Да за тепачка со смртни последици, но со оглед што обвинителството излезе со друго дело кое не го докажа треба да бидат ослободени.
Може државата и го доделил тој адвокат ,а може и да имаат нејзините пари .Не можеме да знаеме дали родителите се гадат од неа,може и да ја бранат .Нека си одговара за убиството ,глупи се муабетите за дете во дом и за одење во клубови .
Ме плаши ситуацијава. Некој комотно може да ме претепа на улица ама само пошто не планирал однапред, ќе си шета на слобода а јас ќе живеам во страв.
Не е тој петти тој е четврти кој планирал да си оди со нив бидејќи Тот отпаднал поради претходните случувања.
Ослободени за убиство со умисла но не и за убиство во афект или ватевер? Не може да ги ослободат, тоа е лудило. За некакво убиство треба да одговараат, термините не им ги знам.
Сега читам допири на тело ..Па колку само манијаци глупи ме нарекле курва,пробале да ме допрат па не сум ги шутирала во глава .Ако не е психички добра тоа ќе биде олеснување,помала казна . (во скоро цел свет е така)
Те читам и не можам да се воздржам да не те цитирам. Значи Тот бил влезен во такси возилото пред Климентина и Анџело. Зошто воопшто заедно излегле од клубот ако претходно тој ги напаѓал вербално? Зошто ако ја навредувал и допирал Климентина, таа не заминала порано? Зошто не возвратила со физички напад во клубот туку откако Анџело го удри? Дали може да се товарат за непружање на помош?
Не ми е логично. Или судија ги ослободува за убиство со умисла но ги казнува за друго казниво дело, или се почнува нова постапка. Свашта, дива држава
Тот им се припратувал следејќи ја Клементина затоа заедно излегле а покрај тоа влегол и во такси возилото по што настанало се. Не може да се товарат бидејќи пружиле помош и барале некој да викни ИМП