Ама како знаеш дека ако застрела некој некого, дека било со намера да убие? Може само сакал да го повреди. Не се умира од секој куршум.
Хахах тргаат од тоа дека така мора да умре, а вака не мора Демек пиштол е појако од ќутек Као да ви кажам.. Јас сум исто особа со напади на бес. Мислам сте го сфатиле тоа, ама јас се гасам скроз. Знаете колку пати си викам ,, (името) немооој, ќе го/ја лежиш, боље издери се, удри у празно или удри еднаш/два пати и иди си” Пошо ја сум свесна дека ако се препуштам на жутата минута, дека може црна да стане. Ама они изгледа не. И мене некој ако ме изнервира ептен би го удрила, ама пошто сум свесна шо можам да напраам и како може да резултира, сама се тргам. Ама не сите имаст свест
Да имало нешто човечно во нив, во моментот кога гледаат дека тој паѓа на земја и не реагира ќе престанеле, а после тоа ќе повикале и брза помош. Одма се познава човек што ќе направи се за да спаси некој кој е повреден, а кој го напушта местото на злосторот. Се се гледа на снимка, ова треба све брзопотезно да заврши.
Клоца у глава на онесвестен човек е пострашно од куршум во рака ама океј. Очекувам и за силувања да почнат вака, дека може немал намера да ја силува, му се дигнал и јбг, у афект. Уствари да, се дешава и тоа веќе.
Битер, тие правници за претепаната и силуваната девојка од Велес велеа дека НЕМА ПРОСТОР ЗА ОБВИНЕНИЕ. Плус девојката одма после настанот со родителите отиде во станица, со преглед со све беше докажано. Како да верувам на правник кој на цврсти докази кажал дека нема за што да му се суди???
Јас сум. И не знам како за државава каде тешки криминалци се шетаат на слобода тврдите дека изјави од правници се оБјЕкТиВнИ.
Абе на правник тоа му е работа, да си го заштити обвинетиот. Нема што да се лутиме на правниците. Ама затоа тие што носат одлука, треба да ја донесат правилно. Овде има снимка, каде убаво се гледа све. Се начукале и предрогирале, се исклучиле, го утепале од ќотек во буквална смисла на зборот и си отишле. Нека немале умисла, ама исходот е тој, плус непружање на прва помош. И те како имаат материјал за солидно да ги осудат.
Излишно е да се коментира, го убија човекот Се има на камерите, како нема докази? доживотен затвор треба за нив а не жал им било. Не им беше жал кога до смрт го истепаа??
Го имам апсолутно истиот став и професионално и приватно земајќи ги во превид законите и доказите за овој случај.
Поради ваквите како тебе се дешават разни тепачки. Пази била она навредувана,( патем од кај знаеш?) и заради тоа маваше по него иако знаеше дека е без свест. Дали знаеш каква порака праќаш на народот?
Кој тоа кажува дека била понижувана? Тот го нема да каже како било, нормално дека другарчињата на Клементина ќе ја бранат, па и самата ќе се правда дека била навредувана со зборот курвице мала... Не можеш да тврдиш дека била навредувана, па и уште цела вечер еј, многу си пристрасна во случајов, хм. Ете и да и рекол курвице, ако земеме да убиваме луѓе при прва навреда, ќе бевме убијци на стотици луѓе, ама не одат работите така. И дебела ме нарекувале и дека не сум некоја убава и јака женска, ама будала јас што не им ја закачив штиклата во глава. И не бери гајле, нема зима за убијциве со нашето судство, ќе ги пуштат надвор, како и стотици други убијци
Не пишав дека не се случило убиство при тепачка, пишав дека нема дело кое се обидува да го протурка јавното обвинителство убиство со умисла за кое не постојат никакви докази, штом не можат да го докажат делото за кое ги товарат или не го преквалификуваја делото до сега треба да бидат пуштени на слобода.
Многу ме интересира како се докажува дека било кое дело е со умисла? Му пикаат наноробот на убиецот у мозок да прочепка дали имал мисла - ќе го убијам?
Кога ќе размислам, за мене убиство со умисла е планирано/со намера. Овие ниту мислеле ниту мозокот бил воопшто уклучен.