Станувате малку напорни. Да, одлично читам и знам што пишувам. Докторка која нема надлежност, не е одговорна за обдукција и не го примила пациентот, дава изјава, притоа неточна, што може да подлежи и на кривична одговорност, во некоја нормална држава. Значи, сакала да постигне точно што? На Дума дома му одам, ко обично.
Ти си напорна со тврдењава напишани на памет два дена по ред на форумов и со нула аргументи. Ако она како директор нема надлежност не знам кој има, кој да дава изјава чистачката? Изјавата била дадена кога Тот бил уште делумно жив и на апарати, значи сабајлето пред да почине. За која обдукција збориш? Обдукцијата е подоцна откако починал. Никој не ја прашал неа од што починал ниту она има кажано такво нешто. Она само констатираше во каква состојба е примен пациентот. Гледаш како на памет си збориш? Те прашав и вчера по што заклучи дека е изјавата неточна не ми одговори. А за тоа што сакала да постигне, сакала да даде одговор на порталиве, тоа што го знаела во моментот тоа го кажала.
Ти беше веќе пишано, меѓу другото, стварно ме мрзи веќе да цитирам и објаснувам кога јасно е како ден зашто толку се џапаш и рипаш на секое спомнување доктор, башка си ги заборавила изгледа сите изјави На што ти одговори дека поентата ни била само да напаѓаме. Што не е така. Тоа што некои стручњаци во вакви страшни ситуации испаѓаат смешни и контрадикторни, не сум јас крива.
Оваа судијката што пресудила 3 години за Викторија, дали ако се работеше за нејзино дете ќе дадеше 3 години?
Се секавате што ја збришаа на пешачки и тоа девојчето што дарување органи, епа тој е на слобода, вака и овој случај и дрг и трет и десети.
А ви текнува на Филип Филиповски дечкото што го избодеа пред диско, остана без еден бубрег, слезината, вработен во мвр инаку. Напаѓачите двајца браќа (синови на бивш градоначалник од вмро ми се чини) се уште не се осудени, шетаат слободно, пљачкаат и никому ништо. Штета што никој не се крена за него, може да имаше притисок како за другиве бар на кратко ќе ги осудеа.
Еве ова прво ми излезе. https://sitel.com.mk/tatkoto-na-fil...zhe-da-bide-bilo-chie-dete-pravda-mora-da-ima
Не е крив судијата, законот ни е хаос, па олеснителни околности, па се кае, па незнам ти што, и ако она даде голема казна Апелација ќе ја намали, тоа е увек така. Незнам дали се сеќавате на случајот со Никола Саздовски Саздо, судијата им даде казна затвор од 19 години (едниот имаше 19 години а другиот 20 години старост, им даде пресуда колку што имаат години) а апелација им ја намали на 15 или 16 години. Кај нас е така ако еден судијата помала казна Апелација или ја потврдува или ја зголемува и обратно..
https://a1on.mk/macedonia/i-natamu-...PXgY3iN_G10ACz4x2htpiFU5aRPz4DdcDCzpCsPThgLSI Аха, а кога ќе дознаеме?
Parata izbusila za mislenjeto pod tebe, 3 meseci ni rezultati od istraga nema a kamoli obvinenie ili presuda skraja da e. Se vo tajnost se cuva.
Само две мислења гледам под мене: ,,после рекламите" и ова твоето. Срамота е во каква гнасна и корумпирана држава живееме.
Кој срам сме, прво се избрукавме тука со случајот со ракометарот, сега наш државјанин во Хрватска направил инцидент https://republika.mk/vesti/balkan/2...in-izbol-5-lica-pred-nokjen-klub-vo-varazdin/