Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
  2. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски

    Можеш ли да споделиш со нас груба статистика колку пациенти починале од сепса поради заби? Дали сепса добиена од заб е ретка појава или почесто се случува?
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Битно е да се знае вистината, прва ќе речам дека здравствово ни' е тиња, ама и менталитетот ни' е тиња исто така.

    Значи секој ден е иста борба, не можеш да објасниш пример зошто треба да пие хронична терапија, после ќе се задеси нешто и оф леле брзо одма сега.

    Прво самите немаме никаква одговорност спрема сопственото здравје и се понашаме како на пазар, а после и навистина е во огромна дупка цел систем.

    Денес имав човек што не сака прием, со озбилна инфекција што бара хоспитализација и 24/7 пратење. Џабе кажано, не сака и крај. Со сила не можеме да го примиме.

    Му напиша др дека одбива, па ако не дај Боже нешто му се случи, никој не му е крив.
     
    На sunshinebabe, butterfly6223, ElenaOfRivendell и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.924
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Досега во моево работно искуство не сум слушнала за пациент кој починал од сепса од загноен заб. Можеби имало, ама јас немам никакви податоци, тоа можеби како информација би го добила во архивата и статистиката што ја водат орална и максилофацијална хирургија.

    Лично познавам случај, човек починат од сепса од загноен имплант, ама почина во странство, не во Македонија, како официјална дијагноза беше тоа дадено, иако не беа 100% сигурни докторите дека е од тоа, обдукција не правеа, бидејќи беше човек во години (над 70 мислам).

    Како компликација секогаш може да се јави сепса од загноен заб, оти кај отворени и несанирани заби бактериите работат постојано. Битен е и имунитетот на пациентот, анамнезата на болести, терапијата која се прима (ако има терапија).
    Во вакви случаи мора хоспитализација додека целосно не се среди состојбата.
     
    На Amelia., cresa-jagoda, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  5. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Би било фер да се јави матичниот стоматолог или каде и да го правел забот.
    Можеме до утре да нагаѓаме што и како било, но ја знаеме само едната страна.
    Ако е лекарска грешка, нека сносат последици.
     
    На Amelia., cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.645
    Пол:
    Женски
    Не си разбрала.
    Донесено во Систина, оперирана е срцевата мана, поминато се со уреден тек постоперативно. Меѓутоа на лекарите им бил сомнителен тој дел околу дигестивните тегоби и побарале додатни анализи.
    Се испоставило дека има паралелно неколку бактериски инфекции, и родителите си претпоставиле дека бактериите се закачени во Систина и не дозволиле понатамошно третирање на проблемот во болницата туку си побарале да биде префрлено во друга установа.

    Исто така имаше можност да закажат преглед кај педијатриски гастроентеролог и не го направија тоа со изговор дека се од друг град.

    Едит: детенцето ако подобро го погледнете на сликите ќе забележите дека има знаци на Даунив синдром. Од која причина мајката не го наведе тоа меѓу другите компликации не ми е јасно.

    Апсолутно ќе се сложам со она погоре напишаното во врска со случајот со дечкото од Берово.
    Не знам која е практиката по државните установи ама во приватна установа имаш обврска да потпишеш на писмено дека одбиваш медицински третман или одредена анализа/хоспитализација. Токму заради овакви случаи.
    Црно на бело, и докторот и установата се оградени од се она што ќе се случи понатаму.
     
    Последна измена: 26 август 2022
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Извини грешно се изразив. Мислев за компликација , ова сакав да го знам.Ме интересираше дали е честа појава инфекција да се претвори во сепса.
     
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    13.611
    Пол:
    Женски
    Ова излеа кога беше она со ИРЛ, дека се појавиле многу интерхоспитални бактерии во Жан Митрев, и овие си помислиле гарант дека и нивното е од тоа, и го однеле на државно тогаш..
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.645
    Пол:
    Женски
    Па прво и мене ми падна на памет тоа.
    Искрено од самиот почеток како што излезе приказната имав еден куп нејасни прашања околу однесувањето на родителите. Само што никој не сака да суди без докази.
    Останува да видиме како ќе се расветли случајот понатаму.
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    14.049
    Пол:
    Машки
    Не е во ред да се суди кој е во право, а кој не, без воопшто да се знае за што првично станувало збор во однос на 25 годишниот дечко. Ако не се лажам, роднините не кажаа во објавата на фб за што била извршена иницијална интервенција, ниту пак, како шо се дозна подоцна, дека пациентот одбивал хоспитализација. Значи ако веќе се одлучни да се оди со јавна хајка, нека ги изнесат сите информации, а не да се затскриваат оние кои не им одат во прилог.

    Апсолутно не е во ред да се изнесуваат искази од типот “наопаку поставен дрен”, искрено и се чудам од каде произлегло тоа тврдење, притоа јавноста тие изнесување ги зема здраво за готово, а стручњаци не можат да дојдат на ред од ломотење на ФБ доктори и “професионалци”.
     
    На awkey, Anne Boleyn, ElenaOfRivendell и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Со оглед дека станува збор за акредитирани институции, сите документи/испитувања се сметаат за точни во државното здравство.

    Значи се' што е правено во Систина (би требало) да е соодветно доставено до детска, а наодите, операциите итн. да бидат внесени во анамнезата.
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.924
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Знам. Оти има хиперпродукција на кадар, со завршен факултет без ден пракса. Не им се чепка ништо посериозно од чистење забен камен. Па да не се мачат, така прават, за жал.

    Ова дури сега успеав да го испратам. Извини за доцен одговор.
     
    На Серотин, Оленка* и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.645
    Пол:
    Женски
    Тогаш преостанува дека родителите со себе не ја носеле документацијата.
    Од приватна установа кога те пуштаат ти даваат цело досие.
    Почнувајќи од предоперативни анализи и извештај од анастезиолог, до тек на самиот оперативен зафат и заклучно со отпусното писмо.
    Ова со сигурност можам да го тврдам бидејќи операцијата е направена во Систина и знам како оди процедурата.
    Меѓутоа се што е направено во приватна институција останува само на хартија и нели електронски во самата болница. Не се внесува електронски заедно со останатите зафати од државни институции.

    Мене ми се мотаат куп прашања околу постапките на родителите.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    И јас сакав ова да го кажам ама си викам ќе ме нападнат, добро е не сум единствена. :sweat:

    Жално е за дечково, многу, ептен млад. Ама народот треба малку да ги стави емоциите на страна и да се гледаат фактите. Кога се објави сликата имаше многу мал текст, три реченици и веднаш сите скокнаа. Не велам дека семејството лаже, далеку од тоа, ама носење заклучоци заради емоции а без докази ми е скроз нелигитимно. Мора да се истражи поубаво(секако, ако е тоа истражување објективно) и дури тогаш конечно да се донесе одлука дали навистина е грешката кај стоматолозите. Бидејќи вака - значи сѕварно не посочувам кон никого - на фејсбук може секој што сака да си објави, не може сѐ да се земе здраво за готово.
     
    На CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.645
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не е проблемот во случајов.
    Докторот имал 20 години работно искуство. Значи не е стажант или некој без пракса.

    Со оглед на текстов постиран погоре каде што јасно е дека дезинформацијата за погрешно наместен дрен излегла од семејството, можам да заклучам дека ниеден од нив нема допирна точка со медицина.
    Па соодветно на тоа се треба да се земе со резерва.


    @Оленка* не разбирам што те спречува да го смениш стоматологот?
    Мене ми е лудо да одам цело време кај ист доктор и да го убедувам каква терапија да ми даде/кој зафат да го направи. Ако не наидуваш на разбирање го менуваш докторот. Не е дека си приморана баш кај него.


    Луѓе за една пудра од 500 денари се консултираме на форумов дали да ја бива за да се земе или не а не си ги истражувате прво малку докторите, пред да им го доверите здравјето?

    Не само стоматолог, јас буквално за се прво истражувам читам искуства па донесувам одлука дали и каде ќе одам почнувајќи од дерматолог па до инструктор за возење.
    Барем денес е лесно тоа.
     
    На CameliaMiller, Annath и violetblue им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.529
    Пол:
    Женски
    Некогаш кај најфалените доктори не се поминува баш нај нај. Некои се толку убедливи што само тие и никој друг и тие се нај што лесно може да изманипулираат група луѓе. Така беше на пример со мојот прв педијатар во Скопје се додека не откривме дека бебето ми има воспалено уво една недела, а не е дека така е со бебиња и како ќе ни обели косата поинаку, бебето стварно мака си имало, а овој педијатар немаше такво за проверување уши, не се ни сеќавам ама дури после една недела ни рече да отидеме на уво, нос, грло, упорни секој ден и одевме не престануваше да плаче бебе, а прво бебе појма немавме што може да му биде, на фемина се консултирав и имаше совети воспалено уво да не има ама педијатарот рече дека дефинитивно нема тоа дека кога го пипка бебето на ушите не плачело. Се искажав малку оф топик, ми ја сфативте поентата, да не заборавиме дека и докторите некогаш те гледаат дали си од висока или ниска класа, па тие од висока ќе го пофалат супер доктор, и кога ќе дојде некој стар дедо од ниска класа нема да му обрнат исто внимание како ан некој чичко од висока, баш сега моментално таков случај имам во фамилија, да не набројувам, сите знаеме какво е, и сите знаеме дека има исклучоци во се.

    А медиумите сешто пишуваат колку да е читано. Се додека не каже лично некој или некој најблизок не може да се верува на она што се пишува по медиуми. За секој случај е истото: прво најстрашен наслов, па следно е еј не било така туку така, па трет ден трета приказна, баш како рекла казала и бабите на чешма од една на друга баба нова приказна, се колку да е читано, да привлече читатели

    Секоја чест на ретките и исклучоци што ги има во здравството и секаде, и најтажното е што баш таквите најчесто си бегаат од државата затоа што и тие сакаат подобар живот за себе и нивните деца, нивното семејство
     
    На Sielo❤️, felisitas и Осе им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Знам.
    И тоа е огромен (законски) пропуст, треба да се вметнуваат во Мој Термин и интервенциите работени приватно, не случајно досието на секој пациент е достапно за секој специјалист, да не мора да се ослонува на донесена документација или веродостојност на усни искази на пациенти/нивни блиски.

    Друга работа е што често пациентите мислат дека резултатите од приватно, не им важат и државно и обратно.

    Вистина, не знам за Систина, ама друга установа има пракса пример да не признава лаборатории работени на друго место, исклучиво свои. Тоа освен за профит за друго не е, акредитирана лаб. пример е тотално небитно дали е државна или приватна, луѓето не знаат.

    Не можам да знам што носеле луѓево со себе, ама непојавување на прегледи, одбивање на прегледи итн. е многу несериозно, а исто така и некажување на целата историја - во случајов колку што разбрав, Систина нема добиено документи дека станува збор за дете со Даун.

    И сега да, тоа е одговорност на родителите, ама не треба да биде. Тие не се лекари и не треба да бидат, "ние" како општество сме го fail тоа бебе, прво со некористење на системот меѓу сите институции, а потоа, ако постоело сомнеж за негрижа (неносење на битни прегледи), нереагирање на социјалните служби.
     
    На IRBBB, Серотин и simoncelicius им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.727
    Допаѓања:
    40.113
    Пол:
    Женски
    Се знае ли кој доктор му ја направил интервенцијата во Штип?
     
    Последна измена: 26 август 2022
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Серотин им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.326
    Допаѓања:
    125.041
    Пол:
    Женски
    Наводно на дежурство тој што бил обратно го ставил дренот.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.