А и брат му што човек ќе беше Го оставил така сам ноќта пред болницата, а ладни се ноќите, што дека ќебе му однел, абе маче/куче да е па жал ќе му биде на човек така беспомошно да го шутне, а не па некој што ти е крв. Бездомник бил починатиот, а брат му имал каде да живее... Па уште сега ќе тужел, што ќе тужи бе, лаком само за пари, а ништо не направил за да му помогне на брат му...
Ништо чудно човекот и дијабет да имал, бидејќи кај нив рани многу потешко зараснуваат и многу лесно доаѓа и до загнојување и гангрена. Ама не се замарале сигурно многу дека бездомник ( не дека па за другиве пациенти многу се замараат) и го оставиле така. Не знам дали се сеќавате на човекот што умре пред поликлиниката во Ѓорче докторката не излегла да помогне оти не била нејзина должност...ако не е тоа нејзина должност, тогаш што е не знам... Не сум за насилство ама гледајќи ги што прават и како се однесуваат спрема пациентите не е ни чудо што токлу често и ќотек јадат.
http://thenewsgo.co/new/51-годишен-...sbppG_umP3H_HUtdivT7tpxZW6GqlKr9yeXvlc229bvRg Го видов ова, ги исчитав коментарите е сега да си кажам мислење. Со оглед на тоа дека е ладно навечер во Мкд човек со таква нога не се остава. Особено со гној кој може да биде опасен по живот. Најверојатно има искрварено до смрт. Жално, Бог да го прости. За здравството: Ако му завршило лекувањето пациентот може да си побара да му биде продолжено. Треба да се казни обезбедувањето за дрското исфрлање како да е стока а не човек. Од Болницата сега ќе се оградат дека се уредно му дале,дека сведоците лажат,секогаш истата приказна се ќе се заташка. И најверојатно е направено поради пари. Дај Боже да грешам. Друго,брат му. Каков човек ли е,со какво срце оставаш болен брат на клупа пред болница? Што подразбира под “ да не правиме 300 глупости..”. Се работи ли за семејни односи нерасчистени па толку не можеше да ги замижиш? И сега бараш оштета од државата откако го остави братти на студ да умира дур ти спиеш на топол кревет. Треба да те уапсат поради небрижност кон свој брат. Си знаел дека нема никој да се смилува,а сепак го остави. Дур ти спиеше мирно тој можеби пател и се мачел. Мизерија од човек. Засрами се!
Што да прави братот негов дома да си го носи во таква состојба, сосема правилно си постапил го оставил кај тие што му е обврска да му помогнат, наместо од тој човек вака да бараме одговорност од оние наши таканаречени доктори ( секоја чест на исклучоци) или таканаречени неизживеани обезбедувачи кои проблемите во глава си ги лечат со немоќни луѓе можеби ќе профункционира нешто во оваа е*ана држава.
Подобро дома на топло и да има некој покрај себе отколку на клупа. Му донел сокче,ќебе и му завршил работа, комплетно.
Што ќе му прави дома жити се ? нему му требало доктор а не бате, Едино ако има вина што не го префрлил во Скопје по приватниве болници ако има средства друга нема.
Да подобро пред болница каде што се надевал дека некој ќе го згрижи. Што требало да му прави дома во таква лоша здравствена состојба ?
Они го избркале разбираш. Или да ти потенцирам? Тоа е сосема јасно дека немало да го згрижат. И ако умирал да умре бар достојно покрај најблиските а не оставен на милост и немилост. Тебе остават така на клупа ќе те прашам дали ќе ти е сеедно и дали вака ќе размислуваш.
А дали го оставил додека барал помош и решение да го вратат во болница назад, или си заминал дома и го оставил сам?
Брат му размислувал логично, ако му се вложи состојбата ќе го згрижат ќе видат ќе му помогнат, тие се доктори а не тој, што ќе му правел дома ќе го оплакувал? Ете да речеме и да седел со него цела вечер требало ама дома немало што да му помогни.
Која логика е да оставиш човек на умирање надвор? Би оставила не дај боже свој близок пред болница ? Не зезајте луѓе, се трча и се бара чаре да го примат ако не дома со него. А не остај го ко куче сам.
А мислиш дека докторите ќе го видат ако бил надвор? Самиот исход од тоа што го оставил надвор на клупа е одговор на прашањето.
Немојте да судите и да осудувате, не ги знаеме релациите на двајцата браќа, во какви односи биле претходно, не знаеме ниту каков пациент бил во болницата,порталите сешто пишуваат. Сведок сум за сообраќајна несреќа на дел од пошироко семејство, каде сешто се пишуваше за починатите и нивните семејства, ниту грам вистина немаше во тоа пишаното.
Полицајциве поарно дома нека си седат, нека не јадат наши пари, штом само за сеир гледање биле и очекувале случаен минувач да помогне https://www.slobodenpecat.mk/zhena-...-na-vardar-ja-spasil-mlad-skopjanec-minuvach/
Што да очекуваш од такви примено и шуто и рогато. Да ги видиш на улица да си играш мајтап со нив. Се знае како треба да изгледа и да се однесува еден полицаец ове сите кој од кој...
Читав изјава од болницата. Кажале дека 45 дена бил во болницата во одделот за ортопедија и дека тој самиот бил проблематичен и дека недолично се однесувал,и во тие 45дена престој никој од семејството не дошол да го види освен брат му тогаш.