https://telma.com.mk/2022/09/14/obv...vxzWsXP5_S5SHgU5-FG23o9vj96s3wZhnmdwvkSL5lqeg Наркоманска работа…им текна дека ќе гнијат како болви во затвор, без дрога и во ригорозни услови.Па почнаа со извинување? Си одземал нечива душа, си оставил родители без дете, без нивната радост, и ќе им се извинуваш? Како беше она, чаша ако ја скршиш па прелепиш нема да е иста…
Ако некого сериозно повредиш и не викнеш брза помош или не го однесеш сам, немаш намера да го спасиш значи сеедно ти е дали ќе умре. Значи со умисла е. Крај. Ако добро памтам, овие го претепаа и киднаа. Нели вработена од клубот викнала брза помош.
Сите памтиме како тебе, а богами и камерите. Да шутираш некој ВО глава со пуна, а веќе ја удрил на земја, мало морген дека не е со умисла. Или биле издгорирани и пијани многу чим не им текнало ,,еј абе падна дечково дај да го кренеме” и оваа глупачава продужила да го шутира.Или стварно мозокот им работи со едвај 1%.
Ако после падот помогнеле некако, ќе поверував дека немале намера, дека било од моментален бес или не знам. Ама вака не. Ми се чини и во полиција и пред суд непомагање на било каков начин го потврдува фактот дека делото е намерно. (Не сум сигурна точно ама мислам влијае)
Не им работел. Да им работеше, дечково ќе беше жив. Извинувањето не вреди.Нема да го врати. Ја заслужуваат најголемата казна.
Гледај, до сега судот ваквите случаи ги гледа како убиство при тепачка а не како убиство со умисла но ако земиме во превид дека се работи за случај кој е експониран во јавноста и се работи за странски државјанин можно е судот да го прифати обвинителниот акт без изменување. Ако овој случај добие таква разврска многу луѓе треба и ќе ја бараат повторно правдата што мислам дека на нашите правосудни органи не му одговара но ајде да видиме. Многу можно Клементина да добие некоја поблага казна има страшно добар адвокат. Барем според мене, со умисла станува од моментот кога се онесвестува Тот а кокошката продолжува да го шутира. За другиве двајца вреди да се разгледа дали е со умисла или не но за неа нема никакво оправдување.
Јас од другар (шо се знаел со Тот) разбрав дека бил душа.Со сите бил океј, се понашал океј со сите Македонци, бил културен, не мешал политика итн. А вечерта кога починал, бил со нив цело време.А Климентина му се набацувала прва.
Не можам да поверувам дека ќе се преиначи делото и дека постои нешто што може да укаже на тоа дека убиството на Тот не е со умисла. И дека умислата буквално се сфаќа како целогодишен бизнис план, а не како чин кој е е фатен на камера, го тепаш, се онесвестува, ти продолжуваш да го тепаш исто како да се брани. Тројцана безмозочни амеби не смеат да излезат од затвор, никогаш.
На Анѓела што беше соучесник на убиството на Пино , што копаше гроб, и намалија 3 години од казната. Како сакаш врти за 10тина години ваквите убијци излегуваат на слобода.
Ако добро се сеќавам законот гласеше ако има личноста што го извршила убиството помалце од 23 години не може да лежи доживотно.
Абе тос Уставот нѝ е канта Ко лепеза може да го користам. Ја да сум еден ден шеф у државава, прво нешто Уставот се отвара и ставам доживотно и смртна казна. Па нека се подразмислат.
Значи до 23 години слободно што сакате правете. Затоа ни пропаѓа државата, затоа сите си одат, затоа никогаш нема да нè примат во ЕУ...
Не знам дали кај нас воопшто постои доживотна пресуда за некое дело, освен можеби кумулативно или ептен некој сериал килер. А и како да има, со судскиов систем и кој сѐ е дел од него, страшно.
Има, пред година и неколку месеци лице осудено за убиство на сопругата, нејзината мајка и повреди на братот на сопругата доби доживотна. Иначе тоа е прва доживотна пресуда на судот во Прилеп.
Јаким од Гостивар доби доживотна за убиството на двајцата Албанци. Тој си го бранел детето, па доби доживотна. Ваму за тероризам им даваат послаби казни, 20, 30 години, ама не е доживотно. Немаме судство. Не знам кој е највиновен, судии, обвинители или и едни и други, ама тоа е најслабата алка во државава.
Прилепцанец со ампутирана загноена нога бил оставен да умре пред болница, го избркале од болницата оти му поминало болничкото лекување. Ој државо циркус си на балканов и пошироко...
Еден месец бил во болница и било помогнато повеќе од што треба. (Као демек) Да не грешам душа ама може и самите доктори поебале работа па затоа испаднало ем подолго лекувањето ем на крај пак ништо. Јас мислев пациент од болница се испушта кога е сѐ во ред, а не кога ќе ти прдне.