Сме ја виделе и лошата страна на здравството. Не очекувам да признаат грешка од нивна страна. А, дека има и немарливи родители, има. Да не знае човек на кого да верува...
Не треба никаква кривична пријава според мене, мајката реагираше премногу емотивно и тоа е нормално, свежа и е болката, затоа постојат официјални документи и записи кој ги демантираат нејзините тврдења, си го носела детето во од болница во болница а не го носела редовно во државна болница каде што ги обвинува дека не му направиле детално испитување, а она уствари не го ни носела таму за да му прават испитувања кога требало туку си го носела по свој памет каде знае по приватни болници од безнадежност и што сакала само најдобро како и секоја мајка.. Болката и е голема, и мислам дека не треба веќе да се должи тоа, ако има основа за тужба, нека си поднесе, ама мислам дека нема..
А чим не го носела оти ги обвинува? Факт е дека жената треба да се прочешла и да се испита како се грижела за бебето.
Не рипај ти одма, не туку глуми адвокат на докторите гледам ќе се потепаш само за да ги одбраниш. Незнам можеби си во истата фела, ама факт е дека безбројпати има пациенти што ги враќаат со глупи изговори , кога ќе те боли дојди, пак си дошол што да ти правиме сега и сл.. Убаво прашав зошто го немав прочитано соопштението од болницата, никаде не наидов на таква вест. На крајот на краиштата, кога пак тие признале грешка. Еве прво што ми текнува е за ракометарот кога лажеа дека немал повреди, па се демантираа. Така да искрено не им верувам.. И уште нешто безразлика на се, она што ми падна в очи. Незнам со која храброст вака се расфрлаш со зборови, па уште и една мајка на починато дете ја нарекуваш психопат во ситуација кога не ја знаеш целата вистина.
Јас пишувам според тоа што е официјално напишано, не од Стојна Петра Петкана..Малце претерав со зборот психопат ама си стојам засега на овој став, ако се покаже спротивното ќе си го повлечам.
Ама дали тие прегледи што не го однела она, а требало ќе сменеле нешто за болеста на цревата? Еве во текстот поназад спомнато е ехото на абдомен, ама нигде не видов за болеста дали се посомневале воопшто дека има нешто на црева. Целиот текст се врти околу синдромот што го имало детето.
Само се шират дезинформации..Како може дренот да го стават однопаку кога дренот е ист од двете страни...Виновен е ако е вистина дека не му обрнал многу внимание или не му препишал соодветна терапија или бил алергичен на антибиотикот или телото му било отпорно на антибиотикот..Можни се повеќе фактори. Останува на нас само да шпекулираме што се случило.
Затоа и напишав „наводно“. За сензационални наслови, за кликање за се ќе направат само да напаравт сензација.
Од вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ е констатирана следната фактичка состојба: Посета кај матичен стоматолог: – Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Др.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Др.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран, односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог. На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип . Посета кај матичен лекар: Истиот ден, на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и остната супортивна терапија. На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија. На 19.08.2022г. во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија . Посета ВО ИМП-Берово: Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови (не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д. кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл. Парацетамол за дома, со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен Лекување во ЈЗУ КБ Штип: -Пациентот Ј.Д. прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022г. во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08.2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г. На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација) со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана). Истовремено земени се два бриса – не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор се уште е во тек. Истовремено телефонски е побарана консулатација со професор д-р. Даница Поповиќ спец. максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на Одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип . На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје. Прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување: Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок. Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија. Пациентот доаѓа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.08,2022 год, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Е овака со хронологија не е баш истото што го пишуваше на фб. Од вадење на заб починал. Тој отишол веќе со огромен оток на стоматолог, па и следниот ден не отишол за струмица кај орален хирург и кога се влошило ептен ајде на максило. А итната помош во Берово ептен му помогнале, го боцнале диазепам и парацетамол за дома, следниот пат аналгин и физиолошки му вклучиле дури. Прашање е и колку е ги земал антибиотиците навремено и редовно, и колку се е грижел за раната со оглед дека е се работело за надворешна рана.
Јас се сеќавам за овој доктор дека кога беше ковидот и ни беше забрането на сите да славиме нова година и божиќ, он заедно со цела екипа на максило во Штип си славеа нова година исто како во кафана да се, без маски без дистанца додека останатите ние обични смртници можевме казна да добиеме ако не фатат групирани. Се сеќавам дека се редеа куп слики по фб ама ништо не се случи затоа што беше нешто поврзан со Филипче, мислам дека пред тоа беше секретар во министерство за здравство или така нешто. Точно дечкото од матичен бил упатен на орален хирург и не отишол повеќе од два дена. Ама кога се јавил со полоша состојба од првичната он не само што не добил соодветна терапија туку и докторката не дозволила да се транспортира за Скопје во таква состојба. Тек кога состојбата му се влошила бил спремен за транспот до Скопје. Треба и докторот и докторката да си одговараат. @violetblue итна медицинска помош е тоа, итна медицинска помош. Може да ти даде инекција колку да ти ги ублажи болките или некоја инфузија со витамини. Во ниеден случај доктор по општа медицина од итна помош не можел да му го реши проблемот. Не ми е јасен делот, доктор со 20 годишно искуство да не знае да процени дали пациентот е спремен да се пушти дома или треба уште да се задржи хоспитално. Па ајде што го испуштил, туку што што после првата контрола не увидел дека не е нешто како што треба... Закажува втора контрола на 23 а на 22 пациентот е во толку тешка состојба која веќе по два дена завршува летално.
Буквално се испревртува се од сам старт исто како за бебето, си добиваат медиумско внимание и внимание од народот и после кога ќе се дознае што стварно се случило испаѓа дека чекал да неможе воопшто, па да дојде на лекар, му дале упат за на лекар на време, не отишол одма, чекал и отишол ептен кога морал и кога уствари го донеле неговите, а докторката е океј мислам што не го пратила одма за Скопје, ете таа дошла таму, направила се што можела. и таму има доктори, не гледам ништо спорно во тоа што докторката не го пратила одма за Скопје, секоја терапија или лек, интервенција што ќе се направи, за се е потребно некое време да се види резултат, не може од одма да се види дали има ефект, кога видела дека нема ефект го пратила во Скопје, тука нема ништо спорно, мислам дека повеќето лекари така би направиле..
Знаеш брат ми со гнојна ангина добива антибиотик кој го пие редовно и нема подобрување . Одиме директно кај докторката и она ни вика што паничите треба време антибиотикот да делува. Одиме дома, нему уште полошо, и се јавуваме вика нека го пие на 8 часа место 12, ќе помине. Он почнува да не може да си ја голтне сопствената плунка, за јадење и пиење да не правиме муабет. Го носиме во Букурешт и таму лом не направија зошто не сме го донеле на време ( ??). Да сме почекале уште некој саат буквално ќе почнеше грлото да му се затвара да нема проток на воздух, ќе се угушеше. И додека да и објасниме дека доаѓаме без упат, дека докторката која го лечеше не ни предложи да дојдеме туку него дека дојдовме на своја иницијатива.... Сфати жената на крај, му даде појак антибиотик, за два часа се нормализира да може да голта и да дише нормално па после средивме за упат од матичната. Прашањето ми е - да ја слишавме првичната докторка кој ќе беше крив ако нешто му се случеше на брат ми? Требало да види како реагира на терапија. Не. Требала да процени, а не да види. Па и тој што не е доктор ако чека доволно долго како што чекала она ќе знае дали е сериозно или не.
11 годишно девојче силувано 7 часа од 5тина во Приштина Не сакам да поверувам дека е вистина и не можам
Скоро видов и јас и ми се згрози животот. Како може луѓето да се толкави монструми и да се изживуваат врз некој. Казната што ја добиле овие 5 е 8 месеци затвор. Само 8 месеци за ваков грозоморен чин. Не знам што е потруло, луѓето или системот. Овие треба јавно да се линчуваат, а претходно некој 7 саата да се изживува врз нив. Гниди гнасни.
А што си мисли народов дека ќе се случува со плеада од манијаци кои се населени во околинава? Кога ќе се пише за некоја убава девојка дека е злоставувана, во коментари има повеќе гадни коментари отколку коментари за тоа да се осуди злосторникот. Па сама си го барала, па уживала, па прејако и било, па гарант сеа пари му бара... На погани коментари им нема крај. Овде е уште поболно пошто жртвата е дете. Се дури ги пуштаат по дома, им даваат сила. Системот со тоа што минимално ги казнува ги поттикнува сите со такво растројство да го прават тоа, пошто за нив суд нема. Еден пример немаме на балканов каде маж е осуден за силување на жена со адекватна казна. НЕМА. 0. Нула. Или не ги казнуваат, или добиваат по некој месец, евентуално некоја година и ги пуштаат. За силуваното девојче се виновни само полицијата и судството. И сите оние со хехенце муабети што ги бранат.