За кого како... Имаш правници кои ќе вртат наоколу на рочишта, ќе бранат, бараат и влакно во јајцето да докажат нешто невозможно или непостоечко, а имаш и такви професионалци кои строго, базирано на докази, стручно ќе одлучат и ќе пресечат. Работава е таквите да се максимално професионални и непристрасни при решавање на овој случај и присутни во судницата. Гладај го Чикаго пишав ако не си го гледала. За другиов случај со малечката, страшни трагедии.
Овој не заслужуе да биде закопан бе У депонија некоја Се надевам сеа од коа легна во ладното ќе почне да му се суди.
Без разлика... семејството... живите претрпеа невидена трагедија. За нив е греота да се објавуваат вакви слики. Не е риалити шоу. Не е 'забавна програма'. Најмрачниот дел од животот на тие луѓе е. Барем сега да имаат малку приватност, почит и разбирање од околината.
Ослободителна пресуда за битолчанецот Тони Ѓорѓевски за убиството на зетот кој со мачета му влезе во домот Битолчанецот Тони Ѓорѓевски – Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана на неговата ќерка. Судот ја прифати ваквата одбрана, односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.„Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо. Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство. „Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол ‘Бајкал’ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место“, се наведуваше во соопштението од Обвинителството. Семејството на Ѓоргиевски, кој се товареше за убиство, јавно говореше дека 20 години имале проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.
https://sitel.com.mk/300-srednoshko...0Z1XA5lRwb8wq6xbyCxyoIEELBLViW53Rd6pT6YBVXpe0 Мизерија.Еве јас како прогласен насилник на форумов, да ви кажам дека ова е ми зе ри ја. Дно дна. Ги гледате ли дома децата? Или хотел промаја ви е. 300 деца, 300 неуспешни родители. Срамота
Не знам од што да се фасцинирам повеќе. Дали од достапноста на бомбите/материјалите да се направат бомби или од високата стручност на народов за правеќе бомби. Или да не е истата од ЈСП шо си ја делат меѓу себе сега? Ич не се креативни, па има подметнување пожар, труење со храна, (не)намерна поплава. Тие запнале бомба, па бомба.
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...avi-za-bombi-dobija-osum-uchilishta-vo-skopje Да не бидам од Славица од Фејсбук, ама некако сомнително ми е шо се обидуваат да прикријат со вакви бомбастични настани (no pun intended).
Ајдеее... Или на некој тинејџер не му се иде на часови или болен обид за одвлекување на вниманието на народот од политичката ситуација.
Ова не е ништо ново, пролетва било актуелно низ Србија. Не знам само зошто секоја будалаштина од Србија се прелева во Македонија?
Дечки, а што е со таа смртоносна чешма во Битолско? Има некој од таму да каже за што се работи? Ептен језиво
Си постои од секогаш, од време на време испушта голема количина јаглерод диоксид ако не се лажам. Извор е и заштитен е има и предупредувања, никој не смее да оди таму, и во минатото имаат умирано луѓе. Зошто се мангупеле двајцава не разбирам, општо познато е дека не се оди таму да се полни вода.
Се работи за извор(чешма) на природно кисела минерална вода, шо се наоѓа во еден запуштен објект. Чешмата е сместена во “дупка” т.е. на пониско ниво и се приоѓа слегувајки по скали. Притоа од тој дел повремено излегуваат токсични гасови меѓу кои и јаглерод моноксид, а поради конфигурацијата на просторот нема провев и за кратко време концентрацијата на гасот можи наеднаш многу да се зголеми - потенцијално смртоносна ситуација. Многу луѓе, меѓу кои и починатите иако ги знаат ризиците полнат вода од таа чешма. Имало и табли за предупредување ама некој ги вади, ма да речиси сите кои се од Битола знаат за за опасноста на тоа место.
Извор на минерална вода е, од јаглерод моноксид се задушиле, порано имаше предупредувачка табла али сега ја немало, и не е прв пат ова да се случи