Феминче, да не испадне дека ги бранам, ама дали треба да се чека до флегмона да дојде за да се оди на стоматолог? И да не се оди на закажана контрола или преглед?
Ne e edinstven slucaj ovoj Kako shto naveduva stomatologot gostin ne treba ko na vremeto po sekoja cena da se spasi zabot,kao organ e Postojat implanti
А сепсата кај ја добил? На државно. Зашо не ги дале извештаите??? кај пишува дека отишол у последен момент Он умре од сепса
Затоа си постои истрага. Јес дека кај нас многу работи се прикриваат па научени сме да се сомневаме, со право. Секоја приказна има две страни. Колку шо се предност телефоните и медиумите да се посочат проблемите, толку се и маана. Сфаќам дека кога ќе изгубиш близок не е лесно, ама докторите не се Господ (народски кажано)и не секогаш можи да се поможи. Шо не значи дека често и не грешат и се однесуваат како со партали со пациентите, ама то е веќе Македонски синдром и го има во секоја институција, фирма, на улица...
Како што сфатив, сепсата не била резултат на интрахоспитална инфекција, туку резултат на нетретирана инфекција( во случајов флегмона). Флегмоната е гнојна инфекција без ограничени граници(односно нема капсула кај што се собира гнојот како кај апцесот). Во гнојот што се собира има бактерии( најчесто стафилококус ауреус), коишто многу лесно можат да продрат во крвотокот и да предизвикаат сепса(бактерии во крв). Конкретна лекарска грешка нема, смртта не е настаната од “погрешно” поставен дрен, туку од ненавремено третирана флегмона. Ако пациентот дошол навреме, пред развивање на флегмоната, тогаш може да се сфати како лекарска грешка поради неточна дијагноза и неточно третирање. Но доколку пациентот дошол со веќе распространета инфекција, докторот не е семоќен. Точно дека здравството ни е лом, ама не секој несреќен случај е лекарска грешка. Во секој случај, многу жално.
Ова не е ни приближно веродостоен извор. Дрен не може да се постави наопаку па уште тоа да биде причина за сепса. Тој веќе имал сериозна инфекција која што ако не се третира соодветно со антибиотици и тоа како може да доведе до сепса а реално не знаеме дали ја третирал, и дали навремено...
https://mms.mk/293202/како-е-лечен-јован-од-берово-дсзи-даде/ Еднаш не отишол на контрола После идел цело време Почнала раната да му крвари. После тоа со Жан Митрев и тон болести Не им верувам бе А мртов човек е лесно да се криви пошо не може да каже ништо
Феминка, дечкото прв пат се упатил на стоматолог со огромен оток и болки. Значи, тој прв пат кога дошол, дошол со флегмона. Флегмоната не се случува од денес за утре. Најчесто е резултат на долго нетретиран кариес, што целосно го зафаќа забот и стига до нервот, каде што се формира истата.
Па тоа кажуваме, од ненавремено третирана инфекција, и после друг ни е крив кога ќе се влоши состојбата... не само за овој случај, општо
Сепсата е резултат на флегмоната. Значи, дечкото којзнае колку време трпел за да стигне до степен на флегмона. Дрен нема точна страна, ист е од двете страни. Нема правилно и погрешно поставување. При секоја гнојна внатрешна инфекција, има ризик од сепса. Значи нервот ти е зафатен, почнува инфекција, се ствара гној полн бактерии кои се внатре во тебе, и прашање на време е кога ќе стигнат до крвта. И тогаш кога стигаат во крвта, тогаш се нарекува сепса. Дали можело да се постапи поинаку? Веројатно да, да се дадат големи дози антибиотици, ако не се дале(не знам). Ама и тоа не е гаранција дека сепсата нема да настане. Значи муабетот е, не се чека да настане флегмона, редовни прегледи спречуваат кариес, а потоа со тоа што нема кариес, нема да настане ни флегмона. Работава, од играчка-плачка. Жално, младо дете.
Не е секогаш пациент крив, не зборам за овој случај, ама реално гледано секој втор е забар, стварно треба малце да има инспекции и да реагираат (ама не ги интересира и доаѓа до проблеми) јас едвај спасив заб за кој ми кажаа дека е ок а инфициран ми беше.
Флегмона е високо ризична состојба. Забите се многу битен дел од телото. Луѓево не се свесни од заб колку компликации може да настанат.
Тоа е точно, не го оспорувам фактот дека има и неспособен кадар. Но во овој случај и слични јас лично мислам дека вина имаат и пациенти кои стигнуваат до тешка инфекција и после стоматолозите се криви.
Не се верува многу на институциите кај нас, само не е секогаш пациентот крив, многу одат на лекар само кога е нож до коска.
Жената која сакаше да се самоубие, било поради извршитекла која и правела притисок некоја Весна Јакимовска смрдла.. Пишете на Youtube " Сведовштво на жената која посегна по животот. Да се убивам поради извршитеклата Весна, монструмот. Ова извршителиве само одземање на лиценци и забрана за работа, најголеми лихвари.