Мајкава на бебето што почина заработи кривична? Викната е на распит? Систина и сите болници се криви оти постојат психопати кои не го носат на прегледи бебето. Пу јзк.
Умре 3 месечно бебе. Госпоѓата објави на секаде како болниците и го убиле бебето а психопатката не го носела на прегледи, криела од Систина дијагноза. Колку треба да си нечовек за бебе со толку здраствени проблеми да пропушташ прегледи.
Каде тоа пишува дека не го носела на прегледи Од тоа што го сфатив од нејзиниот пост, таа постојано била по болници со бебето , никаде не стекнав впечаток дека не обрнувала внимание или криела за дијагноза.
Сврти 2/3 страни наназад не рипај одма. Ако го однела детето на 5 прегледи на 10 други не го однела (официјално соопштение од болницата) И оти криела дека има даунов од јавноста и Систина? Не да смрди, труе случајов, ама нели секогаш се докторите криви.
Може да пратиш од каде го читаш ова? 7 месечно беше инаку, а јас колку што сфатив од тоа што читав баш во систина ѝ дале точна дијагноза после толку време, значи ако не го носела како ќе му направеле испитувања...ама ете сѐ е можно...
Сврти неколку страни наназад стои официјално соопштение. Во систина срцето му го оперирале, во државна сосем друго. И од систина избегала, бактерии имало. Понатаму, детето не е донесено на преглед во неонатолошка и кардиолошка амбуланта и амбуланта за ендокринологија и генетика, ниту во останатите субспецијалистички амбуланти при ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, и ако тоа било неопходно да се направи со оглед на комплексната состојба – хромозомопатија и вродена срцева мана
Сега прочитав. Мајката на фејсбук постирала дека го носела детето на прегледи во систина, затоа немало извештаи од клиника...не знам искрено, можеби ни она не ја презентира цела работа како што било. Ама пишав и во друг пост, на почеток веднаш реагираме емоционално(баш за случајов и јас така изреагирав), а треба двете страни од приказната да се видат, зашто едно е приказна по фејсбук друго се извештаи и докази што кога како било...
Нели болеста била видена на ехо на детско ама докторот рекол "само фекалии се"? Значи виделе "нешто" на ехото чудно ама игнорирале. Бтв за ковидов не велевте- ама имал и други болести.
Наше е дали ќе и веруваме на мајкава или на болницата. Не ме чуди тоа што има мајки несовесни кои секаде вината ја префрлаат.Сомнителен случај.
Тоа да, и мене тој дел најмногу ме изнервира што игнорирале. Ама еве сега испаѓа дека не го носела детето на прегледи како што ѝ било насочено дека треба, а она на фејсбук имаше пишано дека седум месеци дремеле на клиника...значи не било баш така. А Даунов е ризик за многу болести(исто и тоа го немаше пишано во првиот пост) и мора редовни контроли...
Жално. Срамота за мајката ако не го носела детето на прегледи, и срамота за тие што ја прашале во болницата "зошто го носиш детево ние не знаеме што да му правиме".
Ама сепак, ако виделе "нешто" а игнорирале, нивна грешка е, макар и триста други состојби имало детето. Блиска моја имаше проблеми со стомакот, на ехо интернистот видел маса во цревото, и на пипање приметил дека има нешто. Одма ја праќа на други испитувања, се испостави дека имала проблем со празнење и се реши, среќа ништо сериозно. Не ѝ рече - ќе си го искакаш.
Јас сум скроз свесна колку докторите знаат да ти негираат симптоми зашто и јас тоа го имам искусено и е скроз некоректно и непрофесионално, а и опасно. Ама сега како што испадна дека девојчево ја кажува половично востината, искрено и тоа го ставам под знак прашалник. Плус не знаеме што ќе ѝ кажеле ако отишла после две недели на контрола, а она тоа не го направила туку дошла пак на клиника после три месеци.