Ајде се тоа ама кога ќе снема мало дете се креваш во воздух,пријавуваш полиција,викаш комшии да бараат,објавуваш по социјални мрежи,медиуми.
Не знам искрено, сеуште не ми работи мозоков на толку психопатски начин за да му ја сфатам поентата. Кревање паника можда?! Не сакам да мислам дека од досада и немање живот ова го прави некој.
Имаше ваква приказна и лани за во хиподром, само беше жена и бела кола. Се сее страв и паника безпотреба. Сега да не си им во кожа на родителие, лага-вистина ќе ти е шубе.
И јас мислев дека е лага, ама изгледа е вистина, има и детали сега, Слободен Печат објавиле https://www.slobodenpecat.mk/dramat...-vo-bitolsko-bukovo-go-odvel-nepoznat-chovek/
Некој човек/нечовек/криминалец се изложил на таков ризик и потенцијален повеќегодишен затвор за да киднапира дете и после три саати да го остави у шума и да си отиде? Многу ми е чудно. Ако имал намера да бара откуп или да го повреди детето, би избегал што е можно подалеку дур овие пребаруваат шума, нема баш да чучат во грмушка баш таму каде што најпрво ќе ги бараат. Верувам дека е некој неарен во паметот, без намера да убие или некој кој добро го знае семејството и има причина поради која баш нив ги одбрал, од сите гастербајтери од Њемачка. Да киднапирам некого без да имам озбилен ќар од тоа, ми е безвезе.
Не гледам некаде да се прокоментира за трите момчиња што ги однесе во длабочините на морето струјата и брановите во Грција, двете ги пронајдоа од кои едното речиси поминало 20часа во вода, само тоа си знае како има издржано. По третото уште се трага, постојано отварам фб со надеж дека ќе прочитам дека е спасено, но искрено мислам дека нема да го извлечат живо
И јас отварам по портали и следам на тв. Се надевам дека и третиот ќе го најдат жив и здрав, ама како што минува времето шансите за тоа стануваат помали.
И јас цело време следам со надеж дека ќе го пронајдат жив и дека е негде на копно испливан и чека да го спасат. Само тоа е надежта, иначе ако е во вода толку време неверувам дека ќе успее, а вчера читав и дека потрагата е прекината поради невреме, а не бил добар пливач (така пишуваат). Да се надеваме дека е негде на копно и ќе го најдат жив.
Баш пред малку прочитав дека бил одличен пливач. Многу време е поминато, чудо големо е ако го најдат жив
Да дополнам и прашам може некој искусен ќе пише. Како е можно толку да те однесе струја? Второво момче го нашле на 50км од местото залутан Зарем кога ќе те однесе еве струја до негде не тргнуваш да пливаш накај копно? Навистина не ми е јасно како И какви се тие струи толку силни за да те однесат толку далеку а притоа ти да неможеш да се спротивставиш и да испливаш од нив во друг правец и да се вратиш? Ај може некој ќе објасни
Мене ме има фатено струја, цел живот ќе памтам, страшно беше. Водата те враќа назад а истовремено те влече на долу. Бевме со мајка ми, одлични пливачи, ме бодреше да не изгубам сила. Прво дури пливаш не осеќаш дека те однело далеку од брегот, кога видовме плажата едвај се гледаше. Со тешки маки испливавме назад, затоа што колку и да пливаш напред тоа те враќа назад. Таа година имаше удавени од струите. Не чувал Господ, што да речам. Среќа не испаничивме, ако мавташ панично ќе се умориш и кога ќе паузираш да одмориш неколку секунди ќе те врати назад.
Не би сакал да алудицирам, но се повеќе и повеќе ваков тип несреќи се резултат на конзумирање опојни супстанци и алкохол.