Мора претпазливост за бомбиве. Како да бидеме сигурни дека некој нема да го оствари тоа што го пишува. Никако лабаво со ваа тема. Институциите итно нека најдат кој се заканува и кои му се намерите.Исто така не верувам дека ученик би го создавал овој хаос.
МВР се покажаа како апсолутно неспособни. Во Македонија да не можеш да најдеш некој, во време кога се' се снима и следи? Ами како наоѓаат криминалци во држави со по 10, 20, 50, 100, 500 милиони луѓе? Колку кварт во ЊуЈорк сме
https://republika.mk/vesti/skopje/k...anuvachkata-poraka-ispratena-do-uchilishtata/ Зарем мислите дека деца ќе се за**аваат четири дена и нема да можат да ги откријат Прочитајте ја содржината на пораката и кажете ми дали оваа деца би го пишувале на зезанција за да немаат испрашување?? Па и во другите екс ју држави имаше слични дојави од истата платформа Протон. Во Србија на крајот излезе дека од странство биле испраќани, а кај нас уште веруваат дека учесниците од досада ги испраќаат.. Бидете малку сериозни , читајте што пишува низ медиумите, сериозна е работата (иако неверувам дека ќе има навистина, бидејќи најверојатно друга им е целта) https://4news.mk/otkrieno-od-kade-se-isprateni-zakanite-za-bombi-vo-srbija/
Протон е меил провајдер на швајцарска фирма и баш деца би го користеле, зашто швајцарците имаат некој закон поради кој не мора да издаваат лични податоци на нивни клиенти. Комбинирај со VPN софтвер за да користиш IP адреса од било каде во светот и можеш да се заебаваш колку сакаш. Ама за сериозни институции тоа не треба да е пречка зашто има начини, а МВР не се толку неспособни колку што таму ресурсите се користат за лични интереси на партиите на власт, наместо безбедноста на децата, а и сите нас. Баш сега треба да направат пример од вакви мочковци, ама нема знаете зошто? Затоа што децата на политичарите се сите во странство. Кога би биле и они загрозени можеби ќе мрднат со газовите за озбилно. Првиот ден кога имаше дојави во осум училишта, секаде беше објавено дека само од пет се евакуирани ученици. Се кладам дека и меиловите не ги отвариле одговорните од останатите три, ако воопшто знаат што е е-пошта. А ако некој стварно намислил да направи терор ќе го направи без дојави
Па неверувам дека баш деца ќе прават вакви работи и тоа баш во неколку држави редоследно. А и да беше толку лесно, барем во Србија ќе ги откриеја за брзо време и немаше толку долго да сејат страв меѓу луѓето .. Знам дека не им е вистинската намера да направат терор, туку целта е повеќе да влијаат на психата на луѓето. Нашиве незнам дали и ќе откријат, може и ќе препишат од комшиите и онака се е исполитизирано во секоја институција па и стручноста е знак прашалник .. Инаку имаше дека во некои училишта ни мејловите не ги отвориле, а полицијата реагирала бидејќи во пораките биле наведени и другите примачи.
Руска тактика. Ојте уште еднаш пофалете го Путин, колку е 'Добар Лидер' Дур не свирни навистина некоја бомба... не дај Боже! Да испогинат деца, па да се сликаме сите пред гробишта!
Се случува за жал, само што народот од овој немил настан пробува да направи циркуз (со намера го згазила хихи ). Гадни се коментарите на социјалните мрежи под објавата.Толку им сече.
Денеска изгледа повторно имаше дојава за бомба, кога поминував покрај ЈБТ ја затвораа улицата и учениците и персоналот ја напуштаа зградата под полициска придружба. До кога ова лудило?! Ќе им ја направат пак онлајн наставата…
А ги губат сите часови во денот втора смена? Не е еден ден, што ќе прават со толку изгубени денови, до сега мислам 5 работни дена се изгубени.
Ќе речат да важи за сите онлајн да нема љутки . Ама сериозно, цело време дојави и бомби и да не се најде кој е зад тоа. Не верувам.
Читам за судењето за ракометарот Тое. Обвинетиве се бранат на секој можен начин. Го обвинуваат ракометарот дека пијан ги "напаѓал" девојчињата и Клементина. Дај боже да грешам ама овие повише од 5 години нема да лежат. Ќе испадне дека не сакале да го убијат.Гнаси.
https://sitel.com.mk/strumichanec-dvapati-ja-siluval-svojata-maloletna-devojka Кој ви е проблемот у главата бе? Кој? Стварно не разбирам.НЕЌЕ да има односи значи дека НЕЌЕ, НЕ САКА.Шо не е јасно? НЕ значи НЕ.И крај на муабетот.Да ти се пљукам у психопатите ретардирани
Проблемот е што женското НЕ значи ДА! Некој ги учи дека упорноста се исплати. Само во вакви ситуации самите не се способни да распознаат граници, НЕ значи НЕ и точка.
Добри 70 % од генерациите на таа возраст, кои се израснати од родители генерациски од 70-75та се така научени. Не може да ја силува ако му е девојка/жена. Се сеќавам кога падна оваа тема на муабет кога имаше ваква случка меѓу сопружници, повеќето ја имаа таа реакција- Како може да ја силува коа му е жена? По дифолт ако сте во врска или брак, мора да се согласува нели .