Од загноен заб и те како може да се умре т.е. од многуте компликации до кои може да доведе ако не се третира. Луѓето треба да научат дека треба да бидат поодговорни и посериозни во однос на здравјето на забите, да не се лечат дома со цефалексин и аналгини и со тоа да дојде до посериозна компликација. Според мене, единствена грешка на лекарите е што не го задржале подолго од три дена на лекување во болнички услови, флегмона не се третира дома со орален антибиотик.
Јас со екот на короната вадев заб во Малта, умник. Имав мал оток и ми го вадеше на оток. Додека бевме таму ми објаснуваше дека ако не го извадам сега полошо ќе биде,а и плус и да го лечи ќе се скрши. Ми го извадија лесно, ама наредниот ден на работа почна многу да ме боли,уста не можев да отворам. Брзо заминав кај истиот им викам дајте ми нешто не можам веќе ме боли, пола час ме гледа, снимка ми правеше и ми дадоа антибиотик, едвај! Оти овде антибиотици многу тешко се даваат. И реков еднаш и никогаш повеќе.
Секако е нивна грешка, се жалел дечкото на болки, му рекле не си единствен што го боли, место да го сфатат сериозно и да превземат нешто. Џабе е сѐ, труло е здравството како и судството и сите поврзани институции. Ако немаш некој ти си никој.
Обавезно се пие антибиотик после вадење на заб, а особено кога се вади додека има оток. Знам мајка ми кога вадеше заб пред година-две, мораше да се извади додека имаше оток, но стоматологот сама и даде рецепта и и кажа обавезно да го земе антибиотикот и да го пие.
Не е муабетот дали може да се умре од загноен заб.... ако ми го прочита муабетот, нема врска со твоето. Во конкретниов случај, детето умрело поради лекарска грешка, а не поради загноениот заб.
Деновиве на социјалните медиуми и во јавноста родители пласираа информација за трагичната загуба на своето бебе и притоа ја прозиваа ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје и од тие причини сметаме дека јавноста треба да ја знае и нашата страна. Прво многу ни е жал што бебето ја изгуби битката и изразуваме длабоко жалење за оваа трагедија. ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје е добро запознаена со овој случај и ја убевруваме јавноста дека е постапено согласно протоколите за дијагностика и лекување. Сакаме да потенцираме дека една од најважните информации за здравствената состојба на детето е дека е родено со Даунов синдром, а тоа значи дека е дете во здравствен ризик. Во име на вистината и во има на сите професионалци педијатри кои работат на Клиниката и исклучиво во интерес на вистината, ја споделуваме историјата на лекување. Имено, женското новороденче родено на 27.12.2021 год. чија мајка ПВ го изнесе случајот во јавноста е хоспитализирано на одделот за Неонатологија при ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје на ден 11.01.2022 година, број на историја 118/2022, на постнатална возраст од 14 дена со цел да му се направат доиследувања поради фенотипски карактеристики за Даунов синдром и систолен шум. Во тек на еднонеделната хоспитализација кај детето е направен ехокардиографски преглед со наод во прилог на голем вентикуларен септален дефект со значаен хемодинамски одраз и препорачана е терапија за срцева слабост и белодробна хипертонија, која уредно се спроведува во тек на престојот. Земен е кариотип кој ја потврди дијагнозата на трисомија 21 (Даунов синдром). Реализиран е и ултрасонографски скрининг по системи на кој не се откриени останати малформации. Новороденчето во тек на престојот беше со задоволителен внес на адаптирана млечна формула, нормални столици по конзистенција и број и пораст во телесна тежина (160 гр). Испишано е со препорака за спроведување на терапијата препорачана од педијатар кардиолог, даден е совет за исхрана, следење на телесната тежина во матичниот центар и задолжителна контрола во амбуланта за неонатологија и кардиологија, по 2 недели на која детето не е донесено. Понатаму, детето не е донесено на преглед во неонатолошка и кардиолошка амбуланта и амбуланта за ендокринологија и генетика, ниту во останатите субспецијалистички амбуланти при ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, и ако тоа било неопходно да се направи со оглед на комплексната состојба – хромозомопатија и вродена срцева мана. На возраст од 3 месеци (04.04.2022) детето е прегледано во општата амбуланта на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје каде се назначени иследувања (биохемиски анализи, хлориди во пот, копрокултура, ехо на абдомен) и препорачана е контрола со добиените резултати во субспецијалистичка амбуланта на која детето не е донесено. Детето е повтоно донесено на дежурство на (12.04.2022 ) констатирано е пад на CRP, поради анамнестички податоци за одрдени испитување кои не се правени на Клиниката и анамнеза од мајка која дала информација за нишки на крв во фецесот, упатена е да се јави на субспецијалистички амбуланти Доенче и метаболизам. Поради комплексноста на самата ситуација и нередовното лекување на клиниката, побарана е комплетаната документација и утврдено е дека нема евиденција за никакви прегледи ниту испитувања на Клиника за детски болести Скопје, за што целиот стручен колкегиум тоа го побара од статистиката за евиденција. Како педијатри за нас највисок приоритет е здравјето на децата. Нашиот професионален живот е посветен на лекување на деца. Тоа се наши деца, наша иднина и наш мотив за работа и за живот. Уште еднаш, искрено жалиме за загубата на бебето. ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје
Се сложувам. Требало најмалце десет дена да биде хоспитализиран. Направено е сѐ што требало да се направи по протокол, ама пребрзо го пуштиле дома само со орален антибиотик. Не постои нешто такво како наопаку поставен дрен, барем во стоматологија, и чудно ми е што медицински лица дошле до таков заклучок. Грешката е во здравствениот систем, а богами и во лекарите. Имав сличен случај како дечково, исто кај младо дете, голем абсцес со опасност да премине во флегмона, го праќам на максило, ми го враќаат оти не било за кај нив. А такви случаи не се за амбуланта, ама ете, ми го вратија. Две недели се мачеше со болка и оток, на крај одвај го примија и лежеше една недела. Системот ни е за никаде.
Можеби и не дошле до таков заклучок медицински лица,може е сомнеж може е погрешно пишување на новинарите.Чисто се сомневам дека е завршена обдукцијата одма,т.е дека се стигнати резултатите.
Прочитав некаде вчера дека требало да лежи повеке, сам сакал да оди дома. Треба да се каже што се случило навистина.
Семејството на дечкото во објавата имаше пишано дека најверојатно му го поставиле дренот наопако и затоа дошло до сепса. И сега сите портали и народ се фатија за тоа. Барем порталите можеа да истражат дека не постои такво нешто како наопаку поставен дрен. Многу несериозно од обете страни, и од болницата што го испуштиле толку брзо и од дечкото што ако веќе имал болки и гледал дека нешто не е во ред одиш во Скопје, за твое здравје се работи.
Ако ова е точно тогаш трагедијава добива друг размер.Не е мала "работа" бебе со срцеви проблеми да не го носиш на контроли.
А бе одма по докторите мавај. А тоа што и пациенти не се придржуваат до препораки тоа никаде не се кажува. не велам дека здравствово не ни е труло ама па не е дека и луѓето некогаш сами си правиме беља. Конкретно еднаш јас бев на забар пред мене еден човек извади заб, само што излезе го плукна дренот и си зема ракија од ташна да се дезинфицира. Докторката и сестрата се фатија за глава!!
Ич нејќам заклучоци пред да се истражи нешто. Значи истражување е она на ИРЛ за Жан, ова е жута штампа. Јас не сум чула до сега да може дрен да биде наопаку, а сум имала дрен во заб, баш беше ситно цевче со исти два отвора, поентата е да истекува гнојот нели. Друга работа, нека си истражат и да видиме што е вистина, ако дечково сам си потпишал дека сака да си оди спротивно на лекарско мислење, сам.е.крив. Толку. Лекар се оградува кога ќе ти каже дека треба да лежиш, ама ти не. Во секојдневна пракса имам одбивање на хоспитализација, одбивање на третман, одбивање на се` и сешто. Ти викаат имаш карцином кој може да се оперира, ако чекаш ќе биде касно. Еееееј да размислам. Размислува 3 месеци, па ај сега сакам. Ама сега нема, зашто отишло јабана се`. Итн. Никој со сила не може да те лекува. Ме интересира МНОГУ точно што се случило, ако го пуштиле дома и му рекле ех нишо не ти е, очекувам и да се гонат кривично. Ама ако на отпусно црно на бело сам си пишал дека сака дома, нека служи за памет. Ако ви викаат да лежите, лежете. Не сте подоктори од докторите.
Точно, се пие. Барем во Мкд ми давале кога вадев за секој случај. Ама овде се чудни луѓе. Во случајот со дрен на заб - прв пат слушам. Се повеќе сакам мислам дека студент на пракса го работел забот ама доктор со стаж бил.
Не е до обдукцијата. Туку прочитав дека дечкото отишол кај општиот матичен доктор кога му се влошила состојбата, го викнале и стоматологот што го водел и тие го прегледувале и заклучиле дека дренот бил "наопаку поставен" . И тоа ова му бил втор дрен, првиот испаднал, на контрола пак му ставиле. Со резерва примам сѐ што е напишано по порталиве, ама кога пишуваат небулози, не можам да не искоментирам. Друго, не се пие антибиотик при секое вадење заб, дали ќе се пие зависи од ситуацијата, зошто се вади забот. Злоупотребени се антибиотиците и доаѓаме до тоа дереџе тројна антибиотска терапија да не помага во вакви екстремни случаи со компликации. Од друга страна, нема оправдување за шетање со скршени и расипани заби до последно, односно да се оди на забар кога ќе дојде нож до коска. Колку повеќе се чека, толку поголеми се шансите за компликации. Стравот не е оправдување, кога е во прашање здравјето, ќе се соочиш со тој страв.
Целосно се согласувам со тебе, знам дека си стоматолог но не заборавај дека постојат разни стоматолози кои не сакаат да отворат заб за одредени скршеници кои нормално со тек на време се ронат. Имам личен пример каде веќе неколку месеца ги молам докторите во мојата ординација да го санираат тој заб зашто знам дека ќе се искомплицира, одговорот кој го добивам е да стои така додека не реагира. Ова не е прв пат да го слушнам, мои блиски имале многу слично искуство на моето, во други ординации.