https://mk.tv21.tv/pedofil-utsenuva...oletnichkata-bara-reaktsija-od-institutsiite/ Се уште не ги разбирам родителиве зошто им дозволуваат да имаат тикток на толку мала возраст кога уште одамна стана јасно што се се случува таму
Незнам стварно. Не можа да си објаснам. Како може бе да ум дозволуваат тикток после се што се случува?
Па, неодговорни родители се тие.Наместо да поминуваат време со децата полесно им е да им дадат уреди и цел ден да висат на нив.Кога родителот не врши надзор, детето е изложено на вакви опасности. Се надевам дека институциите ќе реагираат.
https://a1on.mk/macedonia/bebe-kidnapirano-vo-gtc-so-taksi-odneseno-vo-gjorche-petrov/?swcfpc=1 Не сфаќам што бара бебе само оставено пред маркет?
"Бебето било одземено од мајка, која стоела пред маркет во трговскиот." Каде прочита дека било оставено само?
Да и ја сега сакав да постирам.Незнам што се случило,ама страшно.Па и така да се осудиш да оставиш дете.Ни на кратко не би оставила.Во денешно време се има.
Другарка ми работи во Гтц и ми кажа дека бебето било одземено од мајката не дека било оставено само..
Јас во коментари на ФБ прочитав дека двете жени се познавале.Мајката додека пазарела бебето било надвор пред маркет и тогаш женава си го земала.Се работи за роми.Кој знае што се случувало.
Абе која е таа мајка што ќе дозволи некој пред очи да и земе дете од количка или од раце, ај да бил маж па да речеш не можела како жена да се бори, ама во случајов е жена што и го земала детето, па и те како би можела за свое дете да се избори. Во такви ситуации секоја мајка добива дополнителна сила и храброст кога станува збор за свое дете. Плус сигурно имало и мажи во близина ако викнела сигурно ќе се нашол некој маж што ќе помогне да ја спречи жената крадец... Ама по сè изгледа дека детето со сиот памет било оставено само пред продавница...
Мислите ќе добие казна убиецот на девојчето од Сараќино? И да ја одлежи, не само да ја добие. До сега сфатив само дека кој колку сака може да убива уништува како ништо да не е тоа Вредеше ли човечкиот живот нешто?
Не е само дали ќе добие казна туку и јавноста молчи. Потполно иста ситуација е ко со девојчето што го згазија пред Сити Мол. За дечкото што ја уби,возачот, во рок од 24 часа разбравме се, а и за неговата фамилија, па и тука на форумов. За Албанецов што возел преку 100 км и го убил девојчево Теодора ни глас . Молк. Никој не смее да писне.
За тој у Цетиње…сѐ најлошо да му се деси.Идиот, психопат..Бог да ги прости луѓето. Таа за бебети што го грабна, исто ненормална.Во двајцата лежи затвор и ќотек. А јас за друго ќе коментирам. 21 годишник, вчера или кога и да беше.Прегазил две баби во Зајас. До кога вака? за шо има полиција? И кога сопираат некого, селективни се. Како идиоти седнуваат позади волан И мене ми излета дедо со точак на булевар, ама го видов од подалеку, и возев поспоро.Мора да се прати во сообраќај.Сеа не дај Боже има несреќи, ама моја генерација, а и помлади. Или некои стари петарди, возат лудо, и гори и суво и сирово
Се ова се случува, цело време од ново и ново, затоа што никој не води никакви контроли. Не зборам тука само за полиција, туку и родители дома. Многу се распуштени новиве генерации. Минатата недела, во 5ч сабајле, малолетник од 15-16години со уште три деца, од прилика на негова возраст, со кола се забија во бандера па и во едно на ѕидчињата на Водњанска. Три од нив се со тешки повреди и во животна опасност. Не знам што да кажам веќе, да ти е страв во кола да се качиш или на улица пешки да излезеш.