Не го оставил на умирање се разбира, бил до некаде во добра состојба и брат му сметал дека е најдобро да го остави тука па вработените во болницата да се погрижат за него ако тргне нешто наопаку, но за жал вработените во болницата не го сториле потребното. Јас во конкретниов случај да се работеше за мој близок би повикала брза помош од една од приватните болници во Скопје и би го транспортирала таму, но не ја знам финансиската состојба на човекот па да коментирам такво нешто зошто не сторил. Можеби требало да остане цела вечер крај него не викам не но дома што ќе му правел ? Ако му се случело нешто дома погоди кој ќе беше крив што наводно не побарал помош ?
Човек спасил жена да не се самозапали дури полицајците дремеле ко дрва од страна. Кај имаше оглас за полицајци да си аплицирам?
Да сега ја видов изјавата на брат му, тука се криви и болницата што го испуштиле во таква состојба а и брат му што го оставил сам.
Зависи како се случила цела ситуација, можеби полицајците и одвлекувале внимание додека дечкото да стигне до неа, не верувам да седеле туку така само за сеир да гледаат, за да донесеме заклучок треба да знаеме како се се одвивало.
Манекенка од Унгарија: Во Охрид дојдов за фотосесија, ме опија, имаше нешто во алкохолот – ништо не се сеќавам Унгарската мисица Викторија Јазмин во Охрид преживеала вистински хорор, пренесе телевизија Сител. 21-годишната манекенка договарала фотосесија со Македонец кој се претставувал како бизнисмен. Како што раскажува таа, на почетокот бил фин, но по неколку дена почнала да се сомнева во неговите намери, поради чудното однесување. „По пристигнувањето, персоналот на хотелот ми го зеде пасошот, а потоа ништо не се случуваше со денови, каде и да одев некој беше со мене, ме чуваше. По некое време, мојот клиент почна да ме турка. -Сакаше да ме прегрне, ме замоли да му дадам бакнеж, ми пријде малку насилно, но јас одбив. Тој само еднаш се сврте кон мене и ми рече: ако те убијам токму овде и те фрлам во езерото, никој немаше да знае каде си дваесет години. -Се исплашив, но не покажав, туку испив две чаши вино. После тоа, ништо не се сеќавам од вечерта, веројатно имаше нешто во пијалокот, паднав во несвесна состојба.“ – Викторија Јазмин, унгарска манекенка Следниот ден Јазмин побарала помош од својот татко. Додека го чекала да дојде од Унгарија, таа успеала да се сокрие. Две ноќи спиела во шатор. „Тоа беше пеколен ден. Се плашев дека ќе ме најдат. Воопшто не спиев, се плашев да ги затворам очите. И сега имам кошмари, бидејќи специјалистите потоа рекоа дека добро сум поминала без да ме продадат мене или моите органи.“ Откако безбедно пристигнала дома, Јазмин започнала да добива заканувачки пораки од Македонецот. Ја уценувал дека поседува интимни фотографии од неа, мамејќи ја да се врати. Според унгарските медиуми, Интерпол веќе ја истражува балканската криминална банда, а една од групата манекенки случајот го пријавила и во Франција. Од македонското МВР, пак, на нашето прашање одговорија дека се направени основни проверки според кои не е утврдена основаност на пријавата. Оттаму најавија дека ќе се прават и дополнителни проверки, за што јавноста навремено ќе биде известена. https://lm.facebook.com/l.php?u=https://www.24pressnews.com/archives/1836&h=AT2bN-xC3Yl3MMfpI4-SkCORE8h5uxLErQYnstlL7Q2pjkvqxqEWVIZaBQ4bf9vkLA3IBnGo8urjrSl24JwiCr-OirqZIdFsD1wdMJcqijUXxFHYHNQ_XYpiUJSJxjDNfMC0
Ова не е за црна хроника, ова е за во хумор. Изјавава си нема врска, наслов за кликови. Кај нашла шатор жити се? И место за да го постави? Како си заминала назад без пасош?
https://dailynewshungary.com/hungar...t-by-human-traffickers-interpol-investigates/ И тука ја има. Дали воопшто има да се купи шатор во Охрид?
Можда има ама целава приказна ми е многу нелогична. Искрено, сметам дека е дојдена доброволно како стриптизета, доаѓаат многу во Охрид, па нешто е спречкана со газдата и сега се одмаздува.
А што да прави болницата? Знаете што правел? Фамилијата не сакала дома да го прибери од што бил проблематичен. Аман не паѓајте одма на патетики и емоции зашто не знаеме што е всушност вистината. А сега брат му сака да си искористи нешто и да крева џева.
Па не е само она, има и друга девојка. Богата манекенка ќе работи ко стриптизета,како да не. Него мвр малку да го мрдне дупето, за вакви пријави ништо,за глупи пријави се е основано.
Во денешно време, ништо не треба да не чуди, брат брата си остава да умре, младич на улица гази човек го остава на лице место и плаче како колата му била исчукана, на сред бел ден убиваат младич поради некоја крвна одмазда (муабетите шо се ширеле), девојка у шатор се крие.. Абе отишло се у неповрат.
Рандом минувач треба да стигне до неа или полицаец ? Ама проблемот е што свашта денес работи како полицаец, јас гарантирам дека појма немаат која има е работна должност, освен да се шетат низ град со униорма дека полицајци се.
Бреј Немав читано 3 страни.. Еден тон црнило прочитав. Убаво си сфаќам јас сѐ повеќе и повеќе, дека сме ѓубре народ. Брат брата остава на КЛУПА на СТУД, ние ЕУ бараме.Јебала нас Европа. Абе едно хартивче нема да смее да има на улица, не па полуживи луѓе, пукање, колење. Многу ги мава Јужни Ветар мафија. Господе голем си, пошто ние закон немаме, суди им ти.
Фамилијата не сакала, ама изгледа и овие од болницата не сакале да го излечат пак го пуштиле во онаква состојба, знаеме добро сите како функционираат низ болниците и дека знаат да бидат доста неодговорни.
Да, случаен минувач доколку може би требало да помогне на човек во неволја, а тоа што некои имаат лични проблеми со полицијата и при секоја пригода наоѓаат причина да плукаат по неа е само нивни личен проблем.
Добро кажано, едно е би требало а друго е обврска. А ако алудираш дека јас имам личен проблем со полицијата, мн си грешка. И да ќе ,,плукам,, по сите што не ги сработуваат своите обврски, а земаат плата од народот. Ако еден државен службеник си ја заврши својата обврска одма го сметат херој на денот , а не дека тоа му е работа. Од тие причини на прсти се бројат граѓаните што се уште имаат доверба во полицаец. Установата која треба да се грижи за безбедноста на народот. Ако тоа се лични проблеми тогаш океј.
Добро веќе како и да било значи ете граѓаниот помогнал на полицијата, ја спасиле жената и тоа е тоа. А тоа кои колку си ги бркаат обврските за кои се задолжени, колку ние како граѓани сме одговорни за многу нешта е веќе сосема друга тема.
https://sitel.com.mk/nema-lekarska-...5rKUlb6DmMgjcKrySVqg88xKwgsptJfiw0pyA75BpAmg0 Нема лекарска грешка??? Добро еве јас сум крива. Не е тој шо е глуп и неспособен и не знае да си ја работи работата и го умре детето.Кај ќе ви иде душата бе ѓубриња едни скапани.Сите заби да ви паднат да дае Господ. СИТЕ