за физички напад, за на крај да испадне прав хорор.