Не знаеме дали одлучиле и дали им била намерата да го истепаат до смрт или е само убиство во тепачка.
Дополнително треба да се докаже умислата(намерата). Не мора да е таа оформена 5 месеци порано, може да е 5 минути, ама мора да се докаже. А како се докажува, не знам точно.
Леле ај жити све посочете ми пример за убиство со умисла, ако ова е без. Ама сериозно. Оти технички секое убиство може да е без умисла.
Замисли за маж што ќе си ја претепа жената до смрт да речеш "немал намера да ја убие" Еве скоро нели во Неготино една така почина од тепање.
Со умисла е кога го планираш тоа убиство,значи до детали,го намамуваш убиениот да дојде до местото.Или го труеш маж ти постепено.Пр во Србија тој што ја уби цела фамилија татко мајка ќерка.Ги убил да им земе пари а тоа го имал до детал испланирано.Или што го намамија Пино да се појави на стадион за да го стават во гепек и да го убијат.Затоа на девојката и дадоа толку години,како соучесник.
Од каде знаеш дека во сите овие случаи убиецот не сакал уствари да ја повреди само жртвата? Еве и Пино може сакале да го повредат само, да го онесвестат. Или Тијана од Србија исто не планирал тој да ја убие однапред, ама ја уби. Да, баш набрзина се случила целата работа, човекот не ја ни познавал.
Епа баш е тешко да се докаже убиство со умисла,ама тие планирања однапред веројатноста е голема дека целат кон убиство.
Уште ли истото ќе се разглаба.. Ако тепаш некој крвнички. Поготово во глава. 90% се шансите да заврши со парализа или смрт, демек не знаеме дека мозокот е еден од најбитните органи.Мозок ако откаже фајронт. Некои од вас изгледа не примиле никад удар. Уфц не сте гледале? Зашо таму не си даваат пуни во глава? Туку со раце? Пошо треба да го истепаш, не да го остаиш на лице место. И Валјд, истото е за Тот и Саздо.На ист начин се убиени. свирепо
Не реков дека ова не е со умисла, само кажав законот каков е. Ќе си докажат на суд, па ќе видиме за што ќе бидат осудени.
Нашиве судови ама се релевантни Еве јас за Андреј можам да потврдам дека е проблематичен и агресивен. Тоа му е последица од наркоманијата. Тогаш бил Тот, утреден кога ќе се нашмрка или ќе апстинира може друг да е крив.
Ненамерно убиство или несреќен случај ви е на пример еден случај од пред неколку години каде спортистка фрлала копје ама судијата не почекал да слета копјето туку истрчал пред време на терен. Копјето го убодува во врат и човекот умира од тешко крварење. Не памтам каде беше само. Не е ни убиство, ко шо реков несреќен случај е, спортскиот судија непромислено постапил. Ама за некој рандом правници ваков настан е исти курац како брутално тепање
Проблемот е што законите се толкуваат и спроведуваат селективно, не само за вакви трагични настани туку за се и не само кај нас, насекаде по светот има екстремни случаи на злоупотреби на законите, спомнав за случај претходно за О.Џ.С. Само кај нас е доминантно селективна правдата, нажалост. Се надевам со оглед дека станува збор за странски државјанин сепак совеста, моралот и професионалноста на сите во судница ќе проработат и победат до крај.
Скептик сум. Искуството ни покажало дека не сакаме промени. Тие што навистина сакаа, си отидоа. Ние овде ќе си играме 'држава'
Ќе видиме, времето ќе ни покаже. За другово подолу не би да навлегувам, малку не е поврзано со темава, а малку и е, ама прилично е дискутабилно и оди во сосем други насоки, поточно бескрајна тема за дискусија е.