Погрешка те цитирав ама нема везе. Да, и мене ми беше исто поентата. Судија и обвинители и полиција не влегуваат у глава на убијците да знаат дали имале намера или не. Него гледаат по такви фактори. Не мора да убиеш некого на некој одвратен и брутален начин за да испадне оти си имал стварно намера. Па и "ненамерни" убиства многу често се резултат на неодговорно однесување. Пример чачкал пиштол или пукал на свадба и оп несакајќи погодува некој. Немал намера ама ако е толкав идиот да пипа оружје неодговорно, треба да си одговара. "Немал намера" признавам ако е стварно некој несреќен случај, каде само среќата не ги служела, а немало идиотско понашање.
Сори згрешив, УБИЕЦ најдобро и одговара. Само поштеди ме те молам од демагогии дека не е тоа додека не се докаже. Бидејќи џабе не кажале , една слика илјада зборови, во случајов видео.
Каква тепачка бре што пишуваш глупости уште дополнително ставаш гнев со вакви коментари, не беше случајот со пар шамари и чао, го гмече во глава
Мораш да докажеш дека имало умисла. Не ги знам сите начини и методи со кои се докажува, ама обвинителството обвинува и на нив е товарот да го докажат обвинувањето.
Абе тепачка е. Сум видела тепачки, не сте виделе вие? тоа не значи дека решиле да убијат некого, туку дека се тепаат. И не е муабетот дека не е со умисла. Можи е. Ама за да знајме, треба обвинителот да докажи на суд. За законот збораме. Во законот нема или/или. Концизни се законите.
Убијците се спасуваат од доживотни казни поради тоа што доказ треба дека сакале да те убијат. Колку само спасиле глава поради ова "докажување". Да знаете само колку им е во корист на убијците, уште толку се силат. @WildMk Тепачки сум видела ама шутирање во глава до смрт не.
Доказите се со причина дел од законот. Оти ако е без докази, утре и тебе можи да те осудат доживотно, за било што. Не се прават закони по емоции, туку по факти. *Хинт: Ако МВР и ЈО си ја одработат прописно работата, на суд е многу лесно.
Абе да сум јас на власт директ в чорка да скапаат ни со умисла нит без умисла. Такви трауми ми остави тоа грозно видео, тешко фамилијата на починатиот
Дали планирале да го убијат или починал како последица на тепањето? Оти овие две работи се различни во суд и носат различни казни.
Неќиш таков свет, вервај ме! Оти тогаш, никој од нас нема да биде сигурен и тој што е на власт ќе си пика в затвор кој сака-кога сака и ќе си ослободува кого сака-кога сака.
Колку на низа неоспорни докази се ослободени поради присила од власт, политика, играње на карта етникум, расизам и што ти не друго... Па О.Џ. Симпсон за двојно убиство на својата сопруга и пријателот си излезе слободен како птица, затоа што поротата беше составена доминантно од црно население, па пристисоци па што ти не, после бидна што бидна... Кој не го гледал Чикаго (2002) нека го погледа чисто да научи или да се потсети во каков ''(ис)правен'' свет живееме. За случајов заслужуваат максимална можна казна сите тројца. Јас би ги казнила дури и немите посматрачи за неукажување помош, си изнагледаа сеир, си подржаа чадорите и ај пријатно. Бруки...
Еве ви ИСТ ПРИМЕР Како заврши. По 19 години им опнаа, ама годинава или лани за 3 им намалија пошо биле млади Истотоооо https://akademik.mk/sudenje/presuda-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-sazdo/ Последната пресуда. ,,википедија ако ти е извор” Прогуглајте сигурни го има на англиски
Ова кога се случуваше јас бев од карши на местото на настанот. А 19, а 17. И јас сакам да скапат. Ама цврсто сум убедена дека и 15 да поминат во затвор наместо 25, не е фрка. Знаеш зашо? Зашо збориме за години чоек. Само замисли, 17 год у затвор. Доволно да цел живот им се изремети, да се жигосани, да можат само за фамилијата да раб и толку! Та колку сака нека се млади ко ќе излезат. Сјебани се заувек! Сем мајка им никој друг нема да ги сака
Го удира по главата тоа е факт и го има на видео снимки тоа од тоа не може да се побегне. Јас ти пишувам за нешто друго, дека не знаеме дали биле со намера да го убијат како што тврди обвинителката. Уште античкиот атински законодавец Дракон 7 век н.е. врз основа на намера и состојба на умот ги разликува кривичната вина а особено се однесува на законот за убиство во тоа време.
Ти можеш да одлучиш да истепаш некого до смрт и секако дека ќе почине како последица од тепањето. Овие две работи што ги напиша не се спротивни.